1 00:00:05,297 --> 00:00:07,257 Тоа е само една од палетите на бои 2 00:00:07,382 --> 00:00:09,801 што ги разгледуваме. Еве што мислев. 3 00:00:09,927 --> 00:00:14,681 Почнуваме во целосен мрак. И одеднаш го слушаме Реквиемот на Верди. 4 00:00:14,806 --> 00:00:15,807 Демиен. 5 00:00:22,272 --> 00:00:27,861 Голем ковчег со светки се носи преку сцената, внимателно се спушта. 6 00:00:27,986 --> 00:00:30,948 Одеднаш, носачите ги соблекуваат костумите, 7 00:00:31,073 --> 00:00:35,118 откривајќи дека тие се следните танчери, сите ниски бринети. 8 00:00:35,244 --> 00:00:39,039 Потоа се издигнувам од ковчегот во воздух, 9 00:00:39,164 --> 00:00:43,001 со специјален гег-бол од Скијапарели и лудачка кошула. 10 00:00:44,002 --> 00:00:45,546 Зашто ми ја затнаа устата. 11 00:00:47,673 --> 00:00:50,425 Еден куп ефекти и украси. -Здраво, Аманда. 12 00:00:50,551 --> 00:00:53,387 Ако се грижиш за мојата безбедност, те молам немој. 13 00:00:53,512 --> 00:00:55,389 Преговараме со акробатскиот тим на “Пинк“. 14 00:00:55,514 --> 00:00:57,891 Не, не се грижам за твојата безбедност. 15 00:00:58,016 --> 00:00:59,768 Ни треба публика, полни седишта. 16 00:00:59,893 --> 00:01:02,020 Се разбира. -Значи, треба да ти закажеме 17 00:01:02,145 --> 00:01:06,024 прес-конференција за да го објавиш датумот на пуштање на билетите во продажба. 18 00:01:06,149 --> 00:01:08,860 Не можам. -Зафатена си? 19 00:01:08,986 --> 00:01:12,990 Не, не смеам да настапувам или да се појавувам јавно до денот на шоуто. 20 00:01:13,115 --> 00:01:16,410 Не, сите прават нешто за да го објават датумот на продажбата. 21 00:01:16,535 --> 00:01:20,998 Били Џоел го возеше својот брод околу Менхетен. Да. 22 00:01:21,123 --> 00:01:22,958 Излезе дека можат да те запрат и на море. 23 00:01:23,083 --> 00:01:24,293 Па, не грижи се. 24 00:01:24,418 --> 00:01:27,087 Со мојот тим ќе смислиме нешто необично. 25 00:01:27,212 --> 00:01:29,673 Верувај ми, професионалци сме. 26 00:01:29,798 --> 00:01:31,008 Здраво, Аманда. 27 00:01:32,384 --> 00:01:34,261 Ми се допаѓа ѓерданот. Баш е сладок. 28 00:01:34,386 --> 00:01:37,306 Само ја пробувам опремата за мојата девојка. 29 00:01:37,431 --> 00:01:38,640 Тамам е. 30 00:01:39,975 --> 00:01:43,312 Ќе ме откопчаш? Морам да мочам. И да какам. 31 00:01:45,771 --> 00:01:46,773 Побрзај. 32 00:01:47,399 --> 00:01:50,110 Демиен. Малку е итно. 33 00:01:50,235 --> 00:01:51,612 ТРИКОВИ 34 00:01:58,535 --> 00:02:00,162 Баш е тажно. 35 00:02:00,287 --> 00:02:02,831 Како кога мојата дадилка засекогаш се исели. 36 00:02:02,956 --> 00:02:04,374 Ми ја уништи матурата. 37 00:02:04,499 --> 00:02:06,877 И јас не го сакам ова. Ја обожавам канцеларијава. 38 00:02:07,002 --> 00:02:08,753 Но веќе не можеме да си ја дозволиме. 39 00:02:08,878 --> 00:02:11,965 Искрено, мислам дека откажувањето на просторот нема да е доволно. 40 00:02:12,090 --> 00:02:13,759 Салдото ни е толку во црвено 41 00:02:13,884 --> 00:02:16,637 што личи на ѓон на лебутенки. 42 00:02:17,262 --> 00:02:19,514 Лубутен е, но да видам. 43 00:02:21,892 --> 00:02:25,853 Каде ни се хонорарите од “Леси“? -Задржани. Обештетување за жртвите. 44 00:02:25,978 --> 00:02:29,066 Ѓубре едно. Тоа куче! Се надевам дека е мртво. 45 00:02:29,191 --> 00:02:31,151 Извини, ама многу нѐ чинеше. 46 00:02:31,276 --> 00:02:34,112 Гризна многу луѓе, а и мене. Имам лузна. 47 00:02:34,237 --> 00:02:36,531 Сега се носат шорцеви, а јас не можам. 48 00:02:36,656 --> 00:02:37,991 Батали ги шорцевите. 49 00:02:38,116 --> 00:02:42,371 Види ги овие трошоци, Џими. 5000 месечно за членство во пиклбол? 50 00:02:42,496 --> 00:02:43,538 За што? 51 00:02:43,664 --> 00:02:47,084 За операции на колена и колкови со куп старци? 52 00:02:47,209 --> 00:02:48,543 Не вреди за ударот. 53 00:02:48,668 --> 00:02:52,464 Ако не го стегнеме ременот, нема да преживееме до четвртиот квартал. 54 00:02:52,589 --> 00:02:54,174 Ете, на тоа сме. 55 00:02:54,299 --> 00:02:57,010 Се зачленивме за ФејсТајм со Вини Ландел. Ќе откажам. 56 00:02:57,135 --> 00:02:59,513 Фала. Добро. Барем тоа. 57 00:03:01,973 --> 00:03:05,102 Прво го спушташ големото. 58 00:03:05,727 --> 00:03:10,691 Едното големо долу, другото горе. Малото долу, големото долу. 59 00:03:10,816 --> 00:03:14,027 Помести ги, собери ги. Да, совршено. 60 00:03:15,570 --> 00:03:18,865 На другата страна. Да, да. -Добро. 61 00:03:20,075 --> 00:03:23,036 Добро. Утре ќе го земат остатокот од ѓубрево. 62 00:03:29,710 --> 00:03:30,919 Е па, тоа е тоа. 63 00:03:53,483 --> 00:03:56,278 БЕВЕРЛИ ХИЛС 64 00:03:58,447 --> 00:04:02,033 Здраво. Сакам да го откажам членството. Презиме Лусак. 65 00:04:02,159 --> 00:04:05,704 Добро. За сметката Шефер-Лусак? -Да. 66 00:04:05,829 --> 00:04:07,581 И вашата сопруга сака да откаже? 67 00:04:08,331 --> 00:04:10,834 Не ми е сопруга. И да, двајцата сакаме. 68 00:04:10,959 --> 00:04:15,255 Ќе ни требаат потписи од тројца членови со уреден статус за да откажете. 69 00:04:16,757 --> 00:04:18,632 Ви требаат потписи за да откажам? 70 00:04:18,759 --> 00:04:21,845 Да. И заверен потпис од вас и вашата сопруга. 71 00:04:21,970 --> 00:04:23,430 Џими! 72 00:04:23,555 --> 00:04:27,392 Боже. Бубело! -Адел, здраво. 73 00:04:29,269 --> 00:04:33,273 Каков к'смет што налетав на тебе. Баш мислев на стендапот на Џин. 74 00:04:33,398 --> 00:04:35,776 Она за членовите на Флитвуд Мек 75 00:04:35,901 --> 00:04:38,320 дека носеле различно за различно време, многу добро. 76 00:04:38,445 --> 00:04:41,948 И секогаш велеше, ако татко ти не го менаџираше, 77 00:04:42,073 --> 00:04:43,909 ќе пакуваше намирници во маркет. 78 00:04:44,034 --> 00:04:46,745 Баш фино што му го слушам гласот во рекламите за Арбис. 79 00:04:47,704 --> 00:04:49,456 И ти го слушаш неговиот глас? 80 00:04:50,081 --> 00:04:54,085 Не. Па, да, во рекламите. Гласот му е во рекламите за Арбис. 81 00:04:54,211 --> 00:04:56,087 Мораш да им кажеш. -Кому? 82 00:04:56,213 --> 00:05:00,675 На моите деца. Мораш да им кажеш дека и ти го слушаш гласот на Џин. 83 00:05:00,801 --> 00:05:04,888 Дека не сум луда и дека можам да живеам во мојот дом. 84 00:05:05,013 --> 00:05:06,640 Адел, само... -Лора, душо. 85 00:05:06,765 --> 00:05:09,601 Душо, и Џими Лусак го слуша гласот на тато. 86 00:05:10,644 --> 00:05:13,271 Здраво, Лора. -Господине Лусак. 87 00:05:13,396 --> 00:05:15,941 Ќе почекаш малку? Веднаш се враќам. 88 00:05:16,066 --> 00:05:17,901 Може ќе ми треба потпис. Да. 89 00:05:18,026 --> 00:05:19,820 Уште нешто. -Супер. 90 00:05:19,945 --> 00:05:22,739 Пасошот што го имаме евидентирано ви истекува за 6 месеци, 91 00:05:22,864 --> 00:05:24,699 па ќе мора прво да го обновите. 92 00:05:27,202 --> 00:05:31,665 Треба да го обновам пасошот за да можам да откажам членство во клуб за пиклбол? 93 00:05:31,790 --> 00:05:34,668 И пасошот на сопругата. -Не ми е сопруга. 94 00:05:34,793 --> 00:05:38,755 Извини. Морам да ја спасам од дом. 95 00:05:38,880 --> 00:05:39,923 Еве. -Извини. 96 00:05:40,048 --> 00:05:41,424 Лора, Џими овде. Да. 97 00:05:41,550 --> 00:05:44,052 Не, не. Порано татко ми го застапуваше татко ти. 98 00:05:48,849 --> 00:05:53,311 Здраво, јас сум икона на комедијата, Дебра Венс. И еве неколку информации. 99 00:05:53,436 --> 00:05:57,524 Една огромна корпорација проба да ме замолчи, но реков: “Како да не!“ 100 00:05:57,649 --> 00:06:00,527 Затоа сега ќе правам шоу во Медисон Сквер Гарден. 101 00:06:00,652 --> 00:06:02,195 Земете си билети уште денес. 102 00:06:02,320 --> 00:06:04,781 Ќе биде врв, и нешто екстра. 103 00:06:04,906 --> 00:06:07,325 А ако нејќеш да дојдеш, душо, кој те врти 104 00:06:07,450 --> 00:06:09,077 зашто не те слушам. 105 00:06:09,202 --> 00:06:11,872 Добро, добро! Сечи, сечи. 106 00:06:12,706 --> 00:06:14,249 Што? Што беше тоа? 107 00:06:14,374 --> 00:06:16,167 “Врв, и нешто екстра.“ Го нема овде. 108 00:06:16,293 --> 00:06:19,671 Направив неколку измени зашто тоа никогаш не би го кажала. 109 00:06:20,505 --> 00:06:23,925 Па, јас сум Дебра Венс и би го кажала тоа. 110 00:06:24,050 --> 00:06:26,469 Никогаш не би кажала “кој те врти“. 111 00:06:26,595 --> 00:06:28,638 Па, ние сме различни Дебри. 112 00:06:30,974 --> 00:06:31,975 Молам? 113 00:06:32,100 --> 00:06:34,686 Јас сум Дебра од '90-тите, ти си сегашната Дебра. 114 00:06:34,811 --> 00:06:37,606 Не би знаела ни како да бидам современата Дебра. 115 00:06:37,731 --> 00:06:40,984 Ќе мора да земам нови гради, нови облини, од цицки до минџа. 116 00:06:41,109 --> 00:06:43,194 Добро. Добро. 117 00:06:43,320 --> 00:06:47,699 Само сакам да ги кажеш овие зборови за луѓето да одат на мојата веб-страница 118 00:06:47,824 --> 00:06:49,618 и да купат билети за моето шоу. 119 00:06:49,743 --> 00:06:51,953 Што е веб-страница? Клинтон е на власт. 120 00:06:52,078 --> 00:06:54,497 Госпоѓо, што зборуваш? Се изгубив. 121 00:06:54,623 --> 00:06:59,169 Гајле ми е што се изгуби, затоа што треба да бидеш јас! 122 00:06:59,294 --> 00:07:01,963 Ако не сум ти, тогаш зошто сум на Аткинсова диета? 123 00:07:03,381 --> 00:07:07,594 Добро, ќе снимаме пак. Овој пат по сценарио. 124 00:07:07,719 --> 00:07:10,138 Некој треба да ѝ го дотера умот. 125 00:07:12,807 --> 00:07:13,808 Што рече? 126 00:07:14,434 --> 00:07:15,852 Ништо. Ништо. 127 00:07:16,353 --> 00:07:19,439 Стара пичка. -Е, доста беше. 128 00:07:19,564 --> 00:07:23,193 Ќе удриш жена? -Ако се '90-тите, сама си го бараш! 129 00:07:23,318 --> 00:07:24,778 Не! Дебра! 130 00:07:24,903 --> 00:07:27,238 Не поддржувам насилство на Дебра врз Дебра. 131 00:07:27,906 --> 00:07:30,909 Отпуштена си! -Отпуштена? Давам отказ! 132 00:07:31,034 --> 00:07:34,412 Чув, те замолчале, кучко. Со среќа најавувањето на шоуто без мене. 133 00:07:35,372 --> 00:07:36,957 Дебра! -Ајде. 134 00:07:38,124 --> 00:07:41,419 Ќе те тужам! Ќе ти го пуштам Џони Кокран. 135 00:07:41,544 --> 00:07:43,672 Демиен, изнеси ја! -Си одам, де! 136 00:07:45,507 --> 00:07:46,633 Смири се. 137 00:07:48,259 --> 00:07:49,886 И онака немаше да биде доволно смело. 138 00:07:50,011 --> 00:07:51,554 Морам нешто сама да направам. 139 00:07:52,055 --> 00:07:53,932 Ако не смееш да настапуваш во живо... 140 00:07:54,057 --> 00:07:56,518 Јави му се Чудесниот Стивен. -Што? 141 00:07:56,643 --> 00:07:59,396 Магионичарот? Не, немој уште магија. 142 00:08:03,775 --> 00:08:05,860 Боже. -Добро утро, Џеј. 143 00:08:05,986 --> 00:08:09,322 Зошто дојде толку рано? -”Зошто дојде толку рано?“ 144 00:08:09,447 --> 00:08:11,950 Камо да кажеш “Осеќај се ко дома“? 145 00:08:12,742 --> 00:08:14,411 Па, ова и не ти е дома. 146 00:08:14,536 --> 00:08:17,956 И прашувам само зашто во канцеларија обично доаѓаш во 11:30. 147 00:08:18,081 --> 00:08:21,960 А и грицките ти се катастрофа. Влажно пиле и смрдливи јајца? 148 00:08:22,085 --> 00:08:24,004 Тоа ми се оброци за цела недела. 149 00:08:24,129 --> 00:08:25,588 Тоа е вечера за вторник. 150 00:08:25,714 --> 00:08:29,884 Добро, извини. Се трудам. Ова се ризиците на работа од дома. 151 00:08:30,010 --> 00:08:33,263 Прекрасен ден. -Добро утро. И ти си дошла. 152 00:08:33,388 --> 00:08:35,724 Да, и имам лоша вест. 153 00:08:36,765 --> 00:08:39,436 Не. Што е ова? -За тебе е. 154 00:08:39,561 --> 00:08:42,772 Ајде, бе. Не можам веќе... 155 00:08:44,858 --> 00:08:48,069 Боже. Татко ти нѐ тужи. 156 00:08:48,194 --> 00:08:49,195 Што?! 157 00:08:49,320 --> 00:08:52,949 За изгубени провизии од 30 милиони долари поради мешање со Бруно Фокс? 158 00:08:54,242 --> 00:08:55,577 Само му понудивме ангажман. 159 00:08:55,702 --> 00:08:58,246 Ние ли сме криви што извршил убиство со возило? 160 00:08:58,371 --> 00:09:02,667 Сакавме семејството да си го најде мирот! Ова не е нормално. Боже. 161 00:09:03,626 --> 00:09:07,422 Тврди дека имал емоционален стрес. -Татко ми нема емоции! 162 00:09:07,547 --> 00:09:08,548 Не е добро, шефе. 163 00:09:08,673 --> 00:09:12,719 Чичко ми Морти го обвинија за емоционален стрес кога зезна обрежување. 164 00:09:13,595 --> 00:09:15,805 Ќе паднам во несвест. -Претерува. 165 00:09:15,930 --> 00:09:17,599 Мора да го вразумиме татко ти. 166 00:09:17,724 --> 00:09:20,268 Побрзајте за да стигнете на трикот на Дебра. 167 00:09:20,393 --> 00:09:21,561 Ајде, јас возам. 168 00:09:21,686 --> 00:09:23,938 Ќе застанеме дома да си го земам електричниот остен. 169 00:09:24,064 --> 00:09:26,191 Зошто имаш електричен остен? -За предигра. 170 00:09:26,316 --> 00:09:28,610 Ајде! -Ќе ги јадеш јајцата? 171 00:09:28,735 --> 00:09:31,529 Не, тоа се мои јајца. И не смееш да ги јадеш в кола. 172 00:09:34,074 --> 00:09:36,701 ЧУДЕСНИОТ СТИВЕН 173 00:09:38,203 --> 00:09:39,412 Еве ја. 174 00:09:39,537 --> 00:09:42,082 Коцката. Демиен, ми треба малку карминче. 175 00:09:42,207 --> 00:09:44,125 Кое? -Ланком. 176 00:09:44,250 --> 00:09:46,920 Сигурна си за ова? Не изгледа безбедно. 177 00:09:47,045 --> 00:09:49,255 Имам избор? Не смеам да настапувам. 178 00:09:49,380 --> 00:09:55,345 Но Чудесниот Стивен може да ме избере од публиката како “доброволец“. 179 00:09:55,470 --> 00:09:57,055 Знаеш, тоа не е... 180 00:09:58,306 --> 00:10:01,101 Не е некој обичен трик со сечење наполу. 181 00:10:01,226 --> 00:10:02,560 Туку со Коцката. 182 00:10:03,186 --> 00:10:04,687 Сигурно ќе бидеш добро внатре? 183 00:10:04,813 --> 00:10:06,898 Стануваш клаустрофобична и во стан. 184 00:10:07,023 --> 00:10:10,693 Ќе бидам добро. Мислам, само ќе ме дигнат. 185 00:10:10,819 --> 00:10:13,154 Ќе бидам таму еден час. Еден час за мојот час. 186 00:10:13,279 --> 00:10:15,990 Ќе исчезнам и ќе се појавам кај фонтаната Белажио. 187 00:10:18,243 --> 00:10:20,078 Како ќе го изведе тоа? Како ќе исчезнеш? 188 00:10:20,203 --> 00:10:24,374 Кога Стивен ќе биде подготвен, ќе активира скриена електрична плоча во Коцката 189 00:10:24,499 --> 00:10:26,042 што ќе направи да изгледа празна. 190 00:10:26,167 --> 00:10:28,962 Потоа однапред снимен холограм од мене, изгледајќи прекрасно, 191 00:10:29,087 --> 00:10:31,339 ќе се појави кај фонтаната Белажио. 192 00:10:32,841 --> 00:10:34,384 Магично ќе се транспортирам. 193 00:10:34,509 --> 00:10:37,137 Како ова ќе ти помогне да продадеш билети? 194 00:10:37,262 --> 00:10:39,222 Холограмот ќе носи маица на која пишува: 195 00:10:39,347 --> 00:10:41,516 “МСГ 9/11. Билетите се во продажба.“ 196 00:10:41,641 --> 00:10:43,643 А под тоа ќе има код за скенирање 197 00:10:43,768 --> 00:10:46,479 за луѓето да купат билети штом линкот ќе се активира на полноќ. 198 00:10:46,604 --> 00:10:48,523 Некој рече “волшебник“? 199 00:10:48,648 --> 00:10:50,525 Стивен. -Не, не. 200 00:10:50,650 --> 00:10:53,319 Деб, како си? Добро? Беше зафатена? 201 00:10:53,444 --> 00:10:56,030 Спремна да ги надминеш физичките закони на овој универзум 202 00:10:56,156 --> 00:11:01,953 во опасниот спектакл што доби награда Мерлин во 2018, познат само како Коцката? 203 00:11:02,078 --> 00:11:04,038 Поспремна здравје. -Деб, 204 00:11:04,164 --> 00:11:07,500 овој трик ќе биде ептен откачен. 205 00:11:07,625 --> 00:11:10,128 Добро, те молам. Доста ми беше магија. 206 00:11:10,253 --> 00:11:12,547 Добро. Неверник. Омилени сте ми. 207 00:11:13,798 --> 00:11:14,841 Избери карта, риѓа. 208 00:11:16,551 --> 00:11:18,094 Избери. -Така. 209 00:11:18,219 --> 00:11:20,305 Не мора да го правиме ова. -Добро. 210 00:11:20,430 --> 00:11:23,433 Неодамна имав многу токсично искуство со магионичар, 211 00:11:23,558 --> 00:11:25,685 кого го терав да се бави со сексуална работа. 212 00:11:25,810 --> 00:11:27,604 Добро, тогаш не мора. 213 00:11:28,771 --> 00:11:31,024 Како...? Што? Каде...? 214 00:11:31,149 --> 00:11:33,401 Што? Каде...? Каде ја стави? 215 00:11:34,235 --> 00:11:36,571 Што направи? Каде ја снема? 216 00:11:37,280 --> 00:11:40,158 Да не беше холограм? -Не. Се гледаме. 217 00:11:41,117 --> 00:11:43,453 Неверојатно. Го обожавам. -Фантастично. 218 00:11:43,578 --> 00:11:44,913 Најдобар е. -Одлепен е. 219 00:11:45,038 --> 00:11:47,290 Магијата е стварна. -Ја стави во ракав? 220 00:11:49,417 --> 00:11:52,629 На 405 во 17 часот? Не, не, ќе го земам хеликоптерот. 221 00:11:52,754 --> 00:11:55,757 Извинете, на кратко сме. -Емоционален стрес, тато? Стварно? 222 00:11:55,882 --> 00:11:57,800 Ајде, Мајкл. Сериозен си? 223 00:11:57,926 --> 00:12:01,179 Кога Блуто отиде во затвор, не можев да спијам цела недела. 224 00:12:01,304 --> 00:12:03,306 “Блуто“? Клиентот се вика Бруно. 225 00:12:03,431 --> 00:12:05,558 Ете, да. Гледаш колку сум збунет? 226 00:12:05,683 --> 00:12:06,893 Ајде, бе. 227 00:12:07,018 --> 00:12:11,314 Имаш толку многу скапи адвокати. Ние го имаме само Корбин... 228 00:12:11,439 --> 00:12:13,483 Бернсен. -...од “Законот на Л.А.“. 229 00:12:13,608 --> 00:12:17,153 Кратко излегуваше со мајка ми, и памти многу правни работи од сценаријата. 230 00:12:18,279 --> 00:12:20,448 Имаме што имаме. -Многу се караа. Небитно. 231 00:12:21,282 --> 00:12:23,868 Види, знам дека ме мразиш и разбирам. 232 00:12:23,993 --> 00:12:26,579 Но ова ќе ја уништи Кејла. Тоа го сакаш? 233 00:12:26,704 --> 00:12:30,500 Не, не го сакам тоа. Затоа имам понуда за вас. 234 00:12:31,125 --> 00:12:32,919 Добро, што и да е. Што? 235 00:12:33,544 --> 00:12:37,131 Ако дозволите Латитјуд да ја апсорбира Шефер и Лусак, 236 00:12:37,257 --> 00:12:39,050 ќе ја повлечам тужбата. -Никако! 237 00:12:39,175 --> 00:12:42,553 Зошто би го направил тоа? -Ви реков кога ја откачив Кејла, 238 00:12:42,679 --> 00:12:45,431 го валкате презимето Шефер и ми се смачи. 239 00:12:45,556 --> 00:12:49,769 На црна листа сте низ цел град. Работите од дупка на Источната страна. 240 00:12:49,894 --> 00:12:53,439 Ви се потсмеваат. Ама за жалење сте. 241 00:12:55,233 --> 00:12:59,487 Затоа прифатете ја мојата понуда, зашто подобра нема да добиете. 242 00:12:59,612 --> 00:13:02,448 Чавки ти го испиле мозокот, душо, зашто нема шанси. 243 00:13:02,573 --> 00:13:05,243 Не по толку крв, пот и солзи што ги вложив во компанијата. 244 00:13:05,368 --> 00:13:06,828 Чекај. Ќе размислиме. 245 00:13:06,953 --> 00:13:08,746 Што? -Ќе разгледаме. 246 00:13:08,871 --> 00:13:11,207 Па, подобро разгледувајте брзо 247 00:13:11,332 --> 00:13:13,126 затоа што оваа понуда има рок. 248 00:13:13,876 --> 00:13:17,505 24 часа, почнувајќи сега. 249 00:13:17,630 --> 00:13:19,590 Добро, ќе бидеме во контакт. 250 00:13:19,716 --> 00:13:21,050 24. -Добро. 251 00:13:35,440 --> 00:13:39,610 Дами и господа, кралеви и кралици, дали сме подготвени за малку магија? 252 00:13:42,363 --> 00:13:43,823 Пред вас е една коцка. 253 00:13:43,948 --> 00:13:48,786 Коцка што ќе виси 30 метри над Лас Вегас Стрип. 254 00:13:48,911 --> 00:13:52,749 А во неа, доброволец кој магично ќе биде транспортиран 255 00:13:52,874 --> 00:13:54,834 до фонтаната Белажио. 256 00:13:54,959 --> 00:13:58,880 Кој е доволно храбар да влезе во историјата? 257 00:14:01,257 --> 00:14:04,218 Ти, со русата пунџа. Да. Дојди. 258 00:14:08,598 --> 00:14:11,476 Единствената Дебра Венс на Вегас. Каква среќа! 259 00:14:13,478 --> 00:14:15,313 Да почнеме! 260 00:14:35,625 --> 00:14:38,920 Сега Дебра е 30 метри над Вегас Стрип. 261 00:14:39,045 --> 00:14:43,216 А она што ќе се случи додека е таму ќе биде чудесно. 262 00:14:54,102 --> 00:14:56,562 Не, ова не е дел од илузијата. 263 00:14:56,687 --> 00:14:58,731 Уште еден прекин на струја! 264 00:15:01,984 --> 00:15:03,111 Што...? 265 00:15:08,199 --> 00:15:10,868 Срање. Срање. 266 00:15:10,993 --> 00:15:13,121 Ало, ало. 267 00:15:13,746 --> 00:15:15,039 Што се случи? 268 00:15:15,748 --> 00:15:19,210 Не знам. Изгледа нема струја во цел град, 269 00:15:19,335 --> 00:15:21,337 освен во хотелите со генератори. 270 00:15:22,130 --> 00:15:23,297 А во стаклени коцки? 271 00:15:23,881 --> 00:15:25,007 Не. 272 00:15:26,676 --> 00:15:29,220 Тогаш, можеби треба да ме спуштиш. 273 00:15:29,345 --> 00:15:32,557 Па, не можеме затоа што крановите се електрични, 274 00:15:32,682 --> 00:15:35,435 па ни треба струја за да те спуштиме. 275 00:15:35,560 --> 00:15:38,229 Мора да ме спуштите. -Не можеме, Деб. 276 00:15:38,354 --> 00:15:42,567 Заглавена сум овде додека не дојде струјата? 277 00:15:43,651 --> 00:15:45,027 Точно. 278 00:15:46,028 --> 00:15:49,157 Ова не е чудесно, Стивен. -Не вели така. 279 00:15:51,367 --> 00:15:52,869 Нема шанси. 280 00:15:53,494 --> 00:15:56,247 Знам дека немаме адвокат со пругаст костум 281 00:15:56,372 --> 00:15:58,207 или со профитабилен бизнис. 282 00:15:58,332 --> 00:16:00,168 Па што? Чудо големо. 283 00:16:00,668 --> 00:16:04,172 Ќе земеме заем на твојата куќа или ќе продаваме твоја сперма. 284 00:16:04,297 --> 00:16:05,798 Или ќе побараме пари од Дебра. 285 00:16:05,923 --> 00:16:08,926 Нема шанси да бараме заем од клиент. 286 00:16:09,051 --> 00:16:12,221 Ако не можеме да опстанеме од провизии, не заслужуваме да сме во бизнисот. 287 00:16:13,764 --> 00:16:16,726 Срање. Ни се празни батеријата. -Што? 288 00:16:16,851 --> 00:16:19,353 Ебате! -Ме зезаш? Како? 289 00:16:19,479 --> 00:16:21,814 Не ја наполнив, добро? Ете. 290 00:16:21,939 --> 00:16:25,026 Не можам да ги следам сите правила на оваа ужасна машина. 291 00:16:25,151 --> 00:16:27,445 Електрична е. Има само едно правило: Полни ја навечер. 292 00:16:27,570 --> 00:16:29,822 Не виде сијаличка или аларм? 293 00:16:29,947 --> 00:16:31,908 Возам, Џими, те молам. -Знам дека возиш. 294 00:16:32,033 --> 00:16:35,703 Не можам да го гледам секој уред и секое копче во колата. 295 00:16:35,828 --> 00:16:37,788 Го губиш гласот од што ми викаш. 296 00:16:37,914 --> 00:16:41,250 Имаме уште еден час до Вегас, а Дебра веќе е во Коцката. 297 00:16:42,210 --> 00:16:45,671 Ми фали моето Порше на дизел. -Леле. 298 00:16:47,089 --> 00:16:49,759 Убавице, се јавив во противпожарната служба. 299 00:16:49,884 --> 00:16:51,552 Фала богу. 300 00:16:51,677 --> 00:16:55,097 За жал, немаат скала што може да стигне до тебе. 301 00:16:55,223 --> 00:16:58,267 А и да имаа, зафатени се со други итни случаи поради прекинот. 302 00:16:58,392 --> 00:17:02,480 Бидејќи не си повредена, рекоа дека не си приоритет, што не е фер. 303 00:17:02,605 --> 00:17:05,816 Јас сум славна. Ако јас не сум приоритет, кој е? 304 00:17:05,942 --> 00:17:08,569 Нации пропаѓаат кога не ги почитуваме нашите икони. 305 00:17:08,694 --> 00:17:12,865 Точно. Да видам дали можам нешто со магија. -Престани. 306 00:17:12,990 --> 00:17:15,867 Извини. Ќе ѝ го дадам воки-токито на девојка ти. 307 00:17:15,992 --> 00:17:19,079 Таа не... -Остани мирна. Ќе биде во ред. 308 00:17:19,204 --> 00:17:23,166 Ава, морам да излезам. Ми се топи шминката. Изгледам грозно. 309 00:17:23,291 --> 00:17:25,627 Па, Памела Андерсон не носи шминка. 310 00:17:25,752 --> 00:17:28,381 Не ми ја спомнувај Памела Андерсон! 311 00:17:28,506 --> 00:17:30,424 Се трудам да докажам дека не пропаднав. 312 00:17:30,550 --> 00:17:34,595 Уште фали да личам на циркузант што виси 40 метри над булеварот! 313 00:17:34,720 --> 00:17:36,889 Не се секирај. Луѓето се разидуваат. 314 00:17:37,014 --> 00:17:38,933 Сите се фокусирани на своите итни случаи. 315 00:17:39,058 --> 00:17:41,310 Само остани смирена. Опушти се. 316 00:17:41,435 --> 00:17:44,063 Оди во твоето среќно место. “Ниман Маркус“, 90% попуст. 317 00:17:44,188 --> 00:17:46,357 Добро, добро. -Извини, кукле. 318 00:17:47,024 --> 00:17:48,317 Супер вест, Деб! 319 00:17:48,442 --> 00:17:51,654 Имам пријател во “Сирк ди Солеи“ 320 00:17:51,779 --> 00:17:54,031 и имаат голема трамбулина. 321 00:17:54,156 --> 00:17:55,575 Од оние преносливите. 322 00:17:56,242 --> 00:17:59,328 Можеш да скокнеш на неа ако сакаш. 323 00:17:59,453 --> 00:18:01,664 Ќе мора да потпишеш согласност. 324 00:18:01,789 --> 00:18:02,790 Што мислиш? 325 00:18:03,499 --> 00:18:04,875 Аман! 326 00:18:05,501 --> 00:18:07,128 Не... -Да. Добро. 327 00:18:07,253 --> 00:18:08,879 Не е по скокањето. Во ред е. 328 00:18:12,717 --> 00:18:16,721 Но изгледаш слаба таму горе. Слаба кучко. 329 00:18:35,573 --> 00:18:36,824 Јави се, Ава. 330 00:18:37,783 --> 00:18:38,784 Ава тука. 331 00:18:40,369 --> 00:18:42,496 Да ти кажам две работи. Прво: 332 00:18:43,372 --> 00:18:44,749 Ако излезам одовде... 333 00:18:46,709 --> 00:18:48,419 мора да одиме на одмор. 334 00:18:48,544 --> 00:18:51,672 Добро. Како минатиот пат кога рече “да одиме на одмор“, 335 00:18:51,797 --> 00:18:54,425 па правевме 9 настапи неделно во казино во Сингапур? 336 00:18:54,550 --> 00:18:57,845 Не. Вистински одмор. 337 00:18:59,597 --> 00:19:02,725 Добро. Баш би сакала. 338 00:19:04,477 --> 00:19:06,062 А што е второто? 339 00:19:06,979 --> 00:19:09,148 Морам да мочам. -Срање. 340 00:19:09,273 --> 00:19:11,108 Коцката како да е малку накривена. 341 00:19:11,233 --> 00:19:13,944 Оди во ќош и гравитацијата ќе заврши работа. 342 00:19:14,070 --> 00:19:16,405 Леле. -Ептен лоша идеја. 343 00:19:18,199 --> 00:19:19,533 А чевлите? 344 00:19:19,659 --> 00:19:23,245 Апсолутно не. Нема да мочам во чевлите! 345 00:19:24,163 --> 00:19:25,289 Имаш подобра идеја? 346 00:19:29,210 --> 00:19:32,463 Ова е најглупавата работа што сум ја направила. 347 00:19:32,588 --> 00:19:34,840 А излегов со Садам Хусеин. 348 00:19:34,965 --> 00:19:36,425 Ми рече си го одбила. 349 00:19:36,550 --> 00:19:39,053 Па, излажав. Беа '80-тите. Тогаш беше добар. 350 00:19:40,471 --> 00:19:42,598 Ќе го обожаваше. Беше бисексуалец. 351 00:19:44,642 --> 00:19:45,810 Мислам дека ова е карма. 352 00:19:45,935 --> 00:19:49,939 За сите шеги за бебето Џесика што падна во бунар. 353 00:19:50,064 --> 00:19:53,067 Не, не е карма. Веројатно се климатските промени. 354 00:19:53,192 --> 00:19:55,194 Она за кое цело време зборувам? 355 00:19:55,319 --> 00:19:57,113 Вакви прекини ќе има сѐ повеќе. 356 00:19:57,697 --> 00:20:01,075 Зошто си го правам ова? 357 00:20:02,284 --> 00:20:05,579 Затоа што му кажа на светот и на Аманда Вајнберг 358 00:20:05,705 --> 00:20:08,541 дека ќе го распродадеш МСГ, па ти требаше публика. 359 00:20:08,666 --> 00:20:10,584 А можев само, знаеш, 360 00:20:10,710 --> 00:20:16,841 да објавам скриншот од белешка или фото или да го направам видеото со Катја. 361 00:20:17,675 --> 00:20:19,427 Нешто помалку лудо од ова. 362 00:20:19,552 --> 00:20:22,972 Требаше да се пробиеш и да привлечеш внимание, па ти ја затнаа устата. 363 00:20:23,097 --> 00:20:24,682 Затоа направи што мораше. 364 00:20:25,683 --> 00:20:29,270 Мислам дека најдобро работиш кога си притисната в ќош. 365 00:20:29,395 --> 00:20:31,814 Или во Коцка. -Да. 366 00:20:34,066 --> 00:20:35,192 Каква иронија. 367 00:20:37,611 --> 00:20:40,448 Се трудам некрологот да не ми биде голема срамота. 368 00:20:41,782 --> 00:20:46,537 Сега веројатно ќе пишува: “Дебра Венс почина до чевел полн со мочка.“ 369 00:20:49,331 --> 00:20:50,624 Барем е посмешен. 370 00:20:59,049 --> 00:21:02,511 Толку многу се трудам да не изгледам луда. 371 00:21:05,055 --> 00:21:07,016 Сега изгледам уште полуда. 372 00:21:08,100 --> 00:21:11,061 Дебра, не изгледаш луда. Стварно си луда. 373 00:21:11,687 --> 00:21:13,481 Еј! -Влезе во стаклена кутија 374 00:21:13,606 --> 00:21:17,568 и висиш над Лас Вегас Стрип за да промовираш комично шоу. 375 00:21:18,194 --> 00:21:21,030 Луда си по твојата работа и ќе направиш сѐ за неа. 376 00:21:21,155 --> 00:21:25,075 И тоа е кул. Па што ако некој те види. 377 00:21:27,369 --> 00:21:29,955 А и никој не обрнува внимание. 378 00:21:30,998 --> 00:21:34,794 Во најголем дел. Многу други работи се случуваат. 379 00:21:34,919 --> 00:21:37,963 А прекините не траат долго. Не си во голема опасност. 380 00:21:42,301 --> 00:21:44,345 А што ако луѓето мислат дека сум? 381 00:21:46,388 --> 00:21:48,682 Што? -Викни го Демиен. 382 00:21:48,808 --> 00:21:52,812 Јави се од мојот телефон на Дени од Канал 6 и на градоначалничката Џо. 383 00:21:54,230 --> 00:21:56,607 Веднаш! -Демиен! 384 00:22:03,864 --> 00:22:06,200 Туркаш? -Туркам. 385 00:22:09,829 --> 00:22:14,083 Ми треба пауза. Извини. -Добро. Одмори се. 386 00:22:23,467 --> 00:22:24,760 Не можам. 387 00:22:25,761 --> 00:22:27,429 Не му попуштам на татко ми. 388 00:22:28,347 --> 00:22:30,099 Мислиш сакам да се вратам во Латитјуд? 389 00:22:30,850 --> 00:22:34,061 Ако дојдев рано, ме нарекуваа губитник. 390 00:22:34,186 --> 00:22:36,814 Ако задоцнев, велеа сум мастурбирал. Не сакам. 391 00:22:36,939 --> 00:22:38,858 Па зошто го правиме тоа? 392 00:22:38,983 --> 00:22:40,609 За нашите клиенти. 393 00:22:41,986 --> 00:22:44,697 Сакаш да се бориш со ова затоа што мислиш 394 00:22:44,822 --> 00:22:46,365 дека е правилно или заради егото? 395 00:22:46,490 --> 00:22:48,033 Егото! -Добро. 396 00:22:48,158 --> 00:22:52,538 Па, види, немаме средства за да се бориме. 397 00:22:53,330 --> 00:22:56,709 А и да имавме, тоа не е во ред за талентите. 398 00:22:56,834 --> 00:22:59,545 На црна листа сме. Не можеме да имаме нов бизнис. 399 00:23:00,296 --> 00:23:04,550 Ако се вратиме, барем ќе бидеме заштитени од Латитјуд. 400 00:23:04,675 --> 00:23:06,969 И, уште поважно, клиентите ќе бидат заштитени. 401 00:23:08,762 --> 00:23:09,847 Но тогаш... 402 00:23:11,140 --> 00:23:13,017 Но тогаш Латитјуд ќе победи. 403 00:23:17,771 --> 00:23:21,317 А татко ми ќе нѐ држи под контрола. Не е фер. 404 00:23:24,194 --> 00:23:28,115 Тоа ми го прави цел живот, а сега и на мојот најдобар другар. 405 00:23:30,492 --> 00:23:33,037 Правиш толку многу за Дебра. 406 00:23:33,162 --> 00:23:36,081 Нема да добиеш никакво признание. Тој ќе го добие. 407 00:23:36,206 --> 00:23:37,416 Навистина вреди? 408 00:23:41,086 --> 00:23:42,087 Знаеш... 409 00:23:43,839 --> 00:23:47,593 Кога бев дете, сакав ТВ и филмови. Само тоа сакав да правам, но... 410 00:23:48,469 --> 00:23:52,723 Едноставно, не сум креативен. Мојот талент е да им помагам на талентите. 411 00:23:54,350 --> 00:23:56,727 Кога победуваат, чувствувам дека и јас победувам, но... 412 00:23:57,519 --> 00:24:02,316 единствениот начин да го направиме тоа е ако одиме со Латитјуд. 413 00:24:06,153 --> 00:24:07,154 Добро. 414 00:24:09,323 --> 00:24:10,324 Сигурна си? 415 00:24:12,284 --> 00:24:13,285 Да. 416 00:24:15,913 --> 00:24:17,998 Штета што Шефер и Лусак не успеа. 417 00:24:18,749 --> 00:24:21,502 Но беше стварно забавно додека траеше. 418 00:24:25,172 --> 00:24:27,383 Сакаш да знаеш зошто влегов во овој бизнис? 419 00:24:27,508 --> 00:24:28,634 Зошто? 420 00:24:29,593 --> 00:24:31,053 За да бидам со тебе. 421 00:24:32,054 --> 00:24:33,055 Фала. 422 00:24:35,349 --> 00:24:37,226 Те сакам. -И јас те сакам. 423 00:24:39,728 --> 00:24:41,021 Добро. Соземи се! 424 00:24:41,146 --> 00:24:44,149 Мора да ја однесеме оваа кола на станица за полнење. 425 00:24:48,278 --> 00:24:49,780 И ме болат бутовите. 426 00:24:49,905 --> 00:24:51,824 Ќе треба да ми го измасираш газот после. 427 00:24:51,949 --> 00:24:53,158 Добро. 428 00:24:54,702 --> 00:24:56,912 Дебра, доаѓаме! 429 00:24:59,081 --> 00:25:01,959 Вонредна вест. Дискредитираната комичарка Дебра Венс... 430 00:25:02,084 --> 00:25:05,295 Поранешната водителка на ноќно шоу, Дебра Венс... 431 00:25:05,421 --> 00:25:07,881 Според извори на теренот, нема како да ја симнат. 432 00:25:08,007 --> 00:25:10,676 ...на Си-Ен-Ен, и ќе ве известиме за најновите детали. 433 00:25:10,801 --> 00:25:14,054 Граѓани на Лас Вегас, жал ми е што морам да објавам 434 00:25:14,179 --> 00:25:18,726 дека мојата многу драга пријателка, Дебра Венс, опасно виси над булеварот 435 00:25:18,851 --> 00:25:20,561 без очигледен излез. 436 00:25:20,686 --> 00:25:23,814 Се обратив до противпожарната и до полицијата. 437 00:25:23,939 --> 00:25:27,234 Се обратив и до моите силни пријатели во Тандер Даун Андер 438 00:25:27,359 --> 00:25:30,571 да видам дали можат да ја фатат, но ме оставија на “прочитано“. 439 00:25:31,572 --> 00:25:34,158 Ова е ситуација чувствителна на време. 440 00:25:34,283 --> 00:25:36,994 Ако струјата не се врати до утро 441 00:25:37,119 --> 00:25:41,623 и жешкото вегаско сонце изгрее над стаклената коцка, 442 00:25:41,749 --> 00:25:44,460 Дебра ќе се испржи како јајце за 30 минути. 443 00:25:44,585 --> 00:25:46,920 Ќе биде жива изгорена. 444 00:25:48,464 --> 00:25:50,132 Но бидете спокојни. 445 00:25:50,966 --> 00:25:53,719 Затоа што ако тоа се случи или ако падне, 446 00:25:54,428 --> 00:25:56,180 подготвена сум да пукам... 447 00:25:57,264 --> 00:25:59,099 додека е во воздух, пред да падне. 448 00:25:59,224 --> 00:26:02,269 Нема да страда во вегетативна состојба со месеци. 449 00:26:02,394 --> 00:26:04,897 Ќе биде мртва пред ударот. 450 00:26:06,982 --> 00:26:08,025 Затоа што ја сакам. 451 00:26:09,109 --> 00:26:11,904 А ве сакам и вас. Бог да ја благослови Америка. 452 00:26:12,029 --> 00:26:13,280 Микрофон ти мириса чудно. 453 00:26:15,949 --> 00:26:20,037 Погледнете ја. Колку е бледа и кревка. 454 00:26:20,162 --> 00:26:23,415 Дами и господа, ова може да биде уште една мртва жена на Вегас Стрип. 455 00:26:34,551 --> 00:26:38,680 ПОМОГНЕТЕ МИ 456 00:26:42,726 --> 00:26:44,353 ДА ПРОДАДАМ БИЛЕТИ 457 00:26:44,478 --> 00:26:46,980 Таа најавува билети за новото шоу. 458 00:26:47,106 --> 00:26:48,774 Добра идеја. 459 00:27:00,202 --> 00:27:01,829 Сѐ уште сум жива, народе! 460 00:27:04,039 --> 00:27:06,375 “Народе“ се врати. Што е ова? 461 00:27:11,797 --> 00:27:13,340 Погледнете ја само. 462 00:27:13,465 --> 00:27:17,761 Сѐ уште работи за да ве забавува. Секогаш врвен професионалец. 463 00:27:19,054 --> 00:27:20,222 Ако преживее, 464 00:27:20,347 --> 00:27:23,517 дефинитивно би ја гледала во Медисон Сквер Гарден. 465 00:27:23,642 --> 00:27:25,185 Ама не. Дефинитивно ќе умре. 466 00:27:28,814 --> 00:27:30,357 Леле, ама е секси, а? 467 00:27:30,482 --> 00:27:34,570 Сигурна сум дека тоа е традиционален кловновски мексикански танц. 468 00:27:34,695 --> 00:27:37,364 Или мексикански кловновски танц. Белки не навредив никого. 469 00:27:37,489 --> 00:27:40,033 Си ја сакаме мексиканската заедница во Вегас. 470 00:27:42,703 --> 00:27:44,329 Каде се? 471 00:27:44,454 --> 00:27:47,624 Извинете. -Извинете, извинете. 472 00:27:47,749 --> 00:27:48,834 Извинете што доцниме. 473 00:27:48,959 --> 00:27:51,920 Сѐ пропуштивме. Добро сте? 474 00:27:52,045 --> 00:27:53,046 Да, сме. 475 00:27:53,172 --> 00:27:55,424 Имаше момент кога играше Даги 476 00:27:55,549 --> 00:27:56,925 и Коцката се нишаше. 477 00:27:57,050 --> 00:27:58,760 Мислевме дека ќе падне на земја. 478 00:27:58,886 --> 00:28:01,388 Но продаде голем број. -Добра е. Вие двајца добри? 479 00:28:02,306 --> 00:28:03,724 Да. Добри. -Да. 480 00:28:03,849 --> 00:28:06,685 Сега си официјално клиент на Латитјуд 481 00:28:06,810 --> 00:28:09,146 зашто ја презедоа Шефер и Лусак. 482 00:28:09,271 --> 00:28:12,107 Сѐ уште си ми менаџер? -Да, секако. 483 00:28:12,232 --> 00:28:13,775 Тогаш, не ми е гајле. 484 00:28:16,111 --> 00:28:20,073 Дебра! Јас сум, Кејла. Супер изгледаш. 485 00:28:20,741 --> 00:28:23,243 Изгледа за никаде. -Кејла. -Што? 486 00:28:23,368 --> 00:28:25,412 Не изгледа супер. -Изгледала и подобро. 487 00:28:25,537 --> 00:28:27,414 Ја туркавме колата пола пат. 488 00:28:27,539 --> 00:28:29,082 Што? -А сепак изгледаме добро. 489 00:28:30,584 --> 00:28:32,336 Да. -Да. 490 00:28:37,883 --> 00:28:39,927 Спуштете ме! 491 00:28:40,052 --> 00:28:42,304 Да ја спуштиме. -Спуштете ја. 492 00:28:42,429 --> 00:28:45,974 Спуштете ја. Спуштете ја. 493 00:28:46,099 --> 00:28:49,102 Спуштете ја. Спуштете ја. 494 00:28:53,482 --> 00:28:56,818 120/80. Совршено. Притисокот ѝ е совршен. 495 00:28:56,944 --> 00:28:58,070 Од Гарден. 496 00:28:59,696 --> 00:29:00,697 Добро. 497 00:29:01,490 --> 00:29:02,616 Ја имате Дебра. 498 00:29:02,741 --> 00:29:05,327 Отвори ми голема конзерва супа со букви 499 00:29:05,452 --> 00:29:07,287 зашто морам да си ги изедам зборовите. 500 00:29:07,412 --> 00:29:11,917 Дебра Венс, го распродаде Медисон Сквер Гарден, сестро. 501 00:29:12,042 --> 00:29:14,169 Боже. -Што? 502 00:29:15,420 --> 00:29:17,297 Да? Веќе распродадено? 503 00:29:17,422 --> 00:29:19,716 За десет минути, срцка. 504 00:29:20,509 --> 00:29:21,802 Изгледа трикот ти успеа. 505 00:29:21,927 --> 00:29:23,845 Изгледа единственото што се продава освен секс 506 00:29:23,971 --> 00:29:25,806 е да гледаш милионерка како речиси умира. 507 00:29:26,765 --> 00:29:28,558 Како и да е, се гледаме во Њујорк. 508 00:29:33,188 --> 00:29:36,566 Ова не е нормално! 509 00:29:37,567 --> 00:29:40,237 Г-о Венс, треба да земете електролити. 510 00:29:40,362 --> 00:29:42,948 Душо, не. Без шеќер. -Дебра. 511 00:29:43,073 --> 00:29:45,951 Што е? Да ме собере во бикини за на одмор. 512 00:29:47,244 --> 00:29:48,954 Навистина го мислеше тоа? -Да. 513 00:29:51,581 --> 00:29:53,750 Јас ќе го земам. Фала. 514 00:29:53,875 --> 00:29:56,461 Честитки, Дебра. Заслужено. -Фала. 515 00:29:56,586 --> 00:29:59,381 25.000 седишта! -25.000 седишта! 516 00:29:59,506 --> 00:30:00,716 Е, сега ме фаќа страв. 517 00:30:00,841 --> 00:30:02,592 Ава. -Добро си? 518 00:30:05,137 --> 00:30:07,389 Срање! -Боже! 519 00:30:08,015 --> 00:30:09,016 Тоа е... 520 00:30:09,766 --> 00:30:11,560 Двојка срце! 521 00:30:21,570 --> 00:30:23,030 Види го местово. 522 00:30:23,530 --> 00:30:26,950 Мајкл, само сакам нашите клиенти да се згрижени 523 00:30:27,075 --> 00:30:28,994 и Кејла и Ранди да напредуваат овде. 524 00:30:29,119 --> 00:30:32,789 Да. Ќе бидат добро згрижени. Сите. Но ти... 525 00:30:33,999 --> 00:30:38,712 Не сум баш сигурен дека треба да ставиме уште еден белец на лидерска позиција. 526 00:30:39,671 --> 00:30:44,009 Знаеш, како ќе изгледа. Разбираш. Го сакаш целото тоа “воук“ срање. 527 00:30:44,634 --> 00:30:48,347 Да. Но, да, лесно е за мене. Стави ме на било кое биро. 528 00:30:49,598 --> 00:30:54,269 Па, за тебе не мислевме баш биро. 529 00:30:55,479 --> 00:30:58,482 А што мислевте? -Ќе го обожаваш ова. 530 00:31:20,796 --> 00:31:23,340 Имаш пошта. Повели. 531 00:31:28,720 --> 00:31:32,015 Добро утро. Здраво. Добро. 532 00:31:37,354 --> 00:31:40,982 ДЕБРА ВЕНС ГО РАСПРОДАДЕ МСГ И СЕ ВРАТИ ДОМА ВО ЛАТИТЈУД 533 00:33:01,605 --> 00:33:03,607 Превод: Сандра Авросиевска