1 00:01:25,085 --> 00:01:32,092 ПОЗЛАТЕНАТА ЕРА 2 00:01:42,060 --> 00:01:44,396 Навистина ми е мило што пак сме во Њупорт. 3 00:01:45,314 --> 00:01:49,192 Застанувањево е дел од твоето изненадување? -Да. 4 00:01:49,860 --> 00:01:53,280 Само тоа имаш да кажеш? - Овде, Џејмс. 5 00:01:54,031 --> 00:01:56,450 Ќе имам многу повеќе да кажам за миг. 6 00:01:58,577 --> 00:02:00,203 Госпоѓице Скот. 7 00:02:02,247 --> 00:02:05,000 Што мислиш за соседството? - Изгледа убаво. 8 00:02:06,543 --> 00:02:07,753 А за куќата? 9 00:02:08,712 --> 00:02:10,297 Прекрасна е. 10 00:02:12,716 --> 00:02:16,178 Чекај, Вилијам, чија е куќава? - Наша. 11 00:02:16,928 --> 00:02:18,305 Што? 12 00:02:18,430 --> 00:02:20,182 Мој свадбен подарок за тебе. 13 00:02:22,184 --> 00:02:24,519 Си купил куќа? - Да. 14 00:02:25,520 --> 00:02:26,980 Што мислиш? 15 00:02:27,105 --> 00:02:32,069 Па, јас... не знам што да кажам. 16 00:02:32,194 --> 00:02:37,407 Не е премногу блиску до моите. Но сепак е во Њупорт, па ништо не е далеку. 17 00:02:37,532 --> 00:02:40,994 Може да доаѓаме лете и кога си со Ќерките на пријателството. 18 00:02:41,119 --> 00:02:44,706 А братучетка ти Атена е веднаш зад аголот. 19 00:02:48,752 --> 00:02:49,795 Те молам, кажи нешто. 20 00:02:58,720 --> 00:03:01,640 Наскоро ќе бидеме во брак. - Не доволно наскоро за мене. 21 00:03:05,769 --> 00:03:07,771 Покажи ми ја нашата куќа. 22 00:03:23,662 --> 00:03:25,455 Навистина добро напредува. 23 00:03:26,623 --> 00:03:28,041 Се молам неговата грешка 24 00:03:28,166 --> 00:03:31,962 со новинарката од Лејдис Хоум Џурнал да не завршила во статијата. 25 00:03:32,087 --> 00:03:34,589 Мора да тргнеме пред да ги достават весниците? 26 00:03:34,715 --> 00:03:37,175 Ќе купиме на станицата. - Аурора ќе има примерок. 27 00:03:37,300 --> 00:03:40,679 Кочијата е натоварена, ако сакате да тргнете. 28 00:03:47,310 --> 00:03:48,645 Благодарам, Банистер. 29 00:03:50,147 --> 00:03:53,066 Ве молам поздравете ја г-ца Скот од целиот персонал. 30 00:03:53,191 --> 00:03:55,152 Или треба да кажам г-ѓа Киркланд? 31 00:03:55,277 --> 00:03:58,155 Сѐ уште не е госпоѓа Киркланд, но сигурно ќе ѝ пренесам. 32 00:03:58,280 --> 00:03:59,489 Зошто го велиш тоа? 33 00:03:59,614 --> 00:04:01,491 Постои шанса да нема свадба? 34 00:04:01,616 --> 00:04:04,202 Ќе патуваме до Њупорт за ништо? 35 00:04:04,327 --> 00:04:06,747 Не мислев ништо со тоа. - Никогаш не се знае. 36 00:04:06,872 --> 00:04:10,542 Во оваа куќа свршувачки се склучуваат и раскинуваат со мало предупредување. 37 00:04:11,293 --> 00:04:14,004 Ти благодарам, Агнес. А сега да тргнеме. 38 00:04:37,778 --> 00:04:39,112 Не! 39 00:04:46,119 --> 00:04:48,580 Џорџ! Џорџ! 40 00:04:50,499 --> 00:04:52,918 Да? Да? 41 00:04:53,043 --> 00:04:55,837 Викаше во сон. Сигурно те слушна целата куќа. 42 00:04:58,340 --> 00:05:00,842 Си се препотил. Ќе го викнам докторот. 43 00:05:00,967 --> 00:05:01,968 Не. 44 00:05:03,094 --> 00:05:04,095 Не сум болен. 45 00:05:05,555 --> 00:05:07,891 Мора да имаш температура. - Добро сум! 46 00:05:17,067 --> 00:05:18,068 Што правиш? 47 00:05:20,403 --> 00:05:22,781 Ќе го викнам слугата. - Но ти треба одмор. 48 00:05:22,906 --> 00:05:23,907 Не изгледаш добро. 49 00:05:24,616 --> 00:05:27,702 Да појдеме порано во Њупорт? Морскиот воздух ќе ти годи. 50 00:05:27,828 --> 00:05:31,122 Единственото нешто што ме мачи е мојата работа. 51 00:05:31,998 --> 00:05:33,166 Не можам да ја запоставам 52 00:05:33,291 --> 00:05:35,418 само зашто мислиш дека сум блед. 53 00:05:36,294 --> 00:05:38,088 Морам да го средам ова со Рокфелер 54 00:05:38,213 --> 00:05:39,714 инаку компанијата ќе пропадне. 55 00:05:39,840 --> 00:05:42,259 Во моментов немам никаква предност. 56 00:05:44,344 --> 00:05:45,971 Можам да направам нешто? 57 00:05:47,013 --> 00:05:49,432 Се сомневам. - И претходно сум ти помагала. 58 00:05:49,558 --> 00:05:51,852 Можам да ѝ пишам на жена му, да ги поканам на вечера. 59 00:05:51,977 --> 00:05:55,021 Покана за вечера нема да го натера да се премисли. 60 00:05:55,647 --> 00:05:56,648 Барем не овој пат. 61 00:05:59,150 --> 00:06:00,652 Тој ја има целата моќ. 62 00:06:02,779 --> 00:06:06,032 Не можам ни упориште да најдам. - Никој ја нема сета моќ во секој миг. 63 00:06:06,157 --> 00:06:09,703 Можеби. Но сега ја има. 64 00:06:11,037 --> 00:06:12,455 И тоа оди против мене. 65 00:06:16,209 --> 00:06:17,335 Што е? 66 00:06:17,460 --> 00:06:18,587 Сѐ. 67 00:06:22,340 --> 00:06:23,717 Сѐ оди наопаку. 68 00:06:32,726 --> 00:06:35,896 Токму таму, те молам. Не, малку полево. 69 00:06:36,563 --> 00:06:39,024 Моето лево. - Сакаш да пробаш? 70 00:06:43,695 --> 00:06:44,821 Прекрасно е. 71 00:06:44,946 --> 00:06:48,575 Би можеле да го служиме како препознатлив коктел на салонот. 72 00:06:48,700 --> 00:06:50,869 Ми се допаѓа. 73 00:06:50,994 --> 00:06:54,080 Нешто што ќе ја направи вечерта уште понезаборавна за гостите. 74 00:06:54,205 --> 00:06:56,416 И таа софа треба да оди. Грозна е. 75 00:06:56,541 --> 00:06:58,668 Да. И ни треба што повеќе простор. 76 00:06:58,793 --> 00:07:02,505 Г. Чејс го покани својот штитеник да ги изложи и своите дела. 77 00:07:02,631 --> 00:07:05,926 Нивните слики не смеат да изгледаат натрупано, а ни нашите гости. 78 00:07:06,051 --> 00:07:07,093 Апсолутно. 79 00:07:07,218 --> 00:07:11,556 Беспрекорните стандарди се суштински за секоја госпоѓа ван Рајн. 80 00:07:11,681 --> 00:07:14,142 Мајка ти е совршена домаќинка, 81 00:07:14,267 --> 00:07:16,978 без оглед на тоа што има да каже Лејдис Хоум Џурнал. 82 00:07:17,103 --> 00:07:19,689 И планирам да ја продолжам таа традиција. 83 00:07:19,814 --> 00:07:21,691 Не дека ја поканивме. 84 00:07:21,816 --> 00:07:25,737 Ако салонов го достигне целиот потенцијал, семејството ќе ги пожнее придобивките. 85 00:07:25,862 --> 00:07:29,699 Таа и онака нема да сака да дојде. Ова не е нејзино друштво. 86 00:07:29,824 --> 00:07:32,118 Ја поканив госпоѓа Фиш. 87 00:07:32,243 --> 00:07:33,787 Таа обожава да озборува. 88 00:07:33,912 --> 00:07:37,082 Со нејзините муабети ќе создадеме завист кај тие што не се поканети. 89 00:07:37,791 --> 00:07:40,543 Таа ќе биде жива реклама 90 00:07:40,669 --> 00:07:44,089 за новото и необично општество што сакаме да го создадеме. 91 00:07:46,049 --> 00:07:48,385 Да ѝ понудиме некаков надомест? 92 00:07:48,510 --> 00:07:51,888 Ако го направиме ова како што треба, таа ќе сака нам да ни плати. 93 00:07:54,474 --> 00:07:58,770 “ЛЕЈДИС ХОУМ ЏУРНАЛ“ КАКО ДА УГОСТИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ 94 00:08:00,271 --> 00:08:03,441 Мислев ќе бидеш на работа. - Дојдов само да земам некои документи. 95 00:08:03,566 --> 00:08:06,486 Си имам свои состаноци. - Сакам да внимаваш на татко ти. 96 00:08:06,611 --> 00:08:08,905 Да бидеш повеќе време во канцеларијата. Не му е добро. 97 00:08:09,030 --> 00:08:11,825 Ќе се погрижам да го прегледа доктор. 98 00:08:11,950 --> 00:08:15,787 Па, дење-ноќе работи. Тоа сигурно си го зема данокот. 99 00:08:17,247 --> 00:08:18,790 Навистина е бизнисот во опасност? 100 00:08:19,791 --> 00:08:22,877 Колку што сфаќам, работите не се толку добри како што сме навикнале. 101 00:08:23,003 --> 00:08:24,546 Но сѐ е под контрола. 102 00:08:24,671 --> 00:08:26,798 И нема надеж за компромис со г. Рокфелер? 103 00:08:26,923 --> 00:08:28,216 Не гледаат исто на работите. 104 00:08:28,341 --> 00:08:30,927 И мислиме дека уште проблеми ги чекаат и двајцата. 105 00:08:31,052 --> 00:08:35,056 Луѓето велат дека претседателот Кливленд е наклонет кон законите против монополите. 106 00:08:35,181 --> 00:08:38,643 Сака да ги разбие железничките компании? - И Стандард Оил. 107 00:08:38,768 --> 00:08:42,230 Според тоа што го слушам, нема високо мислење за г. Рокфелер. 108 00:08:42,355 --> 00:08:44,482 Но сѐ уште не го познава татко ти. 109 00:08:44,607 --> 00:08:47,152 Поканет си на вечерата што ја организира г-ѓа ван Рајн? 110 00:08:47,277 --> 00:08:48,278 Не. 111 00:08:48,403 --> 00:08:51,156 Мислев дека со г-ца Брук се разделивте како пријатели. 112 00:08:51,281 --> 00:08:53,158 Веќе не знам што сме. 113 00:08:53,283 --> 00:08:56,202 Вечерата може да биде шанса за татко ти и за бизнисот. 114 00:08:56,828 --> 00:09:01,624 Јас и г-ца Брук веќе не зборуваме, па не сметај на покана. 115 00:09:11,259 --> 00:09:12,594 КОНСОЛИДИРАН ТРУСТ РАСЕЛ 116 00:09:23,980 --> 00:09:24,981 Џорџ? 117 00:09:25,774 --> 00:09:28,485 Што правиш тука? - Го доведов докторот. 118 00:09:28,610 --> 00:09:30,820 Немам време за оваа бесмислица. - Па најди време. 119 00:09:30,945 --> 00:09:32,864 Д-р Логан е тука и сакам да те прегледа. 120 00:09:32,989 --> 00:09:34,449 Берта... - Ме замоли да ти помогнам. 121 00:09:34,574 --> 00:09:37,202 Не сум дете. Не ми треба доктор. 122 00:09:37,327 --> 00:09:39,287 Се разбуди целосно испотен. 123 00:09:39,412 --> 00:09:41,081 Нешто не е во ред. 124 00:09:41,206 --> 00:09:43,750 За малку еднаш те изгубив и не сакам пак да ризикувам. 125 00:09:43,875 --> 00:09:45,585 Ти велам, сосема сум добро. 126 00:09:45,710 --> 00:09:47,629 Тогаш нема од што да се плашиш. 127 00:09:50,840 --> 00:09:52,842 Изгледа одлично закрепнавте. 128 00:09:53,384 --> 00:09:56,638 Способноста на телото само да се обновува... 129 00:09:56,763 --> 00:09:58,681 Тоа е вистинско чудо. 130 00:09:58,807 --> 00:10:00,350 Многу сум благодарен за тоа. 131 00:10:00,475 --> 00:10:02,602 Требаше да ве видам порано. 132 00:10:02,727 --> 00:10:05,897 Шест месеци е долг период без лекарска посета. 133 00:10:06,439 --> 00:10:09,400 Немав никакви компликации, па немаше потреба. 134 00:10:10,151 --> 00:10:13,988 А лауданумот помагаше за болките? 135 00:10:14,114 --> 00:10:15,115 Да. 136 00:10:16,032 --> 00:10:20,286 Но сега веќе не го земате? - Не. Немам болки. 137 00:10:20,411 --> 00:10:22,914 Бидејќи може да биде доста опасен. 138 00:10:23,039 --> 00:10:26,626 Луѓето можат многу да се навикнат на него ако не се внимателни. 139 00:10:27,293 --> 00:10:30,213 Како што реков, веќе не го користам. 140 00:10:32,006 --> 00:10:33,675 Мило ми е што го слушам тоа. 141 00:10:33,800 --> 00:10:36,094 Сигурно имате многу пациенти на кои им требате. 142 00:10:36,219 --> 00:10:38,888 Ќе ве оставам, г. Расел. - Ви благодарам, д-р Логан. 143 00:10:39,013 --> 00:10:41,516 Каква е прогнозата? - Добро сум. 144 00:10:42,600 --> 00:10:43,768 Не мора да се грижиш. 145 00:10:44,477 --> 00:10:45,687 Добро е. 146 00:10:47,063 --> 00:10:48,148 Пријатен ден. 147 00:10:59,701 --> 00:11:02,829 Машината за мешање работи со кој било од достапните мотори, 148 00:11:02,954 --> 00:11:04,706 на вода, со пружина, со тегови. 149 00:11:04,831 --> 00:11:07,125 Но, секако, електричниот е најпосакуван. 150 00:11:07,625 --> 00:11:09,377 Звучи фантастично. 151 00:11:09,502 --> 00:11:11,796 Жал ми е што овој пат не можам повеќе да се вклучам. 152 00:11:11,921 --> 00:11:14,799 Беше премногу со сѐ што ми е на товар. 153 00:11:14,924 --> 00:11:16,634 Но се гордеам со тебе, Џек. 154 00:11:16,759 --> 00:11:19,596 Овие порано ми беа голем проблем, но сега ми се допаѓаат. 155 00:11:20,555 --> 00:11:22,473 Си станал вистински господин. 156 00:11:22,599 --> 00:11:24,851 Така и треба да биде. - Тешко. 157 00:11:24,976 --> 00:11:26,477 Можам секој ден да читам весник 158 00:11:26,603 --> 00:11:29,147 и да јадам артичока, но нема да бидам како тебе. 159 00:11:29,272 --> 00:11:32,525 Има нешто во начинот на кој се носиш. - Само ти треба самодоверба. 160 00:11:32,650 --> 00:11:36,029 Нема да чувствуваш дека припаѓаш сѐ додека не почувствуваш дека припаѓаш. 161 00:11:36,154 --> 00:11:38,406 Ќе се случи тоа некогаш? - Мислам да. 162 00:11:38,531 --> 00:11:40,241 Но се надевам не ти е сѐ само работа. 163 00:11:40,366 --> 00:11:42,452 Ти се допаѓа новиот дом? 164 00:11:42,577 --> 00:11:44,704 Има многу соби. 165 00:11:44,829 --> 00:11:47,040 И улицата е убава. Мирна е. 166 00:11:47,165 --> 00:11:49,459 Се гледаш со некоја? 167 00:11:51,336 --> 00:11:52,503 Не баш. 168 00:11:54,631 --> 00:11:57,842 Знаеш, новата сопруга на Оскар ќе отвори салон 169 00:11:57,967 --> 00:12:00,220 за уметници, писатели и слични луѓе. 170 00:12:00,345 --> 00:12:03,348 Совршено место да ги впиеш нематеријалните страни на парите, 171 00:12:03,473 --> 00:12:05,516 а дел од тоа е и да уживаш во нив. 172 00:12:05,642 --> 00:12:06,643 Биди мој гостин. 173 00:12:06,768 --> 00:12:09,687 Не сум сигурен дека на г-ѓа ван Рајн ќе ѝ биде мило моето присуство. 174 00:12:09,812 --> 00:12:11,773 А и некогаш му бев лакеј на маж ѝ. 175 00:12:11,898 --> 00:12:13,691 А таа ѝ беше собарка на мајка ми. 176 00:12:13,816 --> 00:12:16,861 Верувам дека им се допаѓаат луѓе кои сами се издигнале. 177 00:12:22,951 --> 00:12:27,080 Сега кога ја завршивме здодевната расправа за добротворната акција, 178 00:12:27,205 --> 00:12:29,874 можеме да преминеме на најважниот дел од состанокот. 179 00:12:29,999 --> 00:12:32,085 Озборувањето. - Мејми. 180 00:12:32,210 --> 00:12:35,255 Го носеше со себе? - Навистина е многу забавно. 181 00:12:35,380 --> 00:12:37,632 На сметка на госпоѓа ван Рајн. 182 00:12:37,757 --> 00:12:41,469 Пишува дека нејзиниот дом е шармантен и старомоден. 183 00:12:41,594 --> 00:12:42,595 Се согласувам. 184 00:12:42,720 --> 00:12:46,266 Тоа сугерира дека и таа е старомодна и не е спремна да биде современа домаќинка. 185 00:12:46,391 --> 00:12:47,934 А од г-ѓа Фостер слушнав 186 00:12:48,059 --> 00:12:50,395 дека има итен состанок на Друштвото за наследство 187 00:12:50,520 --> 00:12:52,939 без госпоѓа ван Рајн. 188 00:12:53,064 --> 00:12:55,233 Што ќе одлучат? - Не знам. 189 00:12:55,358 --> 00:12:58,528 Но ништо од ова не навестува добро за нејзината претседателска вечера. 190 00:12:58,653 --> 00:13:00,822 Избра лошо време за патување во Њупорт. 191 00:13:00,947 --> 00:13:05,243 Навистина ми е жал за Агнес. Ова требаше да биде нејзиното триумфално враќање. 192 00:13:05,368 --> 00:13:07,704 Повеќе личи на некролог. 193 00:13:09,372 --> 00:13:11,833 Штета што весникот не излезе синоќа, 194 00:13:11,958 --> 00:13:14,085 за да зборуваме за него кај Голетови. 195 00:13:14,210 --> 00:13:15,503 Тоа немаше да биде љубезно. 196 00:13:15,628 --> 00:13:18,089 Малку нељубезност му дава зачин на секој свечен ручек. 197 00:13:18,214 --> 00:13:20,383 Сѐ додека ти не си метата. 198 00:13:21,175 --> 00:13:25,221 Толку ми беше мило што те видов синоќа. - И пак без г. Расел. 199 00:13:25,346 --> 00:13:26,472 Има многу обврски. 200 00:13:26,597 --> 00:13:27,724 Ќе ги среди работите, 201 00:13:27,849 --> 00:13:29,642 но засега нема ни малку време за себе. 202 00:13:29,767 --> 00:13:32,562 Да не е тоа поради неговата расправија со г. Рокфелер? 203 00:13:34,022 --> 00:13:36,024 Штета што не ја познаваш жена му. 204 00:13:36,149 --> 00:13:39,319 Малку е побожна, но можеби ќе можеше да помогне. 205 00:13:40,820 --> 00:13:43,406 Па, треба да тргнувам. 206 00:13:43,531 --> 00:13:46,451 Има една шапка во “Блумингдејлс“ што ме вика. 207 00:13:46,576 --> 00:13:49,120 Имам намера да ја носам во салонот. - Каков салон? 208 00:13:53,750 --> 00:13:55,543 Можеби кажав отповеќе. 209 00:13:57,253 --> 00:13:58,421 Треба да одам. 210 00:14:01,174 --> 00:14:04,177 Што беше тоа? - Тоа е едноставно Мејми. 211 00:14:04,302 --> 00:14:07,055 Секогаш почнува проблеми и озборувања. 212 00:14:08,306 --> 00:14:11,851 Знаеш, ако навистина сакаш да ја запознаеш г-ѓа Рокфелер, 213 00:14:12,560 --> 00:14:14,687 следниот месец организира добротворна акција. 214 00:14:14,812 --> 00:14:17,815 Нејзиното семејство основало колеџ за млади обоени жени, 215 00:14:17,940 --> 00:14:19,567 колеџот Спелман. 216 00:14:20,318 --> 00:14:24,405 Донирај. Тоа треба да ти обезбеди шанса да зборуваш со неа. 217 00:14:25,198 --> 00:14:28,868 Па, кога веќе си расположена да помагаш, да те прашам. 218 00:14:30,119 --> 00:14:32,789 Ќе сакаш да ѝ пишеш на г-ѓа Фостер во мое име? 219 00:14:37,210 --> 00:14:38,711 Кажи ни за твојот нов додворувач. 220 00:14:38,836 --> 00:14:42,382 Љубезен е, духовит и многу внимателен. 221 00:14:42,507 --> 00:14:43,925 Сосема поинаков од Чарлс. 222 00:14:45,635 --> 00:14:49,097 Едвај чекам да му го запознам семејството утре во Бостон. 223 00:14:49,222 --> 00:14:51,849 Штета што не можам да одам на свадбата на г-ца Скот. 224 00:14:51,974 --> 00:14:55,853 Извини. Каде е тој весник, душо? Ќе го донесам додека разговарате. 225 00:14:56,979 --> 00:14:59,732 Патувањето со воз беше долго. Нема малку да се одмориш? 226 00:14:59,857 --> 00:15:01,442 Можеби прво да каснеме нешто? 227 00:15:01,567 --> 00:15:03,569 Умирам од глад. - Да. 228 00:15:05,238 --> 00:15:06,781 Сите само одолговлекувате. 229 00:15:08,324 --> 00:15:09,492 Зошто? 230 00:15:10,701 --> 00:15:11,994 Не е љубезно. 231 00:15:15,248 --> 00:15:17,542 Но весниците никогаш не пренесуваат како што треба. 232 00:15:30,054 --> 00:15:32,306 Што е оваа бесмислица? 233 00:15:34,475 --> 00:15:37,478 Упропастена сум. Повторно. 234 00:15:37,603 --> 00:15:41,149 Мериен, прочитај за убиството на мојот углед. 235 00:15:42,108 --> 00:15:45,528 “Јасно е дека г-ѓа ван Рајн никогаш не организирала вечера 236 00:15:45,653 --> 00:15:49,615 за локален пратеник, а камоли за претседателот на Соединетите Држави. 237 00:15:49,740 --> 00:15:52,535 Но иако нејзиното општествено искуство е ограничено, 238 00:15:52,660 --> 00:15:56,330 таа ужива добар углед во Друштвото за наследство.“ 239 00:15:56,456 --> 00:15:57,457 Тоа е барем нешто. 240 00:15:57,582 --> 00:16:01,752 “Револуционерниот дух е жив и здрав на 61-та улица. 241 00:16:03,379 --> 00:16:07,884 Нејзината критика за чаршавот на кралицата предизвикува загриженост.“ 242 00:16:08,759 --> 00:16:10,803 Зошто си ја критикувала кралицата на Англија? 243 00:16:10,928 --> 00:16:13,097 Па, нели сме Американци? 244 00:16:13,806 --> 00:16:16,350 Освен тоа, ми ги извртела зборовите. 245 00:16:17,018 --> 00:16:19,854 Мислев дека Лејдис Хоум Џурнал е угледен весник. 246 00:16:19,979 --> 00:16:21,731 Воопшто не требаше да давам интервју. 247 00:16:21,856 --> 00:16:24,317 Им се додворуваат само на најниските вкусови. 248 00:16:25,818 --> 00:16:29,071 Но ѝ се допаднаа новите завеси. - Токму така. 249 00:16:30,281 --> 00:16:34,702 Штотуку забележав дека твојата статија е веднаш до една со наслов 250 00:16:34,827 --> 00:16:36,954 “Како да се облекувате убаво и евтино.“ 251 00:16:37,079 --> 00:16:38,873 Доста беше. 252 00:16:38,998 --> 00:16:42,752 Ова ќе биде најблескавата претседателска вечера во историјата. 253 00:16:42,877 --> 00:16:46,088 Ќе се погрижам за тоа. А одмаздата ќе биде моја. 254 00:16:46,214 --> 00:16:47,882 Да му ја препуштиме одмаздата на Бога? 255 00:16:48,007 --> 00:16:51,469 Не ако сакаме да биде како што треба. Чинам Бог често е премногу попустлив. 256 00:16:51,594 --> 00:16:55,848 Агнес, тоа е богохулие. - Не. Оваа статија е богохулие! 257 00:16:55,973 --> 00:16:57,600 И ќе биде побиена. 258 00:17:02,563 --> 00:17:05,900 Г-ѓо Фостер, благодарам што дојдовте за толку кратко време. 259 00:17:06,025 --> 00:17:08,444 Прашањето ми изгледаше итно. - Да. 260 00:17:08,569 --> 00:17:10,738 Ѝ благодарам на г-ѓа Астор што ми пиша. 261 00:17:10,863 --> 00:17:13,241 Штета што не се сретнавме во операта онаа вечер. 262 00:17:13,366 --> 00:17:17,870 Навистина сум импресионирана од тоа што го постигнавте во Метрополитен. 263 00:17:17,995 --> 00:17:19,747 Мора да дојдете на “Аида“ со сопругот. 264 00:17:19,872 --> 00:17:22,458 Тоа ќе биде првото појавување на новиот тенор, хер Зобел. 265 00:17:22,583 --> 00:17:26,295 Тоа е многу љубезно. Веднаш ќе си запишам во дневникот. 266 00:17:29,715 --> 00:17:30,967 Дали е во ред да кажам 267 00:17:31,092 --> 00:17:33,052 дека ми беше жал кога ја прочитав статијата? 268 00:17:33,177 --> 00:17:34,220 Оф, леле. 269 00:17:34,345 --> 00:17:36,138 Се надевам нема да ја расипе вечерата. 270 00:17:36,264 --> 00:17:38,349 Предизвика извесна загриженост. 271 00:17:39,016 --> 00:17:42,353 Многу се зборува за тоа. - Се молам сето тоа да стивне. 272 00:17:42,478 --> 00:17:45,856 Не сум член на Друштвото за наследство, па не ми прилега да коментирам. 273 00:17:45,982 --> 00:17:51,904 Но вие сте една од водечките личности во Њујорк и веќе не знам што да правам. 274 00:17:52,029 --> 00:17:55,199 Статијата стигна дури и до Вашингтон. 275 00:17:56,450 --> 00:18:02,123 Па, ако ми дозволите, можеби би можела да помогнам. 276 00:18:09,005 --> 00:18:11,424 Даваме донација на колеџот Спелман, 277 00:18:11,549 --> 00:18:14,468 училиште посветено на образованието на обоени жени. 278 00:18:14,594 --> 00:18:17,638 Што е ова, твоја кауза на денот? - Зборуваш нејасно. 279 00:18:17,763 --> 00:18:19,765 Колку испи? - Уморен сум. 280 00:18:20,391 --> 00:18:21,726 Објасни ми за донацијата. 281 00:18:21,851 --> 00:18:24,478 Училиштето го финансира Лора Спелман Рокфелер, 282 00:18:24,604 --> 00:18:26,814 што може да ти купи малку добра волја кај маж ѝ. 283 00:18:26,939 --> 00:18:28,316 За тоа ќе треба многу повеќе. 284 00:18:28,441 --> 00:18:31,068 Може ќе најдете заеднички јазик на вечерата што ни ја доверија 285 00:18:31,193 --> 00:18:32,862 за претседателот Кливленд. 286 00:18:35,489 --> 00:18:38,534 Мислев дека госпоѓа ван Рајн е задолжена за тоа. 287 00:18:38,659 --> 00:18:42,788 И покрај нејзиното многу истакнувано потекло, не е соодветна за задачата. 288 00:18:42,913 --> 00:18:45,541 Им требаше ново место, па го понудив нашиот дом. 289 00:18:46,083 --> 00:18:47,877 Покани го господин Рокфелер. 290 00:18:48,502 --> 00:18:51,422 Тоа е вечера на годината, со претседателот на САД 291 00:18:51,547 --> 00:18:53,716 на твоја трпеза, во нашиот дом. 292 00:18:53,841 --> 00:18:55,968 Ги поканив и Гледис и Хектор да дојдат. 293 00:18:56,927 --> 00:18:59,555 Целото наше семејство, вклучувајќи го и нашиот нов внук, 294 00:18:59,680 --> 00:19:01,265 за првпат ќе биде заедно. 295 00:19:03,601 --> 00:19:05,478 И сето ова го постигна денес? 296 00:19:06,979 --> 00:19:10,566 Би направила сѐ за нас, како што знам дека и ти би го направил. 297 00:19:28,876 --> 00:19:31,629 Навистина завршиле прекрасна работа. 298 00:19:31,754 --> 00:19:33,547 Обожавам колку бршлен има. 299 00:19:33,673 --> 00:19:36,300 Колку повеќе, толку подобро. Носи брачна среќа. 300 00:19:36,425 --> 00:19:38,344 Но мора да биде двоен венец. 301 00:19:38,469 --> 00:19:40,930 По еден за секој дом на Пеги. 302 00:19:41,055 --> 00:19:44,100 Не се случува секој ден маж да изненади жена со куќа. 303 00:19:44,809 --> 00:19:46,519 Тоа ветува убава иднина, братучетке. 304 00:19:46,644 --> 00:19:49,105 Но најпрво, денес, чајанката. 305 00:19:49,230 --> 00:19:53,693 Добра храна, весело расположение со двете семејства 306 00:19:53,818 --> 00:19:56,445 пред да те испратиме во брачниот живот. 307 00:19:57,780 --> 00:19:59,907 Утре во ова време 308 00:20:00,032 --> 00:20:05,287 ќе бидам госпоѓа доктор Вилијам Киркланд. 309 00:20:05,871 --> 00:20:09,125 Така е. Така е. 310 00:20:09,875 --> 00:20:11,669 Така е. 311 00:20:34,817 --> 00:20:36,569 Можеби е премногу? 312 00:20:36,694 --> 00:20:40,489 Се плашев живата уметност да не ја наруши границата меѓу вкусното и кичот. 313 00:20:40,614 --> 00:20:44,869 Јас сум одличен проценувач на такви работи, а луѓето се воодушевени, 314 00:20:44,994 --> 00:20:46,996 што не е лесно да се постигне со ова друштво. 315 00:20:54,628 --> 00:20:56,255 Речиси не знам каде да погледнам. 316 00:20:56,380 --> 00:20:58,591 Какво воведување во високото општество. 317 00:20:58,716 --> 00:21:00,509 Ќе ти кажам, не се сите забави вакви. 318 00:21:00,634 --> 00:21:03,429 Па, како да го правам ова? - Што тоа? 319 00:21:03,554 --> 00:21:05,931 Оваа забава. Што се очекува од мене? 320 00:21:06,056 --> 00:21:07,975 Опушти се и уживај. 321 00:21:08,100 --> 00:21:10,102 Ништо повеќе, ништо помалку. 322 00:21:11,979 --> 00:21:13,189 Госпоѓице Астор. 323 00:21:13,814 --> 00:21:15,649 Какво пријатно изненадување. - Г. Расел. 324 00:21:15,775 --> 00:21:17,610 Не сум те видела од операта. - Да. 325 00:21:17,735 --> 00:21:21,030 Во Чикаго сѐ беше работа, па уште се навикнувам повторно на Њујорк. 326 00:21:21,155 --> 00:21:23,157 Вредните Раселови. 327 00:21:23,282 --> 00:21:26,368 Да ве запознам со братучетка ми, г-ца Самерс. Ова е г. Расел и...? 328 00:21:27,453 --> 00:21:30,206 Господин Тротер, деловен соработник. 329 00:21:30,331 --> 00:21:32,708 Мило ми е. - И мене, господине Тротер. 330 00:21:34,210 --> 00:21:37,004 Никогаш не сум била на ваква забава. 331 00:21:37,129 --> 00:21:38,506 Коантро со мраз? 332 00:21:39,048 --> 00:21:41,675 Нов ликер. Од Франција е. 333 00:21:41,801 --> 00:21:45,095 И со мраз. Г-ѓа ван Рајн ништо не препуштила на случајот. 334 00:21:45,888 --> 00:21:48,849 Се прашувам каков вид изолатор користи нивната машина. 335 00:21:48,974 --> 00:21:49,975 Молам? 336 00:21:52,269 --> 00:21:54,355 За да имаат толку многу мраз. 337 00:21:54,480 --> 00:21:57,483 Г. Тротер е пронаоѓач. Умот постојано му работи. 338 00:21:58,108 --> 00:21:59,693 Колку интересно. 339 00:22:02,738 --> 00:22:05,616 Пробај го. - Не би можела. 340 00:22:11,872 --> 00:22:16,001 Сопругата и јас ви благодариме на сите што допатувавте од блиску и далеку 341 00:22:16,126 --> 00:22:18,879 за да го прославите соединувањето на Вилијам и Пеги. 342 00:22:19,004 --> 00:22:23,217 А еден од оние што дојдоа од многу далеку е нашата роднина, Ејва, 343 00:22:23,342 --> 00:22:27,137 која има многу посебно изненадување за невестата и младоженецот. 344 00:22:29,390 --> 00:22:32,685 Јас сум една од основачките членови на пејачите Фиск Џубили. 345 00:22:32,810 --> 00:22:35,980 И за тоа треба да ѝ се заблагодарам на мојата Дороти. 346 00:22:36,105 --> 00:22:41,026 Таа ми беше првата учителка по пијано, учителка по пеење, втора мајка. 347 00:22:41,694 --> 00:22:43,279 Затоа Пеги ми е како сестра. 348 00:22:44,071 --> 00:22:46,991 И како свадбен подарок, ги донесов Џубили со мене, 349 00:22:47,116 --> 00:22:49,910 дури од Нешвил, за да настапат на свадбата. 350 00:22:51,203 --> 00:22:54,206 Ако нѐ сакате таму. - Се разбира дека сакаме! 351 00:22:55,624 --> 00:22:57,251 Многу љубезно од вас. 352 00:22:59,587 --> 00:23:01,422 Прекрасно. 353 00:23:01,547 --> 00:23:04,300 Имаме уште еден подарок за вас. 354 00:23:10,264 --> 00:23:15,519 Пред речиси 30 години, јас и Дороти прескокнавме метла... 355 00:23:16,312 --> 00:23:18,397 бидејќи законски не можеше да се омажи за мене. 356 00:23:19,273 --> 00:23:22,568 Се разбира, имавме уште една церемонија по завршувањето на војната, 357 00:23:22,693 --> 00:23:24,236 но секогаш ја зачувавме метлата. 358 00:23:25,696 --> 00:23:29,700 И би сакале да им ја предадеме на Вилијам и Пеги за нивната свадба. 359 00:23:30,659 --> 00:23:33,329 Нека ви донесе исто толку среќа колку што ни донесе нам. 360 00:23:33,454 --> 00:23:34,663 Сигурен сум. 361 00:23:35,831 --> 00:23:39,668 Ви благодариме што ни доверувате нешто толку драгоцено. 362 00:23:39,793 --> 00:23:42,713 Многу сме трогнати што ги гледаме сите ваши лица овде. 363 00:23:42,838 --> 00:23:46,508 Со Пеги сакаме да ви заблагодариме за вашите убави желби и поддршката. 364 00:23:46,634 --> 00:23:48,761 Тоа многу ни значи. 365 00:23:53,766 --> 00:23:57,937 Некаква патувачка пејачка група што писка црнечки духовни песни. 366 00:23:58,062 --> 00:24:01,231 Не верував дека ќе видам такво нешто во вашата црква. 367 00:24:01,357 --> 00:24:04,568 Нема ни да видиш. Ниту метлата. 368 00:24:05,736 --> 00:24:07,488 Прават голема грешка. 369 00:24:12,826 --> 00:24:14,828 Вилијам, тоа е... 370 00:24:14,954 --> 00:24:16,830 Токму ова ѝ фалеше на свадбата. 371 00:24:16,956 --> 00:24:18,165 Имам многу среќа. 372 00:24:18,290 --> 00:24:19,750 Твојот младоженец уште повеќе. 373 00:24:21,293 --> 00:24:23,671 Едвај чекам да те видам како одиш до олтарот. 374 00:24:25,422 --> 00:24:26,423 Ти благодарам. 375 00:24:27,675 --> 00:24:30,427 Не сакам да тревожам, 376 00:24:30,552 --> 00:24:33,847 но твојата идна свекрва изгледа особено незадоволна 377 00:24:33,973 --> 00:24:35,391 од објавите на татко ти. 378 00:24:35,516 --> 00:24:37,267 Со таа жена никогаш нема крај. 379 00:24:37,393 --> 00:24:42,481 Белки не мислиш навистина да ги вклучиш нив и таа метла во церемонијата. 380 00:24:42,606 --> 00:24:44,274 Ова мора да биде достоинствен настан. 381 00:24:44,400 --> 00:24:47,403 Каква закана се пејачите и една метла? 382 00:24:47,528 --> 00:24:50,739 Постојат очекувања што не можеш ни да почнеш да ги разбираш. 383 00:24:50,864 --> 00:24:53,283 Може малку да ги намалиме гласовите? 384 00:24:53,409 --> 00:24:55,786 Треба насамо да разговараме за ова. 385 00:24:55,911 --> 00:24:58,789 Не сум расположена за уште дискусија. 386 00:24:58,914 --> 00:25:00,124 Забавата заврши. 387 00:25:07,297 --> 00:25:10,342 Ќе гледам да го средам ова со моите и подоцна ќе се видиме. 388 00:25:10,467 --> 00:25:11,552 Добро. 389 00:25:23,272 --> 00:25:25,065 Па, што мислиш за сликите? 390 00:25:25,190 --> 00:25:27,776 Ги обожавам, а и ме прават љубоморна. 391 00:25:28,402 --> 00:25:30,821 Секоја млада дама мора да слика акварел, 392 00:25:30,946 --> 00:25:33,490 но јас секогаш сакав да пробам маслени бои. 393 00:25:33,991 --> 00:25:36,076 Не се гледаше благонаклоно на тоа. 394 00:25:36,702 --> 00:25:38,203 Па што те спречува сега? 395 00:25:38,328 --> 00:25:39,788 Главно недостатокот на талент. 396 00:25:41,081 --> 00:25:43,250 Луѓето зборуваат за портретите на г. Чејс, 397 00:25:43,375 --> 00:25:45,919 но јас најмногу му се восхитувам на мртвата природа. 398 00:25:46,045 --> 00:25:49,882 Колкава имагинација е потребна за чинија овошје да изгледа толку извонредно. 399 00:25:50,883 --> 00:25:52,384 Но ти знаеш сѐ за тоа. 400 00:25:53,844 --> 00:25:57,306 Како стана пронаоѓач? Одеше на инженерско училиште? 401 00:25:58,307 --> 00:26:02,352 Ми требаше нешто што не постоеше. Па смислив како да го направам. 402 00:26:03,520 --> 00:26:06,523 Не верувам дека тоа е имагинација, туку само практичност. 403 00:26:06,648 --> 00:26:07,941 Се разбира дека е. 404 00:26:08,776 --> 00:26:10,486 Можеше да го оставиш така како што е. 405 00:26:10,611 --> 00:26:12,529 А создаде нешто поинакво. 406 00:26:15,783 --> 00:26:18,118 Ми беше жал кога слушнав за тебе и г-ца Брук. 407 00:26:18,243 --> 00:26:19,870 Толку си одговаравте. 408 00:26:21,038 --> 00:26:23,415 Животот е непредвидлив. 409 00:26:24,249 --> 00:26:26,293 Планираш да наддаваш за нешто вечерва? 410 00:26:26,418 --> 00:26:28,378 Со мајка ми се преправаме дека не сум тука. 411 00:26:28,504 --> 00:26:31,131 Ако донесам слика дома, ќе ја уништам измамата. 412 00:26:31,256 --> 00:26:34,927 Мислиш ќе ни недостига нивното мешање ако одеднаш престане? 413 00:26:35,052 --> 00:26:36,136 Мене не. 414 00:26:36,261 --> 00:26:38,931 Пред некој ден мајка сакаше да нѐ спои нас двајцата. 415 00:26:39,598 --> 00:26:40,641 Така ли? 416 00:26:40,766 --> 00:26:43,102 Таа има многу идеи за тоа како треба да одат работите. 417 00:26:43,227 --> 00:26:45,562 За среќа, слободни сме сами да избереме. 418 00:26:47,940 --> 00:26:51,527 Нема да дозволам некаква минстрелска дружина да настапува на свадбата. 419 00:26:51,652 --> 00:26:54,571 Хорот на Фиск пее многу од истите песни што се пеат во нашата црква. 420 00:26:54,696 --> 00:26:58,700 Ние не ги пееме нашите химни така. - Тоа е почит кон нашето наследство. 421 00:26:58,826 --> 00:27:00,702 Чие наследство поточно? 422 00:27:00,828 --> 00:27:03,247 Сака[ потсетници на мрачни времиња на ден на славење? 423 00:27:03,372 --> 00:27:06,917 Во нејзиниот аргумент нема ни ронка логика. 424 00:27:07,042 --> 00:27:10,087 Толку е загрижена оваа свадба да биде достоинствен настан. 425 00:27:10,212 --> 00:27:15,008 Тие пејачи се прекрасни, факултетски образовани млади луѓе. 426 00:27:15,134 --> 00:27:17,010 Нема да ги запре. - Се разбира дека нема. 427 00:27:17,136 --> 00:27:19,096 И сето тоа прескокнување метли, 428 00:27:19,221 --> 00:27:21,723 како обоените со години да немаа законско право на брак. 429 00:27:21,849 --> 00:27:24,476 И не се баш толку многу години. Татко, нема да ми помогнеш? 430 00:27:24,601 --> 00:27:28,313 Сум правел многу венчавки и ниту една со метла. 431 00:27:28,438 --> 00:27:31,817 Тоа беше робовска традиција. Да не имаат намера да го вратат и ропството? 432 00:27:31,942 --> 00:27:35,571 А и нејзина историја е, сакала таа да признае или не. 433 00:27:35,696 --> 00:27:38,115 Не можам да го почнам бракот во војна со идната свекрва. 434 00:27:38,240 --> 00:27:39,783 Таа го испука првиот истрел. 435 00:27:39,908 --> 00:27:42,953 Наследството на твоето семејство вреди исто колку и нивното. 436 00:27:43,078 --> 00:27:46,790 Но во секој брак мора да има компромис 437 00:27:46,915 --> 00:27:49,585 и ние треба да дадеме пример со разумност. 438 00:27:49,710 --> 00:27:52,754 Откажувањето од нашите традиции нема да нѐ заштити, 439 00:27:52,880 --> 00:27:54,798 без оглед во што веруваат Киркландови. 440 00:27:54,923 --> 00:27:57,092 Овие детали нема да бидат овековечени во печатот 441 00:27:57,217 --> 00:27:59,469 и да се поврзуваат со името на ова семејство. 442 00:27:59,595 --> 00:28:02,389 Мисли дека ова е нејзина свадба, но на Пеги е. 443 00:28:02,514 --> 00:28:04,141 Нејзиното време дојде и помина. 444 00:28:04,266 --> 00:28:06,935 Ако толку многу ти пречи, не мора да дојдеш. 445 00:28:07,060 --> 00:28:10,898 Не разговарај со мајка ти со таков тон. - Не сакам. Но што да кажам? 446 00:28:11,815 --> 00:28:14,776 Не ми остави друг избор. - Сега ислушај ме. 447 00:28:14,902 --> 00:28:18,238 Што ако ја ставите метлата покрај олтарот, но не ја прескокнувате? 448 00:28:18,363 --> 00:28:19,990 Атена, навистина. 449 00:28:20,115 --> 00:28:22,743 Не сакам да бидам сурова, но вака почнува. 450 00:28:22,868 --> 00:28:24,953 Луѓето ќе шепотат дека нашите стандарди попуштиле, 451 00:28:25,078 --> 00:28:28,999 а потоа одеднаш веќе не сме столбови на заедницата што помогнавме да се изгради. 452 00:28:29,124 --> 00:28:32,961 Елизабет, ова не е наша свадба. 453 00:28:34,504 --> 00:28:36,340 На чија страна си? - Така е. 454 00:28:36,465 --> 00:28:38,050 Доста, ве молам. 455 00:28:39,718 --> 00:28:42,429 Ги слушнав сите ваши мислења и ги почитувам. 456 00:28:43,305 --> 00:28:46,600 Но ова е мојата свадба. Јас ќе го решам ова. 457 00:28:49,311 --> 00:28:50,812 Боже. 458 00:28:50,938 --> 00:28:54,107 Вашата работа е толку жива и смела. 459 00:28:54,233 --> 00:28:57,444 А вашата прецизност во деталите е извонредна, г. Клајн. 460 00:28:57,569 --> 00:29:01,406 Благодарам, г-ѓо ван Рајн. Г. Чејс ме научи да бидам прецизен. 461 00:29:01,531 --> 00:29:02,866 Добровечер. 462 00:29:02,991 --> 00:29:06,662 Оскар, душо, го запозна чиракот на г. Чејс, Ли Клајн? 463 00:29:07,829 --> 00:29:09,122 Голем талент е. 464 00:29:09,248 --> 00:29:12,793 Баш сега ја продаде својата прва слика. - Честитки. 465 00:29:13,794 --> 00:29:15,671 Се надевам, прва од многуте. 466 00:29:16,421 --> 00:29:17,547 Ќе дадам сѐ од себе. 467 00:29:17,673 --> 00:29:19,633 Извинете ме, да проверам со аукционерот. 468 00:29:19,758 --> 00:29:21,426 Речиси е време да започнеме. 469 00:29:21,551 --> 00:29:26,139 Оскар, ќе можеш да одбереш некое дело што ќе стане наше? 470 00:29:26,265 --> 00:29:27,349 Чест ми е. 471 00:29:35,524 --> 00:29:36,817 Значи, вие сте сликарот. 472 00:29:38,402 --> 00:29:41,071 А вие сте сопругот. - Навистина сум. 473 00:29:41,196 --> 00:29:45,158 Жена ми ми ја довери оваа задача, но не сум стручен за тоа 474 00:29:45,284 --> 00:29:48,829 и мислам дека немам око за ова. 475 00:29:50,122 --> 00:29:51,623 Сѐ што ви треба е инстинкт. 476 00:29:52,666 --> 00:29:55,752 Кое дело ви го привлекува вниманието? 477 00:29:59,673 --> 00:30:02,801 Она за кое мислите дека најмногу би сакало да живее во куќава. 478 00:30:03,552 --> 00:30:06,263 Претпоставувам обично не сте покровител на уметноста? 479 00:30:06,388 --> 00:30:08,849 Неизмерно уживав вечерва, но не. Не сум. 480 00:30:09,558 --> 00:30:11,768 Можеби, ако во општеството беше поприфатливо 481 00:30:11,893 --> 00:30:15,647 навистина да се допираат сликите... 482 00:30:15,772 --> 00:30:19,735 Тоа е малку необично да се каже, нели? 483 00:30:20,777 --> 00:30:21,778 Само повелете. 484 00:30:22,821 --> 00:30:24,239 Нема стакло. 485 00:30:27,701 --> 00:30:28,827 Следниот пат. 486 00:30:30,829 --> 00:30:34,499 Можеби ќе успеам да ве уверам во вредностите на уметноста. 487 00:30:35,000 --> 00:30:36,293 Слободно обидете се. 488 00:30:51,892 --> 00:30:55,020 Госпоѓице Скот. - Тоа е сѐ, Лорета. 489 00:30:55,145 --> 00:30:59,107 Неочекувана посета вечерта пред вашата свадба. 490 00:30:59,232 --> 00:31:00,650 Добро си? 491 00:31:01,526 --> 00:31:03,528 Не, не сум. 492 00:31:03,653 --> 00:31:05,614 Па, Вилијам не е тука. 493 00:31:05,739 --> 00:31:08,367 Одлучи вечерва да остане во вашиот нов дом. 494 00:31:08,492 --> 00:31:11,745 Подалеку од нас. - Не дојдов да го видам Вилијам. 495 00:31:17,918 --> 00:31:20,087 Единствено дете сум на моите родители. 496 00:31:20,212 --> 00:31:22,631 Оваа свадба им е многу важна. 497 00:31:22,756 --> 00:31:25,258 Не беа присутни на мојата прва. - Разбирам. 498 00:31:26,051 --> 00:31:30,806 Знам дека не сум олицетворение на она што го посакуваш за Вилијам како сопруга. 499 00:31:31,515 --> 00:31:34,142 Но се обидував да ти излезам во пресрет на секој чекор 500 00:31:34,267 --> 00:31:35,560 и ништо не беше доволно. 501 00:31:35,685 --> 00:31:38,480 Не знам што друго да направам за да ти покажам дека те прифаќам. 502 00:31:38,605 --> 00:31:42,025 Ако навистина ме прифаќаше, немаше да имаш потреба да го докажуваш тоа. 503 00:31:42,150 --> 00:31:46,571 Г-це Скот, имавме напорен ден. - Тоа што имам да го кажам не може да чека. 504 00:31:47,197 --> 00:31:48,323 Тогаш кажи. 505 00:31:49,449 --> 00:31:53,370 Чувствувам поголема љубов кон Вилијам одошто мислев дека срцето може да собере. 506 00:31:53,495 --> 00:31:56,206 Младата љубов знае да биде полна со надеж и непромисленост. 507 00:31:56,331 --> 00:31:58,291 Ме нарекуваш непромислена? - Не. 508 00:31:59,000 --> 00:32:02,712 Само велам дека браковите се градат на повеќе од само љубов. 509 00:32:02,838 --> 00:32:04,881 Луѓето на твоја возраст ретко го разбираат тоа. 510 00:32:05,006 --> 00:32:08,885 Разбирам многу повеќе за животот отколку што мислиш. 511 00:32:09,010 --> 00:32:13,723 Преживеав незамислива загуба и сѐ уште живеам без каење. 512 00:32:13,849 --> 00:32:15,517 Затоа не сакам Вилијам да има таква. 513 00:32:16,601 --> 00:32:20,188 Можеби ти рекол да не се мачиш да дојдеш на нашата свадба, 514 00:32:20,313 --> 00:32:24,568 но знам дека во годините што доаѓаат ќе посака да си дошла. 515 00:32:24,693 --> 00:32:26,736 Тогаш зошто самиот не ми го каже тоа? 516 00:32:26,862 --> 00:32:29,364 Бидејќи би сакала јас и ти да имаме однос 517 00:32:29,489 --> 00:32:31,283 што е одвоен од Вилијам. 518 00:32:31,408 --> 00:32:33,118 Можеби дури и добар однос. 519 00:32:33,243 --> 00:32:36,037 Традициите на твоето и нашето семејство се доста различни. 520 00:32:36,163 --> 00:32:39,040 Тоа е голема пречка за надминување. - Мора да биде така? 521 00:32:39,166 --> 00:32:41,168 Ако двете одлучиме дека вреди да се обидеме, 522 00:32:41,293 --> 00:32:44,379 можеби ќе откриеме дека имаме заедничка основа. 523 00:32:44,504 --> 00:32:47,841 Можеме да продолжиме понатаму барем со меѓусебна почит. 524 00:32:56,475 --> 00:32:58,268 Зар во Битието не пишува: 525 00:32:59,478 --> 00:33:04,816 “Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, 526 00:33:04,941 --> 00:33:09,821 и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело“? 527 00:33:10,530 --> 00:33:11,781 Го знам тој стих. 528 00:33:12,365 --> 00:33:14,618 Па, прекрасно го воспитавте Вилијам, 529 00:33:15,327 --> 00:33:17,496 и тој ќе ја почитува својата сопруга, 530 00:33:18,079 --> 00:33:20,874 исто како што ти и пречесен Киркланд сте го научиле. 531 00:33:21,666 --> 00:33:23,710 Искрено, тој веќе го прави тоа. 532 00:33:24,628 --> 00:33:27,547 Не сакам да останеш исклучена. 533 00:33:28,590 --> 00:33:30,342 Но изборот е твој. 534 00:33:38,308 --> 00:33:43,188 Стигнавме до 650 долари за ова извонредно масло на платно. 535 00:33:43,313 --> 00:33:45,482 Дали некој нуди 660? 536 00:33:47,609 --> 00:33:50,111 Да, 660 долари. 537 00:33:50,237 --> 00:33:52,197 Тоа веќе е подобро. 538 00:33:52,322 --> 00:33:53,865 Може да одиме повисоко? 539 00:33:53,990 --> 00:33:56,284 Да понудам? - Секако. Зошто да не? Ти се допаѓа? 540 00:33:58,537 --> 00:34:02,624 Шестотини и осумдесет долари. - 680. 541 00:34:02,749 --> 00:34:04,042 Но тоа не е последната сума? 542 00:34:05,710 --> 00:34:08,421 Запомнете, уметникот гледа. 543 00:34:10,715 --> 00:34:11,883 Дали слушам 700? 544 00:34:14,594 --> 00:34:15,720 Илјада долари. 545 00:34:17,847 --> 00:34:20,183 Имаме друг понудувач? 546 00:34:21,643 --> 00:34:25,397 И оваа слика е продадена на господинот во задниот дел. 547 00:34:31,111 --> 00:34:34,781 Да не си создадов непријател во г-ѓа Фиш? - Ја наддаде. Што има лошо во тоа? 548 00:34:34,906 --> 00:34:37,951 Ова е аукција. - Не ми се верува, потрошив толку многу. 549 00:34:38,076 --> 00:34:40,954 Толку пари за една слика? - Честитки, г. Тротер. 550 00:34:41,079 --> 00:34:43,540 Изгледа ја цениш мртвата природа исто колку и јас. 551 00:34:46,167 --> 00:34:47,669 Добро потрошени пари. 552 00:34:52,048 --> 00:34:55,343 Каква возбудлива вечер. - Многу ми е драго што дојде. 553 00:34:55,468 --> 00:34:57,762 Направите нешто навистина спектакуларно. 554 00:34:57,887 --> 00:35:02,017 Браво. Наскоро ќе бидеш главна тема во градот. 555 00:35:02,142 --> 00:35:05,520 Сега само да смислам како да се надминам себеси следниот пат. 556 00:35:05,645 --> 00:35:07,272 Летвичката е високо. 557 00:35:12,611 --> 00:35:16,448 Колку ми олесна. Не можеше да помине подобро. 558 00:35:16,573 --> 00:35:20,577 Со нас на чело, тешко дека ќе можеше да биде поинаку. 559 00:35:22,954 --> 00:35:24,039 Извини. 560 00:35:24,664 --> 00:35:27,626 Како не сфатив порано колку многу се вмешала. 561 00:35:27,751 --> 00:35:29,336 Требаше да кажам. 562 00:35:31,755 --> 00:35:35,008 Што ако направиме по наше? Можеме тајно да се венчаме. 563 00:35:36,176 --> 00:35:38,595 Ако тоа го сакаш, така и ќе направиме. 564 00:35:38,720 --> 00:35:42,766 Искрено, не го сакам тоа. Веќе го поминав тој пат. 565 00:35:43,642 --> 00:35:49,481 Сакам да застанам пред нашите пријатели и семејството и да имаме вистинска свадба. 566 00:35:50,148 --> 00:35:52,400 Никогаш не сум била вистинска невеста. 567 00:35:53,443 --> 00:35:54,861 Тогаш тоа и ќе бидеш. 568 00:35:56,279 --> 00:35:58,740 Мајка ми не мора да присуствува. Веќе ѝ кажав. 569 00:35:58,865 --> 00:36:01,910 Но не е во ред да ја почнеме нашата иднина со толку огорченост. 570 00:36:02,035 --> 00:36:05,205 И не сакам вие двајца да бидете во судир поради мене или моето семејство. 571 00:36:05,330 --> 00:36:07,916 Не е поради тебе, туку поради нејзината тврдоглавост. 572 00:36:08,041 --> 00:36:11,169 Вил... - Доста. Доста за мајка ми. 573 00:36:13,129 --> 00:36:15,215 Ти си мојата љубов. 574 00:36:15,840 --> 00:36:19,052 А утре ќе бидеш моја сопруга. 575 00:36:20,095 --> 00:36:24,516 Никогаш во ништо не сум бил посигурен отколку во нашиот брак. 576 00:36:49,290 --> 00:36:51,126 Добро утро. Изгледаш совршено. 577 00:37:06,349 --> 00:37:10,019 Едвај чекам да се вратам во Њујорк и да ги замолчам сите што се сомневаат. 578 00:37:10,645 --> 00:37:13,857 Совршено сум способна да го угостам претседателот. 579 00:37:14,607 --> 00:37:17,360 Треба да ѝ кажеме на Мериен дека ќе си заминеме порано. 580 00:37:17,485 --> 00:37:19,821 Г-ца Скот е пријателка на Мериен. 581 00:37:19,946 --> 00:37:22,282 Не е убаво да не присуствуваме на приемот. 582 00:37:22,407 --> 00:37:24,075 Не верувам дека ќе им фалиме. 583 00:37:24,784 --> 00:37:26,119 Јас мислам да. 584 00:37:32,375 --> 00:37:33,960 Верувам дека ова е ваше. 585 00:37:35,253 --> 00:37:38,006 Да, навистина. Колку љубезно од вас. 586 00:37:38,131 --> 00:37:39,883 Благодарам. - Нема на што. 587 00:37:51,227 --> 00:37:52,228 Добро. 588 00:37:55,815 --> 00:37:57,066 Мајко. 589 00:38:00,111 --> 00:38:01,446 Прекрасен ден. 590 00:38:02,280 --> 00:38:03,364 Така е. 591 00:38:05,450 --> 00:38:06,951 Мило ми е што те гледам, мајко. 592 00:38:11,581 --> 00:38:15,126 Г. Данбар завршил прекрасна работа со твојот костум. 593 00:38:20,215 --> 00:38:21,716 Ако ме извините. 594 00:38:28,139 --> 00:38:30,725 Мислам дека е добар знак за вашиот брак 595 00:38:30,850 --> 00:38:33,436 што твојата невеста избра да дојде и да воспостави мир. 596 00:38:33,561 --> 00:38:35,271 Мислиш мајка ќе се однесува пристојно? 597 00:38:46,324 --> 00:38:48,034 Леле... 598 00:38:49,661 --> 00:38:50,954 Прекрасна си. 599 00:38:54,040 --> 00:38:57,710 Имам нешто за тебе. - Немаше потреба од тоа. 600 00:38:59,087 --> 00:39:01,339 Читав за една британска традиција. 601 00:39:01,464 --> 00:39:03,132 На невестата ѝ се дава нешто старо, 602 00:39:03,258 --> 00:39:05,635 нешто ново, нешто позајмено и нешто сино. 603 00:39:05,760 --> 00:39:07,136 За среќа е. 604 00:39:07,262 --> 00:39:09,472 Сега ми треба повеќе од кога било. 605 00:39:12,767 --> 00:39:14,394 Еве нешто старо. 606 00:39:17,981 --> 00:39:19,232 ДОЈЛСТАУН - ЏЕРСИ СИТИ 607 00:39:19,357 --> 00:39:20,733 Боже. 608 00:39:21,526 --> 00:39:22,819 Билетот за воз. 609 00:39:22,944 --> 00:39:26,447 Билетот што ми го купи од Дојлстаун до Њујорк. 610 00:39:26,573 --> 00:39:30,368 Не знам како ќе стигнев во градот без твојата дарежливост. 611 00:39:32,453 --> 00:39:33,496 Ти благодарам. 612 00:39:36,082 --> 00:39:37,792 Колку далеку стигнавме. 613 00:39:38,418 --> 00:39:39,544 Ти стигна далеку. 614 00:39:40,169 --> 00:39:42,171 Се потценуваш. 615 00:39:42,297 --> 00:39:44,591 Запомни, ние сме њујорчанки. 616 00:39:45,550 --> 00:39:48,845 А за нас, сѐ е можно. - Сѐ е можно. 617 00:39:49,470 --> 00:39:50,471 Да. 618 00:39:59,272 --> 00:40:02,358 Со невестата сѐ е во ред. Ќе излезе секој момент. 619 00:40:02,483 --> 00:40:03,943 Имаше некаков проблем? 620 00:40:04,068 --> 00:40:07,071 Имаше несогласување со нејзината идна свекрва. 621 00:40:07,196 --> 00:40:10,325 Само потсетете ја дека свекрвите не живеат вечно. 622 00:40:10,450 --> 00:40:13,244 Агнес, не биди толку морбидна. 623 00:40:13,369 --> 00:40:15,580 Мислев дека сум оптимистична. 624 00:40:17,290 --> 00:40:18,917 Ви благодарам на сите што дојдовте. 625 00:40:19,042 --> 00:40:21,461 Дозволете да ве запознам со д-р Харис. 626 00:40:21,586 --> 00:40:23,671 Ми беше професор на медицинскиот факултет. 627 00:40:23,796 --> 00:40:27,425 Ова се г-ца Брук, г-ѓа Форте и г-ѓа ван Рајн. 628 00:40:27,550 --> 00:40:30,595 Мило ми е што ве запознав, дами. - И нам исто. 629 00:40:31,804 --> 00:40:34,682 Треба да одам до олтарот. - Да, треба. 630 00:40:38,811 --> 00:40:40,146 Извинете ме, дами. 631 00:40:50,406 --> 00:40:55,453 О, душо. - Не почнувај, ќе се расплачам и јас. 632 00:40:55,578 --> 00:40:58,957 Имам нешто за тебе. 633 00:40:59,082 --> 00:41:01,417 Мамо, веќе беше толку дарежлива. 634 00:41:01,542 --> 00:41:03,503 Го заслужуваш сето тоа и уште повеќе. 635 00:41:03,628 --> 00:41:07,340 Татко ти ми ги даде овие 636 00:41:07,465 --> 00:41:09,342 кога дознавме дека ќе се родиш. 637 00:41:09,467 --> 00:41:13,680 А мене повеќе ми беше мило да ги гледам отколку да ги носам. 638 00:41:13,805 --> 00:41:16,224 Мислам дека отсекогаш биле твои. 639 00:41:18,309 --> 00:41:19,769 Мамо. 640 00:41:25,817 --> 00:41:27,402 Совршени се. 641 00:41:29,070 --> 00:41:34,033 Сонував за овој ден уште откако беше мало девојче. 642 00:41:34,158 --> 00:41:37,996 Толку сум среќна што сега можам да го споделам со тебе. 643 00:41:40,415 --> 00:41:45,503 Ми беше вистинска радост да те гледам како растеш во прекрасна жена каква што си. 644 00:41:45,628 --> 00:41:51,009 И ми носи голема утеха што знам дека си нашла некого 645 00:41:51,134 --> 00:41:54,345 кој те гледа во целиот твој сјај. 646 00:41:55,304 --> 00:41:58,266 И секогаш ќе бидам тука за тебе. 647 00:41:59,058 --> 00:42:02,478 Сѐ што ме научи ќе го понесам со себе во следните поглавја од животот. 648 00:42:08,943 --> 00:42:10,111 Да видиме. 649 00:42:10,236 --> 00:42:14,490 Изгледаш како принцеза. Вистинска принцеза. 650 00:42:30,631 --> 00:42:35,928 Благодарен сум што ја имам оваа можност да те предадам... 651 00:42:37,555 --> 00:42:40,516 бидејќи првиот пат ништо не направив како што треба. 652 00:42:43,352 --> 00:42:44,645 Те сакам, тато. 653 00:42:50,401 --> 00:42:55,615 Господи, какво утро 654 00:42:56,240 --> 00:43:01,621 Господи, какво утро 655 00:43:01,746 --> 00:43:06,709 Господи, какво утро 656 00:43:06,834 --> 00:43:13,841 Кога ѕвездите почнуваат да паѓаат 657 00:43:15,134 --> 00:43:21,641 Господи, какво утро - Господи, какво утро 658 00:43:21,766 --> 00:43:27,772 Господи, какво утро - Господи, какво утро 659 00:43:27,897 --> 00:43:33,069 Господи, какво утро - Господи, какво утро 660 00:43:38,699 --> 00:43:41,869 Кога ѕвездите 661 00:43:41,994 --> 00:43:48,126 Почнуваат да паѓаат 662 00:43:48,251 --> 00:43:49,460 Ве молам, седнете. 663 00:43:57,051 --> 00:44:02,557 Возљубени, денес се собравме пред Бога 664 00:44:03,057 --> 00:44:07,770 за да ги соединиме овој маж и оваа жена во света брачна заедница. 665 00:44:08,479 --> 00:44:13,401 Ако некој може да покаже праведна причина зошто законски не може да се соединат... 666 00:44:13,526 --> 00:44:14,986 Вилијам Киркланд, 667 00:44:15,945 --> 00:44:18,739 дали ја земаш оваа жена за своја сопруга? 668 00:44:18,865 --> 00:44:21,701 Дали ќе ја љубиш, ќе ја тешиш, 669 00:44:21,826 --> 00:44:23,953 ќе ја почитуваш и ќе се грижиш за неа во болест...? 670 00:44:24,078 --> 00:44:29,458 Пеги Скот, дали го земаш овој маж за свој сопруг? 671 00:44:30,042 --> 00:44:33,671 Дали ќе го љубиш, почитуваш и слушаш, 672 00:44:33,796 --> 00:44:39,385 во болест и во здравје, и ќе му бидеш верна до смртта? 673 00:44:40,136 --> 00:44:41,596 Да. 674 00:44:43,389 --> 00:44:47,935 Бидејќи Вилијам и Пеги се согласија да стапат во свет брак, 675 00:44:48,060 --> 00:44:52,982 објавувам дека се сопруг и сопруга. 676 00:44:54,066 --> 00:44:55,568 Можеш да ја бакнеш невестата. 677 00:45:13,294 --> 00:45:20,134 Ви ги претставувам доктор и госпоѓа Вилијам Д. Киркланд. 678 00:45:22,011 --> 00:45:25,890 Ме чека круна во тоа царство Зар тоа не е радосна вест 679 00:45:26,015 --> 00:45:27,141 Зар тоа не е радосна вест 680 00:45:27,266 --> 00:45:31,145 Ме чека круна во тоа царство Зар тоа не е радосна вест 681 00:45:31,270 --> 00:45:32,521 Зар тоа не е радосна вест 682 00:45:32,647 --> 00:45:35,399 Ќе го оставам овој земен свет 683 00:45:35,524 --> 00:45:38,069 Ќе си го нарамам крстот 684 00:45:38,194 --> 00:45:40,446 Ќе му се вратам на мојот Исус 685 00:45:40,571 --> 00:45:42,907 Зар тоа не е радосна вест Зар тоа не е радосна вест 686 00:45:43,032 --> 00:45:47,036 Ме чека харфа во тоа царство Зар тоа не е радосна вест 687 00:45:47,161 --> 00:45:48,371 Зар тоа не е радосна вест 688 00:45:48,496 --> 00:45:52,166 Ме чека харфа во тоа царство Зар тоа не е радосна вест 689 00:45:52,291 --> 00:45:53,542 Зар тоа не е радосна вест 690 00:45:53,668 --> 00:45:59,298 Ќе го оставам овој земен свет Ќе си го нарамам крстот 691 00:45:59,423 --> 00:46:02,760 Ќе му се вратам на мојот Исус Зар тоа не е радосна вест 692 00:46:02,885 --> 00:46:06,555 Зар тоа не е радосна вест 693 00:46:06,681 --> 00:46:12,061 Ќе го оставам овој земен свет 694 00:46:12,186 --> 00:46:18,776 Ќе си го нарамам крстот 695 00:46:19,777 --> 00:46:21,946 Ќе му се вратам на мојот Исус 696 00:46:22,071 --> 00:46:24,865 Ќе му се вратам на мојот Исус 697 00:46:24,991 --> 00:46:28,494 Ќе му се вратам на мојот Исус Зар тоа не е радосна вест 698 00:46:28,619 --> 00:46:30,746 Каква беше свадбата, госпоѓо? - Прекрасна. 699 00:46:30,871 --> 00:46:32,790 Г-ѓа Киркланд беше прекрасна невеста. 700 00:46:32,915 --> 00:46:35,584 Ова пристигна за вас од госпоѓа Фостер. 701 00:46:35,710 --> 00:46:36,961 Изгледаше важно. 702 00:46:45,219 --> 00:46:46,345 Што е ова? 703 00:46:52,184 --> 00:46:55,646 Како, добога...? - Што се случило? 704 00:47:02,069 --> 00:47:04,572 Се премислиле. - За што? 705 00:47:05,531 --> 00:47:08,701 Веќе не сака да бидам домаќинка на претседателот. 706 00:47:08,826 --> 00:47:12,330 А јас мислев дека мојот непријател е Лејдис Хоум Џурнал, 707 00:47:12,455 --> 00:47:17,001 но госпоѓа Фостер, која сега ја сметам за Јуда, 708 00:47:17,710 --> 00:47:23,549 ѝ дозволила на госпоѓа Џорџ Расел да ми ја преземе претседателската вечера. 709 00:47:26,427 --> 00:47:29,055 Агнес, предоцна е за посета. 710 00:47:29,180 --> 00:47:33,517 Оваа ситуација бара да ги оставам манирите настрана. 711 00:47:34,935 --> 00:47:40,566 Зар тоа не е радосна вест 712 00:47:41,609 --> 00:47:45,112 Барам да ја видам твојата господарка. Ако спие, разбуди ја. 713 00:47:45,237 --> 00:47:47,323 Ова е од најголема итност. 714 00:47:48,157 --> 00:47:50,159 Госпоѓо ван Рајн. Во што е проблемот? 715 00:47:50,284 --> 00:47:51,535 Сакам да знам како една жена 716 00:47:51,660 --> 00:47:54,288 која едвај го знае името на сопствениот дедо 717 00:47:54,413 --> 00:48:00,002 некако ме оттурна настрана во друштво посветено на историјата на Њујорк. 718 00:48:00,127 --> 00:48:02,046 Смислата на животот е во тоа каде одиме, 719 00:48:02,171 --> 00:48:03,255 а не од каде сме дошле. 720 00:48:03,381 --> 00:48:05,966 Можеби твојот живот, но не и мојот. 721 00:48:06,092 --> 00:48:09,178 Затоа кажи ми, кого поткупи за да ги придобиеш на своја страна? 722 00:48:09,303 --> 00:48:11,555 Никого. Самата си виновна. 723 00:48:11,680 --> 00:48:14,183 Откако излезе статијата во Лејдис Хоум Џурнал, 724 00:48:14,308 --> 00:48:17,144 се појави извесна загриженост. - Статијата беше чиста бесмислица! 725 00:48:17,269 --> 00:48:20,523 Разбирам, бидејќи и за мене досега се пишувале глупости. 726 00:48:20,648 --> 00:48:23,692 Но, за жал, овој напис ја разниша довербата кај луѓето. 727 00:48:24,735 --> 00:48:27,279 Добрата вест е што не си исклучена од вечерта. 728 00:48:27,405 --> 00:48:29,490 Г-ѓа Фостер не го објасни тоа во писмото? 729 00:48:29,615 --> 00:48:32,326 Дека јас ќе бидам домаќинка на вечерата, но во твојата куќа? 730 00:48:32,451 --> 00:48:34,787 Да. - И треба да бидам задоволна? 731 00:48:34,912 --> 00:48:38,249 Членовите на Друштвото за наследство гласаа. Се согласи и Белата куќа. 732 00:48:39,417 --> 00:48:41,877 Си му пишала на секретарот на претседателот? 733 00:48:42,002 --> 00:48:43,796 Не, се јавив во Белата куќа по телефон. 734 00:48:44,547 --> 00:48:47,383 Секретарот рече дека претседателот Кливленд ќе биде воодушевен. 735 00:48:47,508 --> 00:48:50,344 Што? - Слушнав повишени гласови. 736 00:48:51,387 --> 00:48:53,556 Госпоѓа ван Рајн е многу вознемирена. 737 00:48:53,681 --> 00:48:56,767 А веќе е многу доцна. - Се извинувам. 738 00:48:56,892 --> 00:49:00,563 Штотуку се вратив од Њупорт и не бев свесна колку е часот. 739 00:49:00,688 --> 00:49:03,149 Долгото патување со воз знае да исцрпува. 740 00:49:03,274 --> 00:49:07,319 Госпоѓо Форте. - Извинете што дојдов во овој час. 741 00:49:07,445 --> 00:49:10,698 Агнес, те бараат преку улица. - За што? 742 00:49:10,823 --> 00:49:12,366 Итна работа. 743 00:49:13,951 --> 00:49:16,287 Со нетрпение очекувам да разговараме за вечерата. 744 00:49:16,871 --> 00:49:19,748 Да, сигурна сум дека ќе имаш многу што да кажеш. 745 00:49:21,000 --> 00:49:23,002 Добра ноќ, госпоѓо ван Рајн. 746 00:49:24,378 --> 00:49:25,463 Госпоѓо Форте. 747 00:49:28,549 --> 00:49:30,509 Ти благодарам што ме спасите. 748 00:49:30,634 --> 00:49:32,470 Белки ќе биде пристојна пред претседателот. 749 00:49:32,595 --> 00:49:33,804 Остави го тоа на мене. 750 00:49:34,889 --> 00:49:37,183 Ќе дојдеш во мојата соба? 751 00:49:38,517 --> 00:49:39,518 Не вечерва. 752 00:49:41,812 --> 00:49:43,397 Нека биде доволно тоа што сум дома. 753 00:49:46,984 --> 00:49:48,986 Добро ја заврши работата со оваа вечера. 754 00:49:50,529 --> 00:49:53,115 Се потпирам на тебе да ја претвориш во успех. 755 00:49:54,658 --> 00:49:57,495 Можеби од тоа зависи опстанокот на ова семејство. 756 00:49:57,620 --> 00:49:59,288 Нема да те разочарам. 757 00:50:05,252 --> 00:50:06,921 Таа жена... 758 00:50:07,046 --> 00:50:09,381 Се колнам, ќе биде уништена како што бев и јас, 759 00:50:09,507 --> 00:50:12,176 макар и душата да му ја продадам на Сатаната. 760 00:50:12,301 --> 00:50:14,261 Не го мислиш тоа. - Го мислам. 761 00:50:14,386 --> 00:50:17,515 Ме собори некаква магична направа за разгласување 762 00:50:17,640 --> 00:50:19,517 што пренесува пораки преку државни граници. 763 00:50:20,309 --> 00:50:21,393 Не те следам. 764 00:50:21,519 --> 00:50:27,107 Тврди дека преку својот телефон се јавила во Белата куќа и дека сѐ е решено. 765 00:50:27,233 --> 00:50:30,277 Ти реков дека сакам да земеме телефон. 766 00:50:31,028 --> 00:50:33,948 Баш ти личи да ми ставаш сол на рана. - Агнес! 767 00:50:34,073 --> 00:50:36,825 Само сакам да си легнам и да се разбудам во 1881 768 00:50:36,951 --> 00:50:39,995 пред некој воопшто да слушнал за Берта Расел! 769 00:50:50,089 --> 00:50:54,093 Превод: Сандра Авросиевска