1 00:00:06,923 --> 00:00:08,633 Ова е епска сцена. 2 00:00:10,176 --> 00:00:12,762 Џим Клеј е лудак од најдобар вид. 3 00:00:13,346 --> 00:00:14,597 Одвај чекав. 4 00:00:16,933 --> 00:00:19,644 Опасна е. Зошто не би имала самострел? 5 00:00:20,395 --> 00:00:23,481 Беше погреб, но многу се забавував. 6 00:00:24,190 --> 00:00:25,734 Погодок! 7 00:00:25,859 --> 00:00:27,819 Ги имав најдобрите седишта во куќата. 8 00:00:44,878 --> 00:00:47,797 КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИЈА ЗМЕЈОВИТЕ 9 00:00:54,512 --> 00:00:56,556 Сакав да ја отворам епизодата 10 00:00:56,681 --> 00:00:58,558 хаотично и нефер и насилно. 11 00:00:58,683 --> 00:01:00,268 КЛЕР КИЛНЕР РЕЖИСЕР (ЕП. 202 И 205) 12 00:01:01,311 --> 00:01:05,982 Затоа што чувствував дека сите се заслепени од бесот. 13 00:01:06,107 --> 00:01:08,360 Сакав да го пресечам 14 00:01:08,485 --> 00:01:12,364 со Егон како ја крши макетата од Висерис на Стара Валирија. 15 00:01:14,199 --> 00:01:17,744 СКРШЕНО НА ПАРЧИЊА 16 00:01:20,330 --> 00:01:23,416 Снимавме многу со макетата во првата сезона. -И акција. 17 00:01:23,958 --> 00:01:26,127 Лејди Алисент Хајтауер, Ваша Висост. 18 00:01:27,545 --> 00:01:31,883 Тоа беше прекрасна, огромна макета половина од одајата на кралот. 19 00:01:32,008 --> 00:01:33,551 Чудо е што си изградил. 20 00:01:33,676 --> 00:01:38,181 Иако беше многу убава, одземаше голем дел од собата, 21 00:01:38,306 --> 00:01:41,518 па моравме да ја уништиме, и беше навистина забавно. 22 00:01:43,645 --> 00:01:48,024 Добрата вест е што направија копија специјално за кршење, 23 00:01:48,149 --> 00:01:50,694 па убавата валиријанска макета остана цела. 24 00:01:54,739 --> 00:02:00,453 Неверојатните реквизити што ги направија за осумте дополнителни 3Д печатени парчиња 25 00:02:00,578 --> 00:02:02,455 за да изгледа реално кога ќе ги скршиме, 26 00:02:02,580 --> 00:02:06,167 и можевме да имаме прав од неа во воздухот. 27 00:02:06,292 --> 00:02:10,755 Треба да е направена од лесен материјал и кога нашиот тим за моделирање 28 00:02:10,880 --> 00:02:13,675 и целото нивно знаење влегува во игра, ни даваат... 29 00:02:13,800 --> 00:02:15,927 Направија неколку пробни удари, 30 00:02:16,052 --> 00:02:18,680 за да се увериме дека ќе изгледа како што сакаат. 31 00:02:20,223 --> 00:02:25,478 Вистинските 3Д макети се скапи, па не можевме многу да снимаме со нив. 32 00:02:25,603 --> 00:02:28,606 Затоа реков: “Том, да го направиме ова во едно“. 33 00:02:28,732 --> 00:02:29,983 ...еден. Акција. 34 00:02:32,819 --> 00:02:34,195 Ќе ги убијам! 35 00:02:34,320 --> 00:02:36,573 Имав екстремни болки на вина 36 00:02:36,698 --> 00:02:40,702 зашто бев свесен колку работа оди во такво парче. 37 00:02:40,827 --> 00:02:44,873 Но, тие се направени со цел да бидат скршени. 38 00:02:45,790 --> 00:02:47,250 Ќе ги убијам сите! 39 00:02:47,876 --> 00:02:49,918 Токму тоа беше потребно 40 00:02:50,045 --> 00:02:52,756 за да видиме каде оди енергијата на Егон. 41 00:02:52,881 --> 00:02:55,841 Немаше каде да се испразни, а луѓето околу него му велеа 42 00:02:55,966 --> 00:02:59,721 да носи одлуки и да биде прагматичен и, “Во ред е. Ќе биде подобро“. 43 00:02:59,846 --> 00:03:02,807 “Нема, ебате. Треба да го скршам ова“. 44 00:03:02,932 --> 00:03:04,017 Извинете за пцуењето. 45 00:03:08,103 --> 00:03:09,439 Рез. -Брилијантно. 46 00:03:09,564 --> 00:03:11,316 Брилијантно. Брилијантно. 47 00:03:12,484 --> 00:03:15,820 МНОГУ ТАЖЕН ДЕН 48 00:03:23,370 --> 00:03:26,164 Погребот беше многу возбудлив за да се комплетира сѐ. 49 00:03:30,001 --> 00:03:33,630 Го гледав “Кумот“ 50 00:03:33,755 --> 00:03:38,593 и сите одлични филмови со неверојатни сцени од погреб, и тие... 51 00:03:38,718 --> 00:03:43,765 Почнав да размислувам за погребот на принцезата Ди 52 00:03:43,890 --> 00:03:46,559 и колку беше бавна поворката. 53 00:03:47,477 --> 00:03:51,064 Помислив на Алисент и Хелена 54 00:03:51,189 --> 00:03:56,403 кои се принудени да бидат храна за јавноста во нивната тага. 55 00:03:58,863 --> 00:04:01,282 Го гледавме тоа како можност да почне епизодата. 56 00:04:01,408 --> 00:04:04,661 Да одиме надвор, да ги видиме Кингс Ландинг, Фли Ботом. 57 00:04:05,370 --> 00:04:08,373 Сакавме на погребот фокусот да е на кралицата, 58 00:04:08,498 --> 00:04:11,501 за тоа што се чувствува што е така изложена. 59 00:04:12,585 --> 00:04:15,422 Мораше да има опсег, но и да биде многу интимно. 60 00:04:17,089 --> 00:04:18,466 Добре дојдовте во Касерес. 61 00:04:26,683 --> 00:04:31,479 Снимањето на втората сезона во Шпанија беше неверојатно. 62 00:04:31,604 --> 00:04:34,524 Шпанија е секогаш убава. Се вративме во Касерес и Трухиљо 63 00:04:34,649 --> 00:04:37,652 за да се покрие Кингс Ландинг и непосредното опкружување. 64 00:04:37,777 --> 00:04:41,698 Локациите даваат вистинско чувство за вистински размер и големина, 65 00:04:41,823 --> 00:04:44,576 има полност што не се доловува на сетот. 66 00:04:45,493 --> 00:04:48,204 Касерес, каде што снимавме, беше толку убав, 67 00:04:48,329 --> 00:04:51,916 а луѓето беа прекрасни и љубезни и гостопримливи. 68 00:04:52,542 --> 00:04:56,046 Во Шпанија ја снимавме првата сезона, па беше како да се враќаме дома. 69 00:04:56,171 --> 00:04:59,841 Гои знаеме секое ќош. Знаеме каде да ги поставиме светлата. 70 00:04:59,966 --> 00:05:06,473 Ве погодува тоа големо небо, силно сонце, таа топла блескава светлина, 71 00:05:06,598 --> 00:05:10,185 и тие прекрасни, стари камени ѕидови, 72 00:05:10,310 --> 00:05:13,355 и тоа само влијае на вас. Не можете против тоа. 73 00:05:13,980 --> 00:05:19,194 Средината некако ја помага целата глума. 74 00:05:19,319 --> 00:05:20,904 Не мора да се преправате. 75 00:05:22,614 --> 00:05:24,741 Добре дојдовте во Кингс Ландинг. 76 00:05:28,244 --> 00:05:33,457 Неверојатниот тим кој ја состави оваа погребна сцена, 77 00:05:33,582 --> 00:05:38,088 од правењето на кочијата и неверојатните, прекрасни коњи, 78 00:05:38,213 --> 00:05:41,633 и колку добро се однесуваа, оклопот со кој беа покриени, 79 00:05:41,758 --> 00:05:45,637 едноставно ми го одзеде здивот кога ги видов. Апсолутно убаво. 80 00:05:45,762 --> 00:05:47,764 Потоа дизајнот на костимите. 81 00:05:48,973 --> 00:05:50,892 Ги сакав превезите, 82 00:05:51,017 --> 00:05:54,562 затоа што го снимив целиот погреб со 40 кадри во секунда, 83 00:05:54,688 --> 00:05:57,524 па можевме да избереме делови за забавена снимка, 84 00:05:57,649 --> 00:06:01,194 и превезите во забавените снимки се апсолутно зачудувачки. 85 00:06:01,319 --> 00:06:04,948 И сакав некако да го исполнам воздухот... 86 00:06:05,699 --> 00:06:07,325 па фрлаат хмељ. 87 00:06:07,450 --> 00:06:09,494 На забавените снимки 88 00:06:09,619 --> 00:06:12,831 се гледаат сите тие парчиња како полека паѓаат 89 00:06:12,956 --> 00:06:16,042 и има некаква тажна убавина во тоа. 90 00:06:17,210 --> 00:06:21,798 А и протетика на малото тело на Џехерис. 91 00:06:24,634 --> 00:06:27,804 Џехерис прво го скениравме. 92 00:06:27,929 --> 00:06:31,683 Го легнавме на маса и му го скениравме целото тело. 93 00:06:31,808 --> 00:06:34,352 Имавме многу добар техничар за 3Д чистење 94 00:06:34,477 --> 00:06:38,565 кој направи убава копија на неговото тело. 95 00:06:38,690 --> 00:06:41,776 Потоа надворешна компанија го обработи, 96 00:06:41,901 --> 00:06:45,155 го вкалапи и го претвори во силиконско тело. 97 00:06:45,280 --> 00:06:48,116 Кога беше силиконско тело, требаше само... 98 00:06:48,241 --> 00:06:51,953 да му ја извадиме главата и да одлучиме како пак да ја закачиме. 99 00:06:52,579 --> 00:06:55,498 Поминавме низ неколку различни верзии 100 00:06:55,623 --> 00:06:58,251 на еден вид референца на средновековен бод 101 00:06:58,376 --> 00:07:03,048 и овие метални јамки со кои го зашивме вратот. 102 00:07:03,173 --> 00:07:06,718 Треба да се види дека главата е зашиена, 103 00:07:06,843 --> 00:07:10,555 зашто кралиците сакаат да покажат колку е варварско делото на Ренира. 104 00:07:10,680 --> 00:07:15,560 Погледнете го делото на Ренира Таргеријан! 105 00:07:19,022 --> 00:07:22,859 Осквернителка на невините! 106 00:07:22,984 --> 00:07:27,197 Видов како можеме да ги испресечеме погребните парчиња 107 00:07:27,322 --> 00:07:30,784 со Егон што пролева крв. 108 00:07:31,659 --> 00:07:36,706 И почнав да размислувам за чукањето на тапанот 109 00:07:36,831 --> 00:07:39,709 кое се совпаѓа со ударите на боздоганот. 110 00:07:44,172 --> 00:07:48,218 Затоа побарав да имаме тапанар на почетокот на поворката, 111 00:07:48,343 --> 00:07:50,720 за да можеме да го искористиме чукањето 112 00:07:50,845 --> 00:07:53,515 за да се влеземе во главата на Хелена, 113 00:07:53,640 --> 00:07:56,476 што кулминира со нејзиниот паничен напад. 114 00:07:56,601 --> 00:08:00,313 Клетва за Ренира Монструозната! 115 00:08:07,696 --> 00:08:09,447 Снимањето со Фиа и... 116 00:08:10,490 --> 00:08:15,286 Да, нејзината тага оживеа, тоа беше... 117 00:08:15,412 --> 00:08:19,249 навистина тешко. Беше прекрасно и навистина трогателно. 118 00:08:19,874 --> 00:08:22,919 Потоа ја избриша солзата и рече: 119 00:08:23,044 --> 00:08:26,089 “Навистина чувствував како да си ми мајка“. 120 00:08:28,842 --> 00:08:30,593 Беше погреб, но многу се забавував. 121 00:08:30,719 --> 00:08:33,763 Беше забавно. Многу добро се разбираме со Фиа. 122 00:08:33,888 --> 00:08:36,433 За време на снимањето беше многу тажно. 123 00:08:36,558 --> 00:08:42,147 Но меѓу клапите како да пеевме мелодии, правевме што било. 124 00:08:42,272 --> 00:08:46,860 Беше многу убаво да се седне и да те возат со коњ и кочија. 125 00:08:48,361 --> 00:08:50,572 Многу убаво е снимено. 126 00:08:50,697 --> 00:08:52,282 Сите слоеви на текстурата. 127 00:08:52,407 --> 00:08:56,036 Глумата на Фиа и Оливија. Воодушевен сум од исходот. 128 00:08:59,164 --> 00:09:03,126 НЕШТО ВИСИ 129 00:09:05,545 --> 00:09:09,174 Бесењето на ловците на стаорци беше забавно. На морбиден начин. 130 00:09:09,299 --> 00:09:13,136 Потребно е цело село за да се создаде таква сцена. 131 00:09:13,261 --> 00:09:16,014 Сакавме да има протетски, лажни тела 132 00:09:16,139 --> 00:09:18,516 и вистински луѓе кои висат. 133 00:09:18,641 --> 00:09:21,895 Телата се неверојатни. Знаев дека се пола-пола. 134 00:09:22,020 --> 00:09:23,730 Но, мора да се доближите... 135 00:09:23,855 --> 00:09:27,776 Знаев дека еден е каскадер кога го закачија и почна да се смее. 136 00:09:29,027 --> 00:09:32,238 Не требаше да го направи тоа пред камера. Многу непрофесионално. 137 00:09:33,114 --> 00:09:34,824 Како е, синко? -Фино е. 138 00:09:34,949 --> 00:09:36,910 Да? Во ред. -Многу добро. 139 00:09:45,752 --> 00:09:48,630 Раули и неговиот тим разработија системи со макара 140 00:09:48,755 --> 00:09:51,341 за да изгледа како луѓето да висат. 141 00:09:51,466 --> 00:09:54,678 Направивме метална рамка што оди преку рамениците. 142 00:09:54,803 --> 00:09:58,056 Од рамениците кабли се спуштаат покрај колковите. 143 00:09:58,181 --> 00:10:01,768 И имавме узенгии под стапалата, па во основа, 144 00:10:01,893 --> 00:10:04,771 стоиш на рамката. 145 00:10:04,896 --> 00:10:09,275 Не висиш. Можеш да висиш речиси на неодредено време. 146 00:10:09,401 --> 00:10:12,821 Ако ги притиснеме нозете и креваш тука... 147 00:10:12,946 --> 00:10:15,990 Значи ова... енергијата оди оттука, 148 00:10:16,116 --> 00:10:18,576 сѐ до ремените, до узенгиите. 149 00:10:18,702 --> 00:10:20,745 Исто како да стоиш во воздух, 150 00:10:20,870 --> 00:10:23,415 но всушност не стоиме. Сосема е удобно. 151 00:10:24,374 --> 00:10:28,169 Исто така, ја сокривме жицата во јажето, 152 00:10:28,294 --> 00:10:30,880 и изгледа како јажето да виси од бесилката, 153 00:10:31,006 --> 00:10:33,174 но ставивме макари во системот. 154 00:10:33,299 --> 00:10:36,469 Така можеме брзо и лесно да ги дигаме луѓето горе-долу. 155 00:10:39,681 --> 00:10:43,393 Баравме луѓе од кои би можеле да излееме калапи. 156 00:10:44,519 --> 00:10:47,188 Ни доаѓаа луѓе во шаторот за скенирање, 157 00:10:47,313 --> 00:10:49,816 им стававме јамка околу вратот 158 00:10:49,941 --> 00:10:53,486 и повлекувавме нагоре за да ги добиеме сите брчки. 159 00:10:53,611 --> 00:10:57,073 Повеќето беа подготвени за тоа. Никој не се пожали. 160 00:10:57,198 --> 00:10:58,867 Дени беше еден од ловците на стаорци. 161 00:10:58,992 --> 00:11:01,828 Гледате каде одеше јажето, 162 00:11:01,953 --> 00:11:04,289 а Џејми ни даде убав мртов израз. 163 00:11:04,414 --> 00:11:05,790 Види, да, сега сум јас. 164 00:11:05,915 --> 00:11:07,709 А Дени... 165 00:11:07,834 --> 00:11:10,962 Ги задржавме овие. Изгледа ќе мора да му дозволам на Дени да го има ова. 166 00:11:11,796 --> 00:11:14,966 Чест е да се најдеш од корист во емисија од ваков размер. 167 00:11:15,091 --> 00:11:18,094 И да ги видиш сложените детали и работата 168 00:11:18,219 --> 00:11:21,431 кои протетскиот тим ги вложи во сите ловци. 169 00:11:21,556 --> 00:11:24,851 Вклучени се многу процеси. Мора да се направи скенирање, 170 00:11:24,976 --> 00:11:28,229 потоа тоа го обликуваме и го затегнуваме, 171 00:11:28,355 --> 00:11:31,858 го лиеме во силикон, а потоа го боиме, ставаме коса. 172 00:11:31,983 --> 00:11:33,318 Ги ставаме на тело. 173 00:11:33,443 --> 00:11:35,278 Доста се згрчени. 174 00:11:36,863 --> 00:11:38,948 Беше одлично да се видат сите 175 00:11:39,074 --> 00:11:42,660 како конечно висат. Конечно ги гледаш и си велиш: 176 00:11:43,286 --> 00:11:44,537 “Баш е кул“. 177 00:11:48,792 --> 00:11:52,003 ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ 178 00:11:53,546 --> 00:11:56,049 Џим Клеј е лудак од најдобар вид. 179 00:11:56,675 --> 00:11:58,218 Се надмина со Драгонстон, 180 00:11:58,343 --> 00:12:00,637 а и доста го проширивме Драгонстон. 181 00:12:01,304 --> 00:12:05,433 Рајан рече дека Драгонстон е во игра. Ова беше рано во процесот на пишување. 182 00:12:05,558 --> 00:12:08,853 Затоа решивме да му ја дадеме големата сцена на која се изгради сетот. 183 00:12:09,604 --> 00:12:12,273 Во суштина, во првата сезона, со Драгонстон, 184 00:12:12,399 --> 00:12:15,652 главната област што ја гледаме е одајата со Обоената Маса. 185 00:12:15,777 --> 00:12:17,946 Таа дојде од “Игра на тронови“, 186 00:12:18,071 --> 00:12:22,909 но почувствувавме дека е време да го прошириме тој свет во поголема средина. 187 00:12:25,578 --> 00:12:30,125 Сакавме да биде еден комплетен сет со различни соби меѓусебно поврзани. 188 00:12:30,625 --> 00:12:33,294 Се прошири од Салата на Обоената Маса 189 00:12:33,420 --> 00:12:36,464 во, повторно, композитен свет, 190 00:12:36,589 --> 00:12:41,052 а тоа се ходниците, одаите на Ренира, библиотеката. 191 00:12:41,177 --> 00:12:45,181 Имате сет што е колекција од многу други мини сетови, 192 00:12:45,306 --> 00:12:47,225 за да одите од една соба во друга 193 00:12:47,350 --> 00:12:50,270 и публиката да се чувствува како да е во вистински замок. 194 00:12:50,395 --> 00:12:53,356 Лудо е зашто можеш да одиш до крај. 195 00:12:54,357 --> 00:12:55,400 Фантастично е. 196 00:12:56,443 --> 00:12:58,153 Ренира е многу важен лик, 197 00:12:58,278 --> 00:13:01,281 па сакавме соба која ја одразува 198 00:13:01,406 --> 00:13:03,450 уникатноста на нејзиниот лик. 199 00:13:03,575 --> 00:13:06,995 На Џим му се допаднаа високите катедралски прозорци. 200 00:13:07,120 --> 00:13:10,331 И има интересна асиметрична форма 201 00:13:10,457 --> 00:13:12,500 што дава интересен вид на чудност. 202 00:13:13,293 --> 00:13:17,213 За Ренира сакавме да ја обезбедиме смислата на историјата 203 00:13:17,339 --> 00:13:20,717 зад неа и зад нејзиното семејство, и историјата на Драгонстон. 204 00:13:20,842 --> 00:13:23,428 Големата скулптура во нејзината соба е храм 205 00:13:23,553 --> 00:13:26,264 на историјата што поминала. 206 00:13:26,389 --> 00:13:30,268 Личи на гравурите во египетската архитектура. 207 00:13:36,399 --> 00:13:38,443 Звук. -13 Милер, прва клапа. 208 00:13:40,195 --> 00:13:43,406 Сетот на библиотеката беше огромна библиотека со свитоци 209 00:13:43,531 --> 00:13:47,869 која ја содржи сета валиријанска историја во форма на свитоци. 210 00:13:47,994 --> 00:13:50,497 Мислевме како да ги направиме полиците, 211 00:13:50,622 --> 00:13:53,625 па дојдовме на идеја да бидат во вид на дијамант. 212 00:13:53,750 --> 00:13:56,586 И тоа продолжи како тема низ таа просторија. 213 00:13:56,711 --> 00:13:58,713 Клер додаде многу слоеви 214 00:13:58,838 --> 00:14:02,550 со други артефакти и елементи од валиријанската историја. 215 00:14:02,676 --> 00:14:03,760 ВЕСТЕРОС 216 00:14:03,885 --> 00:14:06,846 Беше феноменално да се направи тој сет. 217 00:14:06,971 --> 00:14:09,182 И комбинирањето на мермерот, 218 00:14:09,307 --> 00:14:13,561 навистина убави текстури од мермер со портокалови шари, 219 00:14:13,687 --> 00:14:17,732 што го зедов од правењето на Обоената Маса поради богатите бои 220 00:14:17,857 --> 00:14:20,652 и тонови на топлина, светлина, оган... 221 00:14:25,573 --> 00:14:29,619 Сите книги, документи и свитоци се вистински. 222 00:14:29,744 --> 00:14:33,415 Тоа се часови работа на овие предмети. 223 00:14:33,540 --> 00:14:38,086 Имаш гаврани со пораки, на нив напишани целосни пораки. 224 00:14:38,211 --> 00:14:40,880 Имате полни семејни стебла, 225 00:14:41,006 --> 00:14:43,717 и сето тоа е рачно изработено. 226 00:14:45,468 --> 00:14:47,762 Сѐ е обмислено. Секое делче. 227 00:14:47,887 --> 00:14:53,893 Секое парче, секоја боја, секоја текстура, се размислува за секој мал предмет. 228 00:14:54,019 --> 00:14:58,023 Деталите и изработката на овие места се едноставно неверојатни. 229 00:14:58,690 --> 00:15:02,610 Не беше потребна фантазија за да се ставиш таму каде што треба. 230 00:15:04,779 --> 00:15:07,574 БАРАЊЕ ЉУБОВ 231 00:15:08,199 --> 00:15:09,492 Брате! 232 00:15:11,828 --> 00:15:16,166 Дуелот на Ерик и Арик е џиновски момент во историјата на Вестерос. 233 00:15:16,291 --> 00:15:17,667 Брат против брат. 234 00:15:18,293 --> 00:15:22,964 Ова е епска сцена бидејќи актерите Лук и Елиот се браќа, 235 00:15:23,089 --> 00:15:25,592 близнаци, и многу се сакаат. 236 00:15:26,092 --> 00:15:28,178 Голем дел од акцијата се заснова на змејови, 237 00:15:28,303 --> 00:15:31,598 забавно е да се видат двајца витези како се борат, меч против меч. 238 00:15:33,141 --> 00:15:35,560 Тоа беше првиот разговор што го имавме кога стигнавме. 239 00:15:35,685 --> 00:15:39,731 Рековме: “Добро, ајде да зборуваме за близнаците.“ 240 00:15:39,856 --> 00:15:43,735 Почнавме да размислуваме за начините на снимање, како треба да изгледа борбата. 241 00:15:44,402 --> 00:15:48,531 Раули направи опсежни проби со неговиот тим, 242 00:15:48,656 --> 00:15:51,451 кои потоа се снимија и ѝ се презентираа на Клер. 243 00:15:52,118 --> 00:15:56,081 Тоа беше дотерано, а потоа Раули ги воведе близнаците. 244 00:15:57,457 --> 00:16:00,001 Момците ја изведоа целата сцена сами. 245 00:16:00,126 --> 00:16:03,922 Тренираа, научија, влегоа во форма за тоа. 246 00:16:07,258 --> 00:16:10,220 Одвај чекав. Јас и Ел знаеме боречки вештини. 247 00:16:10,345 --> 00:16:14,182 И доста сме активни, физички, така што активноста 248 00:16:14,307 --> 00:16:16,559 во која се фрливме воопшто не беше проблем. 249 00:16:16,685 --> 00:16:18,853 Само гледавме да го научиме танцот 250 00:16:18,978 --> 00:16:21,856 и да се внесеме со сета потребна енергија. 251 00:16:23,108 --> 00:16:26,611 Гледавме движењата да се цврсти и чисти колку што можеше, 252 00:16:26,736 --> 00:16:29,614 а потоа само доаѓаш на сетот и растураш. 253 00:16:29,739 --> 00:16:32,992 За среќа, не изгубивме прст, добри сме. 254 00:16:34,536 --> 00:16:39,708 Знаевме од првата сезона колку напорно би работеле Елиот и Лук. 255 00:16:41,251 --> 00:16:44,379 Единственото што не би им го дозволил е ударот во ќупот. 256 00:16:45,672 --> 00:16:46,923 Сѐ друго направија. 257 00:16:47,048 --> 00:16:49,259 Еди каскадерот, благословен да е, 258 00:16:49,384 --> 00:16:52,095 силно удри по ќупот. Го скрши. 259 00:16:53,221 --> 00:16:55,473 Подобро Еди отколку јас. Денес си ги заработи парите. 260 00:16:55,598 --> 00:16:57,517 Тоа сигурно, во секој случај. 261 00:16:59,144 --> 00:17:00,145 Еј! 262 00:17:05,358 --> 00:17:06,651 Маркер. 263 00:17:08,611 --> 00:17:10,905 Сите се согласивме дека треба да има момент во борбата 264 00:17:11,031 --> 00:17:13,074 каде што не знаеш кој е Арик, а кој Ерик. 265 00:17:13,199 --> 00:17:15,035 Навистина се збунуваш. 266 00:17:15,160 --> 00:17:18,121 Дури и со кореографијата, ако гледате внимателно, 267 00:17:18,246 --> 00:17:21,165 ќе видите дека и двајцата се исто ранети. 268 00:17:21,708 --> 00:17:25,712 Тоа е така зашто ако некој сака да го помине делот момент по момент и да рече: 269 00:17:25,837 --> 00:17:29,507 “Сега знам дека тој е Ерик зашто тука му е пресечена ногата“, 270 00:17:29,632 --> 00:17:31,134 или, “тука му е исечена раката“, 271 00:17:31,259 --> 00:17:35,680 нема да успее зашто за време на борбата и двајцата добиваат исти повреди, 272 00:17:35,805 --> 00:17:38,433 иако не го кажавме дека тоа го правиме. 273 00:17:40,935 --> 00:17:41,936 Кој? Кој е Ерик? 274 00:17:43,313 --> 00:17:45,398 Тоа беше поентата, тоа му дава емоции. 275 00:17:45,523 --> 00:17:49,486 Станувате неутрални за тоа. И борбата станува нивна. 276 00:17:50,362 --> 00:17:54,324 Ова е барем петти пат, денес е мешаница на сетот. 277 00:17:54,449 --> 00:17:56,117 Ги држиме сите во неизвесност. 278 00:17:58,870 --> 00:18:00,997 Кој би рекол дека е подобар мечувалец? 279 00:18:01,122 --> 00:18:04,876 Тоа е дискутабилно, но мислам дека Елиот веројатно би рекол дека е тој, 280 00:18:05,001 --> 00:18:07,045 зашто го удрив неколкупати со меч. 281 00:18:07,170 --> 00:18:10,090 Мислам дека еднаш го фатив, па би рекол дека тој е подобар. 282 00:18:10,215 --> 00:18:14,260 Кога би ги разликувал во оклопите, можеби ќе имам половина шанса да кажам. 283 00:18:14,386 --> 00:18:17,681 Но вистината е дека се прилично рамномерно усогласени. 284 00:18:17,806 --> 00:18:20,558 Лук и Елиот се неверојатни. 285 00:18:21,267 --> 00:18:22,936 Тие се толку неверојатни. 286 00:18:23,061 --> 00:18:27,190 Тоа го кажував двата дена. Секому што слушаше. 287 00:18:27,315 --> 00:18:31,903 Не само што завршија одлична работа со кореографијата на Раули, 288 00:18:32,028 --> 00:18:37,534 туку и емоцијата со која ја исполнија беше голема привилегија да се гледа. 289 00:18:39,869 --> 00:18:41,121 Заедно се родивме. 290 00:18:41,746 --> 00:18:44,749 Нѐ разделивте! Но, сепак те сакам, брат. 291 00:18:45,250 --> 00:18:47,585 Гледајќи го раздорот меѓу нив 292 00:18:47,711 --> 00:18:51,006 и хуманоста која и двајцата ја внесуваат во улогите, 293 00:18:51,131 --> 00:18:54,592 мислам дека се доловува на апсолутно брутален начин. 294 00:18:55,260 --> 00:18:58,221 Тоа е уште еден момент во режија на Клер кој буди восхит. 295 00:18:59,764 --> 00:19:01,599 Клер има убава душа. 296 00:19:01,725 --> 00:19:05,395 Пред да ја направиме таа сцена, Клер доаѓа и ни вели: 297 00:19:05,520 --> 00:19:07,647 “Ја нареков сцената 'Барање љубов'.“ 298 00:19:07,772 --> 00:19:09,733 Помислив дека е толку симпатично, 299 00:19:09,858 --> 00:19:14,070 зашто таа емотивна, лична страна беше толку важна. 300 00:19:14,195 --> 00:19:15,363 Надвор од борбата, 301 00:19:15,488 --> 00:19:18,283 ја доловивме вистинската емоција што требаше да се долови. 302 00:19:19,701 --> 00:19:24,748 Овие момци тренираа од првиот ден за оваа борба 303 00:19:24,873 --> 00:19:27,334 и си помислив, “Што можам јас да внесам во ова?“ 304 00:19:27,459 --> 00:19:30,754 Во смисла на гледањето на тоа на интересен начин. 305 00:19:30,879 --> 00:19:34,591 Така низ целата сцена, барав да најдам 306 00:19:34,716 --> 00:19:37,177 моменти на поврзување меѓу овие двајца. 307 00:19:37,302 --> 00:19:40,972 Додека се удираат и погледите им се среќаваат, 308 00:19:41,097 --> 00:19:44,601 кои се прашањата? Што си кажуваат? 309 00:19:44,726 --> 00:19:48,813 И затоа е толку тешко, затоа што многу се сакаат. 310 00:19:50,148 --> 00:19:54,652 За мене ова беше приказна за братска љубов како ниедна друга. 311 00:20:02,869 --> 00:20:04,871 Превод: Sandra Avrosievska