1 00:00:05,922 --> 00:00:08,758 А сега, накратко за Ванеса. 2 00:00:09,259 --> 00:00:12,512 Порано изведував една точка во која одев по ресторани 3 00:00:12,512 --> 00:00:14,889 и се преправав дека ме извисиле. 4 00:00:16,516 --> 00:00:19,310 Ќе си добиев бесплатна вечера и ќе си отидев. 5 00:00:19,519 --> 00:00:22,689 Извинете. Многу ми е жал. 6 00:00:22,689 --> 00:00:26,860 Може да ги обвинам виното или месечината, ама една вечер 7 00:00:26,860 --> 00:00:29,446 келнерот многу ме привлече. 8 00:00:30,780 --> 00:00:33,241 Здраво. - Како си? 9 00:00:34,826 --> 00:00:35,827 Баш си несмасна. 10 00:00:35,827 --> 00:00:40,081 Таман сакав утредента да си одам од неговата соба во студентскиот, 11 00:00:40,081 --> 00:00:41,708 кога за првпат забележав нешто чудно. 12 00:00:41,708 --> 00:00:44,127 Празно шише од спортскиoт напиток "геторејд". 13 00:00:44,627 --> 00:00:49,257 Набргу научив дека сите млади хетеро мажи опсесивно собираат такви шишиња 14 00:00:49,257 --> 00:00:50,675 во спалните соби. 15 00:00:51,301 --> 00:00:54,179 Другпат, пак, бев во друг ресторан, 16 00:00:54,179 --> 00:00:56,765 каде што ме служеше друг келнер, 17 00:00:57,265 --> 00:00:59,684 ама нешто како да ми беше познато. 18 00:00:59,684 --> 00:01:02,604 Без разлика во кој ресторан бев, кој келнер ме служеше, 19 00:01:02,604 --> 00:01:06,024 во кој студентски дом ќе завршев, повторно истиот симбол. 20 00:01:06,733 --> 00:01:09,486 Раскажи ми за фигурава. - Како мислиш? 21 00:01:09,486 --> 00:01:14,532 Олтаров. Шишињава. - Онака сум ги оставил. 22 00:01:15,283 --> 00:01:18,411 Од авион се гледа дека не се оставени "онака". 23 00:01:18,411 --> 00:01:20,955 Како да беа договорени. 24 00:01:22,207 --> 00:01:24,250 Ќе ми кажеш ли за шишињава? 25 00:01:24,250 --> 00:01:28,505 Знаеш, со колоквиумскава недела, 26 00:01:28,505 --> 00:01:31,007 ќе треба да го сменам менторот, 27 00:01:31,132 --> 00:01:33,051 особено ако сакам да одам во странство. 28 00:01:34,844 --> 00:01:35,929 Така. 29 00:01:36,429 --> 00:01:39,432 Требаше ли да претставуваат можности? 30 00:01:39,432 --> 00:01:40,725 Потенцијал? 31 00:01:41,601 --> 00:01:42,894 Вкусно ли е јадењето? 32 00:01:44,396 --> 00:01:45,814 Убаво е. 33 00:01:45,814 --> 00:01:49,275 Можеби не беше мое да разберам. 34 00:01:49,275 --> 00:01:52,278 Можеби со нивната тапост ми кажуваа: 35 00:01:52,278 --> 00:01:54,531 "Не се мешај, Ванеса. 36 00:01:54,531 --> 00:01:59,119 Ти си имаш свој живот, кариера, преубава облека. 37 00:01:59,119 --> 00:02:01,705 А ние, ние го имаме ова. 38 00:02:09,087 --> 00:02:11,923 Добро. Само да земам крпа. 39 00:02:27,063 --> 00:02:28,189 Благодарам. 40 00:02:33,445 --> 00:02:35,905 Добро. Чекај малку. Што ми кажуваш? 41 00:02:36,531 --> 00:02:41,536 Ова со бемката не е проблемот. 42 00:02:41,536 --> 00:02:45,874 Тоа е едноставно сад за вистинскиот проблем, и... 43 00:02:47,334 --> 00:02:49,085 Ми летна мислата. Како и да е. 44 00:02:49,085 --> 00:02:52,380 Поентата ми беше дека твојот проблем не е бемката. 45 00:02:52,380 --> 00:02:55,717 Проблем ти е што ти треба доказ за постоење за да изнајмиш стан. 46 00:02:56,134 --> 00:02:58,595 Само што дојдов кај тебе. 47 00:02:58,595 --> 00:02:59,679 Да не бидам вулгарна, 48 00:02:59,679 --> 00:03:02,349 ама тоалетната ти се потрошила. 49 00:03:04,309 --> 00:03:05,310 Ало? 50 00:03:05,310 --> 00:03:10,273 ФАНТАЗМИ 51 00:03:25,330 --> 00:03:27,791 Добре дојдовте на преглед. - Здраво. 52 00:03:27,791 --> 00:03:29,876 Здраво. - Јас сум Хулио. Водолија сум. 53 00:03:29,876 --> 00:03:31,336 Кога бев мал ме удри гром, 54 00:03:31,336 --> 00:03:33,129 па сега малку поинаку гледам на светот. 55 00:03:33,129 --> 00:03:34,964 Алергичен сум на жолта боја. 56 00:03:34,964 --> 00:03:36,216 Ви остануваат уште 90 секунди. 57 00:03:37,884 --> 00:03:39,803 Добро. Дојдов овде 58 00:03:39,928 --> 00:03:43,181 зашто бемкава ми порасна. 59 00:03:45,141 --> 00:03:47,060 Не е порасната, тоа ви е белег од раѓање. 60 00:03:48,186 --> 00:03:51,981 Порасната е. - Не е точно. 61 00:03:54,025 --> 00:03:55,985 Нејќам да ме тужи осигурителна компанија. 62 00:03:56,111 --> 00:03:58,321 Ќе му кажам дека е во ред. 63 00:03:58,321 --> 00:04:00,615 Вие можеби не мислите така, 64 00:04:00,615 --> 00:04:03,535 ама можно е да има пораснато. 65 00:04:03,660 --> 00:04:05,704 Мене не ми изгледа сомнително. 66 00:04:06,955 --> 00:04:09,791 Добро, ама не можете да кажете дали е сомнително 67 00:04:09,791 --> 00:04:10,959 дури не направите биопсија. 68 00:04:11,084 --> 00:04:12,919 Ме разбирате? - Ве разбирам. 69 00:04:12,919 --> 00:04:15,630 Наместо залудно да трошите време, 70 00:04:15,630 --> 00:04:18,091 зашто да не земеме примерок за биопсија? 71 00:04:18,091 --> 00:04:20,844 Тоа од што стравувате 72 00:04:20,844 --> 00:04:25,223 се случува во 0,000000000... 73 00:04:25,223 --> 00:04:27,392 Ви остануваат уште 20 секунди. 74 00:04:27,392 --> 00:04:31,855 ...0000000001% од случаите. 75 00:04:33,773 --> 00:04:35,859 Тој сум. Тоа е работата. 76 00:04:36,443 --> 00:04:38,278 Го имате ли мерено? 77 00:04:38,278 --> 00:04:40,822 Имате уште 10 секунди. - Сигурен ли сте дека белегот пораснал? 78 00:04:40,822 --> 00:04:43,700 Да, зашто бемката беше иста по големина 79 00:04:43,700 --> 00:04:46,244 со една обетка што ја изгубив 80 00:04:46,244 --> 00:04:48,163 на квир журка. - Три... 81 00:04:48,163 --> 00:04:49,497 Ако ја најдам... - ...два... 82 00:04:49,497 --> 00:04:51,541 ...можам да ви докажам дека... - ...еден. 83 00:04:51,541 --> 00:04:54,127 Прегледот заврши. - Знам дека ни истекува времето, 84 00:04:54,127 --> 00:04:59,341 ама ќе ви докажам дека е порасната и може да направиме биопсија. 85 00:04:59,466 --> 00:05:02,719 Добро. Со среќа нека ви е, пациенту од ординација пет. 86 00:05:03,553 --> 00:05:04,888 Кој е следен? 87 00:05:04,888 --> 00:05:08,350 Ви благодариме што нè одбравте. Внимавајте да не заборавите нешто. 88 00:05:08,350 --> 00:05:10,226 Малата острига мора да е во клубот! 89 00:05:14,356 --> 00:05:15,774 Не е овде. 90 00:05:16,441 --> 00:05:17,901 Колкава беше? 91 00:05:17,901 --> 00:05:20,987 Замисли го најмалото нешто што може да ти текне. 92 00:05:20,987 --> 00:05:22,155 Добро. 93 00:05:23,031 --> 00:05:24,199 Помала и од тоа. 94 00:05:29,245 --> 00:05:30,497 Бибо е на телефон! 95 00:05:30,497 --> 00:05:32,207 Што е, Бибо? Зафатен сум. 96 00:05:32,207 --> 00:05:34,959 Треба да најдеш стан пред да те исфрлат од овој. 97 00:05:34,959 --> 00:05:36,920 Се слушнав со Мона. Те чека. 98 00:05:39,005 --> 00:05:40,090 Чао. 99 00:05:46,179 --> 00:05:48,056 Види колку е убав. 100 00:05:48,056 --> 00:05:52,560 Ти следува и клуч за поштенско сандаче и машини за перење и за сушење алишта. 101 00:05:53,895 --> 00:05:56,398 Можеш да ги собираш блиските за да гледате филм, 102 00:05:56,398 --> 00:05:57,649 а ти следуваат и попусти, 103 00:05:57,649 --> 00:06:00,235 како и други ексклузивни подобности, 104 00:06:00,235 --> 00:06:03,029 кои ти се достапни на веб-страницата. 105 00:06:03,029 --> 00:06:04,239 Не ми се допаѓа. - Не? 106 00:06:04,239 --> 00:06:07,283 Не сакам животот да ми се врти околу... 107 00:06:08,326 --> 00:06:09,452 Погодности. 108 00:06:10,245 --> 00:06:12,080 Имаш ли нешто поуникатно? 109 00:06:12,080 --> 00:06:14,541 Можеби во саат-кула или со влез преку бунар? 110 00:06:14,666 --> 00:06:17,877 Местово има посебна енергија. 111 00:06:17,877 --> 00:06:19,170 Треба да се пријавиш. 112 00:06:19,170 --> 00:06:20,588 Ти треба само доказ. 113 00:06:22,382 --> 00:06:24,884 Немам таква легитимација. - Немаш? А зошто? 114 00:06:24,884 --> 00:06:27,554 Зашто не верувам во такви работи. 115 00:06:29,014 --> 00:06:30,223 Многу кул од твоја страна. 116 00:06:31,099 --> 00:06:33,560 "Бонжур". Јас сум. 117 00:06:34,394 --> 00:06:36,438 Се вратив во големиот град. 118 00:06:36,438 --> 00:06:39,691 Штета е да не се видам со омилениот сенатор. 119 00:06:39,691 --> 00:06:42,902 На нашето место? Во исто време. 120 00:06:44,195 --> 00:06:45,196 Чао. 121 00:06:47,907 --> 00:06:50,952 Хулио, си најде ли стан? 122 00:06:50,952 --> 00:06:54,748 Секако дека не. Сите ми го бараат тоа глупото, ебате. 123 00:06:56,082 --> 00:06:58,376 Лозинката уште ли ти е "СојДониДарко"? 124 00:07:00,462 --> 00:07:01,713 Знам сè. 125 00:07:05,884 --> 00:07:08,553 Значи, треба само да пополнам податоци преку интернет? 126 00:07:08,553 --> 00:07:09,637 Мислам дека да. 127 00:07:10,013 --> 00:07:13,475 Ама бараат податоци што... 128 00:07:13,475 --> 00:07:16,853 Мислам како можам... Треба да наведам име, презиме? 129 00:07:17,354 --> 00:07:18,646 Можеш ти, душо. 130 00:07:19,689 --> 00:07:22,442 ДОКАЗ ЗА ПОСТОЕЊЕ 131 00:07:22,692 --> 00:07:23,735 Ајде. 132 00:07:27,781 --> 00:07:28,990 Ајде. 133 00:07:32,160 --> 00:07:33,370 Стисни тука. 134 00:07:45,006 --> 00:07:46,132 Ајде. 135 00:07:47,133 --> 00:07:50,220 Нели е подобро да ја барам остригата 136 00:07:50,220 --> 00:07:52,430 за да докажам дека бемката е порасната? 137 00:07:52,764 --> 00:07:54,557 Мислам дека на тоа треба да се фокусирам. 138 00:07:55,392 --> 00:07:56,893 Знам дека ја изгубив во клубот. 139 00:07:56,893 --> 00:07:59,521 Сигурен сум. Само не знам како или... 140 00:08:05,568 --> 00:08:09,114 Чекај, танцував со тој малиот инфлуенсер. 141 00:08:10,532 --> 00:08:13,201 Тоа е тоа. Треба да му го испразнам малиот желудник. 142 00:08:13,201 --> 00:08:14,285 Хулио. 143 00:08:14,285 --> 00:08:16,788 Ќе го најдам и ќе го носам на ургентно. 144 00:08:16,996 --> 00:08:19,666 Кажи му на Бибо дека ја откажуваме вечерата, зафатен сум. 145 00:08:20,250 --> 00:08:23,003 Добре дојдовте во програма. Ќе слушнеме сведочење... 146 00:08:23,003 --> 00:08:26,256 Срце, не можам да му се изнагледам на судењево. 147 00:08:26,256 --> 00:08:28,341 Не ми кажувај дека не знаеш што се случува. 148 00:08:28,341 --> 00:08:32,887 Елфов Додо ми е херој. Го тужи Дедо Мраз за неплатена работа. 149 00:08:33,763 --> 00:08:36,433 Хаос се, жими сè. 150 00:08:36,433 --> 00:08:40,520 Како вие го разбравте вашиот договор за работа со господин Мраз? 151 00:08:40,520 --> 00:08:41,813 ТУЖИТЕЛ - ДОДО ТУЖБА ЗА НЕПЛАТЕН ТРУД 152 00:08:41,813 --> 00:08:44,274 Слушнав како господин Мраз вели... 153 00:08:44,399 --> 00:08:47,027 Приговор. Непотврдени шпекулации. - Се прифаќа. 154 00:08:49,446 --> 00:08:52,157 Се сеќавам... 155 00:08:53,408 --> 00:08:55,035 Како што разбрав јас... 156 00:08:55,035 --> 00:08:56,494 ОБВИНЕТ Г. МРАЗ "СЕВЕРЕН ПОЛ", ДИРЕКТОР 157 00:08:56,494 --> 00:08:58,788 ...сите ние, 158 00:08:58,788 --> 00:09:02,042 елфовите, ирвасите, па и Дедо Мраз, 159 00:09:03,043 --> 00:09:04,669 работиме од љубов кон Божиќ. 160 00:09:05,337 --> 00:09:07,839 Ама не беше така, нели? 161 00:09:07,964 --> 00:09:11,801 Забележавте дека господин Мраз заработувал од вашата работа. 162 00:09:11,801 --> 00:09:13,094 Така е. 163 00:09:13,094 --> 00:09:17,307 Не заработува директно, ама склучува договори 164 00:09:17,307 --> 00:09:22,479 со Кока-Кола, со трговски центри, со филмови, оди на турнеи. 165 00:09:23,146 --> 00:09:27,192 Да не зборувам дека сите му даваат млеко и колачи чисто онака. 166 00:09:29,736 --> 00:09:32,238 Додо го држи Дедо Мраз за јајца, ако ме прашуваш мене. 167 00:09:32,989 --> 00:09:36,242 Јас навивам за Додо, жими сè. Дедо Мраз не му може ништо. 168 00:09:36,242 --> 00:09:37,994 Судењево е главна тема на муабет. 169 00:09:37,994 --> 00:09:40,955 Кажи ми ти мене, срце, зошто газдата на станот ми рече: 170 00:09:40,955 --> 00:09:43,291 "Елфовите го бојкотираат Божиќ"? 171 00:09:43,291 --> 00:09:45,210 Молам? Кој збори така, бе, срце? 172 00:09:45,210 --> 00:09:48,713 Ми изнакажа и некои глупости дека ако елфовите сакале да им се плати, 173 00:09:48,713 --> 00:09:50,882 требало сами да ги доставуваат подароците. 174 00:09:51,007 --> 00:09:53,343 Па кај кого се клучевите од санката? 175 00:09:53,343 --> 00:09:56,429 Кај Дедо Мраз. - Точно, тоа викам и јас. 176 00:09:56,429 --> 00:09:59,766 Ги обожавам оние што се борат за она во што веруваат. 177 00:09:59,766 --> 00:10:01,601 А Додо баш тоа го прави, нели? 178 00:10:01,726 --> 00:10:02,727 СКАЈЛЕР4ЕВЕР - ДЕН ЗА СЕЛЕЊЕ 179 00:10:02,852 --> 00:10:04,104 И не само што го прави тоа, 180 00:10:04,104 --> 00:10:05,438 туку и многу е добар. 181 00:10:05,438 --> 00:10:06,856 Здраво, мали мои потрошувачи. 182 00:10:06,981 --> 00:10:09,693 Само што се преселив во становите на "Бенк оф Америка", 183 00:10:09,693 --> 00:10:12,529 а зградава е празна. 184 00:10:12,529 --> 00:10:16,866 Овде сме само јас и мојата најдобра другарка, а сега комшика, Џина. 185 00:10:16,866 --> 00:10:17,951 Ве молам, не нè убивајте. 186 00:10:17,951 --> 00:10:19,994 Јасно ми е. - Честер, вози! 187 00:10:20,161 --> 00:10:21,246 Моја грешка. 188 00:10:21,955 --> 00:10:24,457 Срце, видоа дека доаѓам. И онака ќе застанеа. 189 00:10:24,457 --> 00:10:25,583 ДОДАЈ КОМЕНТАР... ПРЕБАРАЈ ЕМОЏИ 190 00:10:25,583 --> 00:10:28,086 Да, да, продолжи да одиш... - Чекај малку. 191 00:10:28,086 --> 00:10:29,546 Нема емоџи за: 192 00:10:29,671 --> 00:10:32,799 "Не те обвинувам за ништо, ама мислам дека си ми ја голтнал остригата." 193 00:10:33,341 --> 00:10:35,427 Не ми требаат овие емоџиња. 194 00:10:36,553 --> 00:10:41,016 Ми треба емоџи со градина полна со испокршени статуи, 195 00:10:41,016 --> 00:10:43,226 а секоја статуа да претставува мој бивши. 196 00:10:43,685 --> 00:10:47,105 Ќе ми треба ако некој ми напише: "Еј, кој е во клубот?" 197 00:10:48,148 --> 00:10:51,359 Емоџи, лажица од "Убавицата и ѕверот", 198 00:10:51,818 --> 00:10:54,446 која конечно повторно станува човек, 199 00:10:54,446 --> 00:10:57,115 а потоа сфаќа дека сè уште е слуга. 200 00:10:57,115 --> 00:10:58,283 Јасно. 201 00:10:58,283 --> 00:11:00,827 Тоа е за кога ќе те унапредат на работа. 202 00:11:00,827 --> 00:11:02,037 Сакате ли грозје, господине? 203 00:11:02,704 --> 00:11:06,041 Или емоџи-портокал што се нашминкал за да личи на праска. 204 00:11:07,417 --> 00:11:10,837 Ќе ви користи кога ќе напишете некому: "Се спремам за излегување." 205 00:11:10,837 --> 00:11:14,382 Или емоџи од планетата Јупитер, шокирана кога ќе дознае 206 00:11:14,382 --> 00:11:17,844 дека научниците ја нарекуваат гасовит џин. 207 00:11:17,844 --> 00:11:21,431 Ќе ви служи кога некој по грешка ќе ви прати порака во која ве озборува. 208 00:11:22,557 --> 00:11:26,895 Треба и емоџи како седам на ургентно, а сестрите ме препознаваат и велат: 209 00:11:26,895 --> 00:11:28,355 "Пак ли овој, аман?" 210 00:11:30,065 --> 00:11:31,608 Пол? - Геј. 211 00:11:32,442 --> 00:11:36,529 Имаш ли историја од рак на дебелото црево? - Грозен си. 212 00:11:37,364 --> 00:11:39,616 Препишани лекарства? - Поперс. 213 00:11:42,827 --> 00:11:43,870 Скајлер? 214 00:11:45,121 --> 00:11:46,873 Ме викаат. - Соба четири. 215 00:11:57,509 --> 00:11:59,094 Има проблем во документацијата. 216 00:11:59,094 --> 00:12:03,223 Како што ви кажав, не можам да го обработам барањево 217 00:12:03,223 --> 00:12:06,309 зашто нема како да се верифицира дека картичката му припаѓа на пациентот. 218 00:12:06,601 --> 00:12:09,354 Ама му припаѓа на пациентот. Кому би припаѓала инаку? 219 00:12:09,354 --> 00:12:11,189 Господине, како што ви кажав, 220 00:12:11,189 --> 00:12:14,526 информациите што ми ги давате не соодветствуваат 221 00:12:14,526 --> 00:12:17,737 со оние што ги имаме ние во картонот за тој пациент. 222 00:12:17,737 --> 00:12:20,782 Да, затоа што кај вас пишува дека е роден на 8.24., 223 00:12:20,782 --> 00:12:24,035 што е очигледно е грешка зашто не постои 24-ти месец. 224 00:12:24,035 --> 00:12:27,372 Ако ви е од помош, знајте дека топло се насмевнувам. 225 00:12:27,372 --> 00:12:30,500 Извинете, ама морам да ги почитувам правилата. 226 00:12:34,796 --> 00:12:37,298 Осигурителна компанија "Асембли плен". Повелете. 227 00:12:39,843 --> 00:12:43,304 Како лојален службеник за корисници во агенција за осигурување, 228 00:12:43,304 --> 00:12:47,517 ништо не ме возбудува повеќе од тоа ценет корисник 229 00:12:48,268 --> 00:12:49,811 да се вознемири. 230 00:12:49,811 --> 00:12:52,814 Тоа е моќта што доаѓа со работење за осигурителна компанија. 231 00:12:52,814 --> 00:12:55,066 Можат да клоцаат, да врескаат... 232 00:12:55,066 --> 00:12:57,652 Можат дури и да имаат право, а јас да сум свесна за тоа. 233 00:12:57,652 --> 00:13:01,656 Ама јас сум војник на компанијата, бранител на правилата. 234 00:13:01,656 --> 00:13:06,703 Компанијата е "Асембли плен", а јас сум нејзиниот меч. 235 00:13:06,828 --> 00:13:10,498 Жал ми е, ама не можам ништо да направам. 236 00:13:12,625 --> 00:13:16,087 Сепак, вие сте ценет корисник. 237 00:13:17,172 --> 00:13:20,800 Си поигрувам кога на почетокот им велам: "Како да ви помогнам?" 238 00:13:23,762 --> 00:13:26,848 Ама во борбените редови има и нелојални војници. 239 00:13:28,183 --> 00:13:29,476 Некогаш се прашувам 240 00:13:29,476 --> 00:13:32,562 зошто да не им се извиниме и да не им помогнеме на тие луѓе? 241 00:13:32,562 --> 00:13:33,897 Само да не ми викаат мене. 242 00:13:33,897 --> 00:13:36,066 Не сум јас виновна што компанијава е за никаде. 243 00:13:36,900 --> 00:13:40,695 Сигурно не мислиш дека компанијата не ги цени клиентите? 244 00:13:41,488 --> 00:13:42,906 Системот е заебан. 245 00:13:42,906 --> 00:13:44,574 Системот е безгрешен. 246 00:13:46,159 --> 00:13:49,204 Дизајниран е од безгрешни умови и ни е доверен нам. 247 00:13:56,920 --> 00:13:59,339 Леле, колку обожавам осигурување. 248 00:13:59,339 --> 00:14:04,010 И банки. И кредитни картички. И војската. 249 00:14:04,010 --> 00:14:05,720 Закон и ред. 250 00:14:06,596 --> 00:14:10,058 Ги сожалувам оние што не стојат зад нас. 251 00:14:10,058 --> 00:14:12,811 Сега кога сум менаџер, 252 00:14:12,811 --> 00:14:15,522 ќе се обидеме да бидеме почовечни со клиентите. 253 00:14:17,607 --> 00:14:20,151 Менаџер? Менаџер ли рече дека станала? 254 00:14:20,151 --> 00:14:22,362 Јас работам овде седум години, 255 00:14:22,362 --> 00:14:24,906 а ќерката на директорот добива унапредување? 256 00:14:25,031 --> 00:14:27,242 Дали воопшто и' е гајле за "Асембли плен"? 257 00:14:27,242 --> 00:14:30,870 За нашите правила? Нашите обичаи? За нашиот начин на живот? 258 00:14:31,871 --> 00:14:34,124 "Асембли плен" не би ме предала така. 259 00:14:35,834 --> 00:14:36,960 Што? 260 00:14:38,128 --> 00:14:39,504 Јас сум сега менаџер. 261 00:14:43,008 --> 00:14:44,801 Ќе ми биде чест да ти служам. 262 00:14:50,140 --> 00:14:51,933 Не е можно. 263 00:14:51,933 --> 00:14:54,561 Има да ми платат за ова. 264 00:14:54,561 --> 00:14:57,272 Не сум јас меч. Јас сум цигла. 265 00:14:57,272 --> 00:15:00,066 Цигла од големиот ѕид на "Асембли плен". 266 00:15:00,692 --> 00:15:02,152 Ним не им е гајле за мене. 267 00:15:02,152 --> 00:15:05,238 Исто како што не им е гајле за ценетите клиенти. 268 00:15:05,363 --> 00:15:08,950 Добро тогаш! Нека владее анархија. 269 00:15:08,950 --> 00:15:11,786 Има да горат до темел. 270 00:15:13,538 --> 00:15:15,874 Ќе ја запалам Земјата. 271 00:15:18,335 --> 00:15:21,838 Ќе го користам компјутерот за приватни потреби. 272 00:15:23,840 --> 00:15:25,425 Ќе си го закажам одморот... 273 00:15:25,425 --> 00:15:26,634 БУКИРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ЛЕТ 274 00:15:26,634 --> 00:15:27,844 ...за следната година, 275 00:15:27,844 --> 00:15:31,973 a надредениот ќе го известам дури 10 месеци пред одење. 276 00:15:31,973 --> 00:15:33,099 СЕ НАПЛАЌА НЕ ЗАТВОРАЈТЕ 277 00:15:33,099 --> 00:15:34,517 Потребно ми е да чувствувам. 278 00:15:36,019 --> 00:15:37,354 Што направив? 279 00:15:37,354 --> 00:15:39,272 ВАШИОТ ЛЕТ Е ЗАКАЖАН! ТРГНУВАТЕ НА 25 МАЈ, 2024 280 00:15:39,272 --> 00:15:40,648 И' требам на компанијата. 281 00:15:40,648 --> 00:15:43,860 Бека, прибери се. Можеш да го поправиш ова. 282 00:15:44,194 --> 00:15:45,487 ГРЕШКА ОБИДЕТЕ СЕ ПОВТОРНО 283 00:15:45,487 --> 00:15:47,030 Зошто не ми ја откажува резервацијата? 284 00:15:47,822 --> 00:15:49,240 Зошто не дава да откажам? 285 00:16:00,502 --> 00:16:03,046 Ало? - Здраво. Како можам да ви помогнам? 286 00:16:03,588 --> 00:16:06,800 Закажав лет со вашата авиокомпанија, и мислам дека морам да го откажам. 287 00:16:06,925 --> 00:16:08,134 Внимавајте со каков тон зборувате. 288 00:16:08,134 --> 00:16:09,803 Кажете ми го... - Со каков? 289 00:16:09,803 --> 00:16:11,054 ...референтниот број. - Што? 290 00:16:11,054 --> 00:16:13,807 Вашиот единствен референтен број. - Мојот референтен број? 291 00:16:14,015 --> 00:16:15,475 Повелете. - Вие прва. 292 00:16:15,475 --> 00:16:17,227 Бројот, госпоѓо. 293 00:16:17,227 --> 00:16:19,604 Мојот единствен референтен број? - Да. 294 00:16:19,604 --> 00:16:20,730 Како би ви го доверила? 295 00:16:20,939 --> 00:16:22,691 Дајте ми го, Бека. 296 00:16:22,691 --> 00:16:24,734 Го сакате? - Ми треба. 297 00:16:28,154 --> 00:16:30,115 "Икс". - Да. 298 00:16:30,115 --> 00:16:31,324 "Четири". 299 00:16:31,950 --> 00:16:33,410 Да. 300 00:16:33,410 --> 00:16:36,204 "А". - Како ананас? 301 00:16:36,830 --> 00:16:37,956 Да. 302 00:16:38,748 --> 00:16:41,668 "Џ"... "Три". 303 00:16:41,668 --> 00:16:43,003 Да. 304 00:16:43,003 --> 00:16:45,046 "Три". - Да. 305 00:16:45,547 --> 00:16:48,717 "Три". - Да. 306 00:16:48,925 --> 00:16:50,176 "Девет". 307 00:16:51,553 --> 00:16:53,138 Не можам да го откажам летот. 308 00:16:54,180 --> 00:16:55,640 Зошто? - Не може да се откаже. 309 00:16:55,640 --> 00:16:57,267 Зошто? - Такви се правилата. 310 00:16:57,267 --> 00:17:01,146 Таму стои дека можам да откажам во рок од 24 часа. 311 00:17:01,312 --> 00:17:03,773 Ама букиравте преку друг веб-сајт. 312 00:17:03,773 --> 00:17:06,484 На кој пишува дека треба да ви се јавам. 313 00:17:06,484 --> 00:17:09,070 За да ви го кажеме ова што ти го кажав. - Гадни сте. 314 00:17:09,070 --> 00:17:11,865 Внимавајте со каков тон зборувате. - Гадни сте. 315 00:17:11,865 --> 00:17:14,159 Рацете ми се врзани. - Сама сте ги врзале. 316 00:17:14,159 --> 00:17:17,912 Не можам да ви помогнам. Нема да ви помогнам. 317 00:17:17,912 --> 00:17:20,165 Ама бидете сигурна... - Кажете. 318 00:17:20,832 --> 00:17:22,292 Што да кажам? - Што сум јас? 319 00:17:22,292 --> 00:17:23,877 Вие си... 320 00:17:24,836 --> 00:17:28,048 ценет корисник. 321 00:17:29,424 --> 00:17:32,177 И не заборавајте да нè оцените по повикот. 322 00:17:38,850 --> 00:17:41,686 Извинете, ама правила си се правила. 323 00:17:41,686 --> 00:17:46,024 Сепак, вие сте ценет корисник. 324 00:17:46,024 --> 00:17:47,692 Морам да одам. Извини. 325 00:17:47,692 --> 00:17:49,152 Здраво. Како помина? 326 00:17:49,652 --> 00:17:51,196 Немам дијаманти во стомакот. 327 00:17:51,321 --> 00:17:53,156 Тоа не е одговорот на кој се надевавме. 328 00:17:53,156 --> 00:17:55,867 Рендгенот не покажа ништо. 329 00:17:55,867 --> 00:17:57,369 Нема лезии во хранопроводникот, 330 00:17:57,494 --> 00:17:59,996 како што ќе имаше кога би имал голтнато обетка. 331 00:18:00,205 --> 00:18:01,998 Нема лезии во хранопроводникот? - Не. 332 00:18:02,123 --> 00:18:06,544 Ова е шок и за двајцата. Извинете. Не сум расположен. 333 00:18:06,544 --> 00:18:08,004 Добро. 334 00:18:08,004 --> 00:18:10,465 Заборави на тоа сега. - Добро. 335 00:18:10,465 --> 00:18:11,633 Добро. - Имате право. 336 00:18:12,509 --> 00:18:15,762 Ќе ја најдам остригата и ќе ви докажам дека бемката е порасната. 337 00:18:24,729 --> 00:18:28,942 СЕ БАРА 718-145-9628 338 00:18:43,748 --> 00:18:45,000 Здраво, потрошувачи! 339 00:18:45,125 --> 00:18:47,502 Денов е посветен на бисексуалците, 340 00:18:47,502 --> 00:18:49,796 и за да ги прославиме сите бисексуалци ширум светот, 341 00:18:49,796 --> 00:18:52,132 остварив соработка со "Клорокс", 342 00:18:52,132 --> 00:18:55,885 родово-инклузивниот гермицид. 343 00:18:58,805 --> 00:19:00,056 Здраво, потрошувачи! 344 00:19:00,056 --> 00:19:02,517 Денов е посветен на бисексуалците, 345 00:19:02,684 --> 00:19:04,936 и за да ги прославиме сите бисексуалци ширум светот, 346 00:19:04,936 --> 00:19:09,107 остварив соработка со "Клорокс", родово-инк... 347 00:19:58,531 --> 00:19:59,532 Џина? 348 00:20:02,035 --> 00:20:03,703 Џина? - Што е? 349 00:20:06,122 --> 00:20:07,624 Може да позајмам полнач? 350 00:20:08,500 --> 00:20:11,753 Што ти е? - Што ти е гајле тебе? 351 00:20:12,879 --> 00:20:14,547 Цела недела сум за никаде. 352 00:20:15,674 --> 00:20:17,550 Чарлс ме остави. 353 00:20:17,550 --> 00:20:20,679 Што? - Морам да се отселам. 354 00:20:21,429 --> 00:20:22,972 А не знам ни од каде да почнам, 355 00:20:22,972 --> 00:20:26,559 и не можам ни да ја извадам ебанава тибетска кабала, 356 00:20:26,559 --> 00:20:29,104 или каква и да е алкава што ми ја даде. 357 00:20:31,981 --> 00:20:34,025 Чекај, а зошто мораш да се отселиш? 358 00:20:34,025 --> 00:20:36,528 Зашто тој плаќа сè, бе! 359 00:20:36,528 --> 00:20:39,322 Леле, заебана работа. 360 00:20:39,322 --> 00:20:43,535 Имам ли дозвола да го објавам ова? За ова може да го "канселираат". 361 00:20:43,535 --> 00:20:44,869 За што? 362 00:20:45,745 --> 00:20:47,956 Залажување. - Залажување? 363 00:20:48,456 --> 00:20:53,503 Имам 32 години! Ова е огромен проблем, ебате! 364 00:20:53,503 --> 00:20:57,382 Знаев дека не требаше да ги изедам сите тие тестенини. 365 00:20:57,382 --> 00:21:00,301 Ама ме однесе во Италија, 366 00:21:00,552 --> 00:21:03,304 а јас упорно јадев и јадев. 367 00:21:03,304 --> 00:21:06,099 Па доаѓам дома и се убивам од вежбање, 368 00:21:06,099 --> 00:21:09,310 и сега не можам ни да се пофалам со новите цицки што ги направив за него, 369 00:21:09,436 --> 00:21:13,189 кои, погоди што? Премногу се вештачки! Сега е во мода природно. 370 00:21:13,189 --> 00:21:16,526 Па ги притискам надолу за да можат да паѓаат природно, 371 00:21:16,526 --> 00:21:19,529 а за што? Која сум јас? 372 00:21:21,072 --> 00:21:23,533 Маче, прекрасна си. 373 00:21:24,117 --> 00:21:25,952 Точно знам како ти е. 374 00:21:25,952 --> 00:21:29,372 Сум поминувал низ истото. 375 00:21:30,165 --> 00:21:31,249 Да. 376 00:21:32,876 --> 00:21:34,336 Ќе поминеш. 377 00:21:34,336 --> 00:21:36,004 Не, викам сум поминувал. 378 00:21:36,004 --> 00:21:39,007 Сите мажи се ѓубриња. - Не мислев на тоа. 379 00:21:39,966 --> 00:21:43,887 Што ќе правиш кога сето ова ќе заврши? 380 00:21:43,887 --> 00:21:45,263 Кое "сето ова"? 381 00:21:45,263 --> 00:21:50,060 Мислиш дека можеш засекогаш да живееш од фрцкање 382 00:21:50,060 --> 00:21:52,562 и од плазење јазик? 383 00:21:53,772 --> 00:21:56,775 ТикТок ми е отскочна штица. 384 00:21:56,775 --> 00:21:58,068 Отскочна штица кон што? 385 00:21:58,902 --> 00:22:00,028 Мојот бренд. 386 00:22:01,821 --> 00:22:05,992 За што? - За начин на живот, ти кажав. 387 00:22:06,659 --> 00:22:07,744 Така. 388 00:22:08,453 --> 00:22:11,373 Значи, шишињана за парфеми што си ги црташ во празната тетратка 389 00:22:11,373 --> 00:22:13,291 и ги носиш во Фајер Ајланд секоја година? 390 00:22:14,459 --> 00:22:17,128 Моментално фрлаат пари накај тебе. 391 00:22:17,128 --> 00:22:22,217 Ти плаќаат да живееш во убав стан цела година. 392 00:22:22,217 --> 00:22:25,637 Познати личности ти плаќаат да глумиш дека си им пријател. 393 00:22:25,637 --> 00:22:28,056 Само зашто сакаат младите да ги сакаат. 394 00:22:28,056 --> 00:22:32,435 А твоите мали потрошувачи се млади луѓе. Засега. 395 00:22:32,435 --> 00:22:34,604 Ама и ти ќе остариш. 396 00:22:36,606 --> 00:22:38,566 И твоите мали потрошувачи ќе остарат. 397 00:22:39,609 --> 00:22:41,069 А кога ќе остарат тие, 398 00:22:41,069 --> 00:22:44,030 и ќе никнат нови овчички за стрижење, 399 00:22:44,030 --> 00:22:46,157 и ќе си имаат нивни Скајлер. 400 00:22:46,282 --> 00:22:47,492 И веројатно си мислиш: 401 00:22:47,492 --> 00:22:51,079 "Да, ама актерската кариера? Не е само тоа, актерската кариера." 402 00:22:51,079 --> 00:22:55,041 Може и тоа. Ама треба да си брз. 403 00:22:55,041 --> 00:22:57,002 Нема вечно да бидеш млад. 404 00:22:59,254 --> 00:23:00,714 Ти си ненормална. 405 00:23:04,134 --> 00:23:06,636 А, бе, ајде. - Фала ти. 406 00:23:06,636 --> 00:23:08,096 Нема гајле. 407 00:23:11,808 --> 00:23:15,645 Мислиш ли дека некогаш ќе ми дојде крајот? 408 00:23:16,646 --> 00:23:17,731 Онака, за никаде? 409 00:23:21,192 --> 00:23:25,280 Не, шефе. Многу ти беше јак последниот ТикТок. 410 00:23:27,532 --> 00:23:30,702 Фала. Кој ТикТок? 411 00:23:31,619 --> 00:23:34,164 Добар е... - Да, кој? 412 00:23:34,164 --> 00:23:36,750 Не, ова е новата апликација, РиалАс. 413 00:23:36,750 --> 00:23:38,168 Внука ми ми ја покажа. 414 00:23:38,168 --> 00:23:41,296 Сите нејзини другари ја имаат. Забавна е. Те има ли таму? 415 00:23:41,296 --> 00:23:44,382 Не. Треба да ме има? Не знам. 416 00:23:44,382 --> 00:23:47,844 Па, не, осмо-деветтоодделенци ја користат. 417 00:23:54,476 --> 00:23:56,353 Тоа е баш пред средно, нели? 418 00:24:01,566 --> 00:24:02,734 Ама добро делува. 419 00:24:12,577 --> 00:24:13,578 Вајн? 420 00:24:14,788 --> 00:24:16,039 Што? 421 00:24:16,664 --> 00:24:20,835 Прашај што се случи со Вајн и МајСпејс. 422 00:24:20,835 --> 00:24:22,045 Кој е тоа? 423 00:24:24,798 --> 00:24:25,840 Кој е тоа? 424 00:24:28,635 --> 00:24:29,803 Кој е тоа? 425 00:24:34,849 --> 00:24:36,935 РИАЛАС- КОРИСНИЧКО ИМЕ ДОКАЗ ЗА ПОСТОЕЊЕ 426 00:24:45,276 --> 00:24:47,404 Евтин полнач. 427 00:24:49,030 --> 00:24:50,949 Скајлер, тоа сум јас, 428 00:24:50,949 --> 00:24:53,618 она што дава и она што зема. 429 00:24:54,494 --> 00:24:55,745 Здраво, Алгоритам. 430 00:24:56,287 --> 00:24:58,957 Скајлер, мој драг Скајлер. 431 00:24:59,582 --> 00:25:01,126 Што правеше? 432 00:25:01,960 --> 00:25:04,629 Пробував да направам профил на нована апликација. 433 00:25:04,754 --> 00:25:07,507 А зошто би го правел тоа, душо? 434 00:25:08,174 --> 00:25:11,136 Ти ни требаш на твојата апликација, со луѓе на твоја возраст. 435 00:25:11,136 --> 00:25:12,887 Тие те слушаат. 436 00:25:12,887 --> 00:25:15,181 Добро, ама колку долго ќе им биде гајле за мене? 437 00:25:15,974 --> 00:25:18,852 Нели си благодарен за она што ти го подаривме? 438 00:25:18,852 --> 00:25:22,397 Нели си благодарен за даровите од Алгоритмот? 439 00:25:23,648 --> 00:25:27,569 Добро, сум, ама што ако го снема ТикТок? 440 00:25:28,445 --> 00:25:31,239 Што ако стане нешто што не сум јас? 441 00:25:31,239 --> 00:25:33,324 Ти си само ѕвездена прашина, душо. 442 00:25:33,324 --> 00:25:37,037 Капка во плимата. Твојата вештина не се пренесува. 443 00:25:37,037 --> 00:25:39,748 И не, на ниеден од брендовите нема да им биде гајле. 444 00:25:39,748 --> 00:25:42,834 Ти си цигла во бескрајна кула. 445 00:25:42,834 --> 00:25:44,669 Ќе бидам искрен со следбениците. 446 00:25:46,129 --> 00:25:47,714 Ќе оставам сè зад себе ако морам. 447 00:25:48,131 --> 00:25:49,883 Тие веќе те оставија зад себе. 448 00:25:50,675 --> 00:25:54,137 Мали мои потрошувачи, јас сум, Скајлер. - Не. 449 00:25:54,137 --> 00:25:55,930 Те сакаме. - Те сакаме, Скајлер. 450 00:25:55,930 --> 00:25:59,225 Прекрасно изгледаш. - Човече, колку е секси, ќе се убијам. 451 00:25:59,351 --> 00:26:01,353 Преслатки ви се коментарите. 452 00:26:01,895 --> 00:26:04,606 Ме трогнува љубовта што ми ја пружате. 453 00:26:10,612 --> 00:26:12,113 Збогум, Скајлер. 454 00:26:18,244 --> 00:26:19,954 Здраво, мали мои потрошувачи! 455 00:26:19,954 --> 00:26:23,208 Се здружив со "Дарк вотер", нова компанија што продава... 456 00:26:23,208 --> 00:26:26,586 Господине, ви кажавме, не правиме биопсија без упат од лекар. 457 00:26:26,586 --> 00:26:28,213 Видете, тоа е проблемот. 458 00:26:28,213 --> 00:26:30,382 Разговарав со седум доктори. 459 00:26:30,590 --> 00:26:32,842 Хулио, кога имаш легнато нешто последен пат? 460 00:26:33,009 --> 00:26:34,344 Кој те научи така да се изразуваш? 461 00:26:34,344 --> 00:26:36,429 Кога имаш свршено последен пат? 462 00:26:37,472 --> 00:26:38,682 Бибо! 463 00:26:42,477 --> 00:26:45,647 Можеби Бибо е во право. Треба да заборавам на ова и да си живеам. 464 00:26:46,564 --> 00:26:49,484 Добро, биди личност, биди човек, биди среќен, среќен човек. 465 00:26:49,609 --> 00:26:50,860 Уморни ли сте од сето ова? 466 00:26:51,444 --> 00:26:54,280 Откажете се, дозволете си да бидете среќни. 467 00:26:54,989 --> 00:26:57,033 БЕСТЕЛЕСНОСТ УСЛУГА ЗА НАДГРАДБА НА УМОТ 468 00:26:57,033 --> 00:26:58,118 Добро. 469 00:26:58,118 --> 00:27:03,206 Ослободете се од товарот на имањето тело. Нема тело, нема болка. 470 00:27:03,206 --> 00:27:05,959 Запознајте се со нашите бестелесни услуги 471 00:27:05,959 --> 00:27:08,169 и аплоудирајте се себеси уште денес. 472 00:31:10,036 --> 00:31:12,038 Преведено од: Маја Ѓорѓиева