1 00:00:05,714 --> 00:00:08,008 Првпат кога ќе влезете, ќе зинете од чудо. 2 00:00:09,759 --> 00:00:12,804 Сосема шокантно и неочекувано. 3 00:00:13,346 --> 00:00:14,681 Тоа беше одличен ден. 4 00:00:17,308 --> 00:00:19,102 Брилијантен сет. - Опасно беше. 5 00:00:19,894 --> 00:00:21,479 Фала многу. Јас честам. 6 00:00:21,604 --> 00:00:24,441 Внатре има бура. - Боже. 7 00:00:24,566 --> 00:00:27,277 Неверојатно е! 8 00:00:45,170 --> 00:00:48,048 КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИЈА ЗМЕЈОВИТЕ 9 00:00:52,093 --> 00:00:55,680 Ова е многу важен момент во книгите на Џорџ. 10 00:00:55,805 --> 00:01:00,060 Битката кај запалената мелница. Две куќи кои се спротивставени. 11 00:01:00,185 --> 00:01:03,605 И тоа е метафората за историјата на насилството 12 00:01:03,730 --> 00:01:07,442 и како доаѓаш до точка каде што нема простување. 13 00:01:07,567 --> 00:01:10,320 И тука се наоѓаме оваа сезона. 14 00:01:11,321 --> 00:01:15,241 ТАНЦУВАЊЕ НА ДОЖДОТ 15 00:01:16,284 --> 00:01:18,161 Добро утро. Како е? - Добро утро. 16 00:01:19,245 --> 00:01:22,499 Џим Клеј, во соработка со Одделот за специјални ефекти, 17 00:01:22,624 --> 00:01:26,586 создаде место кое навистина се чувствува реално и опседнато, 18 00:01:26,711 --> 00:01:28,171 и ја оживеа книгата. 19 00:01:28,296 --> 00:01:30,840 Бев многу задоволен кога Рајан рече дека ќе ја имаме 20 00:01:30,965 --> 00:01:32,217 внатрешноста на Харенхал. 21 00:01:32,342 --> 00:01:35,220 Тоа беше меѓу првото нешто на кое почнавме да работиме со дизајнот. 22 00:01:35,345 --> 00:01:38,890 “Харенхал е проколнат замок дизајниран од пореметен ум“, 23 00:01:39,015 --> 00:01:40,558 беше кус опис што го добив. 24 00:01:41,101 --> 00:01:46,189 Трошен е, прогонуван од минатото и сегашноста. 25 00:01:46,773 --> 00:01:51,444 Огромен е. Само продолжува. Џим Клеј штотуку направи брилијантна работа. 26 00:01:51,569 --> 00:01:53,571 Текстурата и размерот, 27 00:01:53,697 --> 00:01:57,242 и визијата зад многу негови дела е навистина моќна. 28 00:01:57,367 --> 00:02:00,370 Тоа е сценографија во која би се изгубила. 29 00:02:00,495 --> 00:02:03,581 Ќе свртите на погрешна страна и велите: “Чекај, каде сум?“ 30 00:02:03,707 --> 00:02:07,252 На пример, може да се дезориентирате како Дејмон низ сценографијата. 31 00:02:07,377 --> 00:02:09,504 И мислам дека тоа кажува нешто. 32 00:02:13,508 --> 00:02:16,344 Беше прилично голема. Ја исполни целата сцена. 33 00:02:16,469 --> 00:02:18,179 Од структурна гледна точка, 34 00:02:18,304 --> 00:02:21,474 како ќе ја скриеш интегралната структура. 35 00:02:21,599 --> 00:02:24,185 Ако имате челична рамка што не треба да се гледа, 36 00:02:24,310 --> 00:02:27,689 тогаш мора да ја скриеме. Тука е забавата. 37 00:02:27,814 --> 00:02:30,275 Сакам да му дадам на целиот свет меѓу четирите ѕида 38 00:02:30,400 --> 00:02:33,194 предности за снимање со следење, “стедикам“ снимање, 39 00:02:33,319 --> 00:02:36,781 а актерите се обвиени во целиот свет. 40 00:02:36,906 --> 00:02:39,117 Можете да одите каде сакате, да снимате што сакате, 41 00:02:39,242 --> 00:02:41,619 речиси 360 степени. 42 00:02:41,745 --> 00:02:44,372 Од која страна и да погледнете, ќе бидете покриени. 43 00:02:44,497 --> 00:02:46,875 А идејата беше дека треба да биде како лавиринт. 44 00:02:47,000 --> 00:02:50,462 Не треба да се чувствувате како да знаете каде сте во одреден момент во тој замок. 45 00:02:50,587 --> 00:02:52,297 Честопати се губев таму. 46 00:02:52,422 --> 00:02:55,925 Ова е мојот омилен сет што Џим го изгради, до денес, 47 00:02:56,051 --> 00:02:59,137 затоа што е толку добро оживеана идејата за овој разурнат замок. 48 00:02:59,262 --> 00:03:01,681 Фактот што направи да врне внатре, 49 00:03:01,806 --> 00:03:05,643 начинот на кој корењата се пробиваат низ сите камења. 50 00:03:05,769 --> 00:03:08,688 Гледате како замокот им се вратил на старите богови. 51 00:03:08,813 --> 00:03:11,733 Најчесто тој е типот што ме наводенува. - Јас? 52 00:03:11,858 --> 00:03:14,444 Да. Се гледаме. - Ќе го носиме денес? 53 00:03:14,569 --> 00:03:16,488 Тој е казнувачот со дожд, Том. 54 00:03:16,613 --> 00:03:19,616 Ова е тоа. Харенхал, повлажен од џебот на видра. 55 00:03:19,741 --> 00:03:22,786 Знам. Но, сакам малку дожд. 56 00:03:23,328 --> 00:03:25,372 Харенхал треба да е ветровито, влажно место. 57 00:03:25,497 --> 00:03:28,875 И успеавме да направиме да врне внатре, 58 00:03:29,000 --> 00:03:32,420 бидејќи идејата дека е трошен и има дупки во ѕидот и покривот. 59 00:03:32,545 --> 00:03:34,381 Ама го накиснавме тоа место. 60 00:03:34,506 --> 00:03:37,217 Дава неверојатен реализам и текстура на местото, 61 00:03:37,342 --> 00:03:39,636 што беше многу важно за приказната. 62 00:03:39,761 --> 00:03:43,223 Реков: “Мора да биде многу влажно“. Тоа беше тоа. 63 00:03:43,348 --> 00:03:45,058 И на крајот реков: 64 00:03:45,183 --> 00:03:47,352 “Внатре мора да врне како надвор“. 65 00:03:47,477 --> 00:03:48,812 И не престана да врне. 66 00:03:48,937 --> 00:03:50,980 Боже мој, беше страшно. 67 00:03:51,106 --> 00:03:53,024 Но, изгледа неверојатно. 68 00:03:53,149 --> 00:03:56,611 Доцна дојдовме на идеја да капе вода на сетот, 69 00:03:56,736 --> 00:03:59,906 така што не бевме целосно подготвени во однос на цистерни, 70 00:04:00,031 --> 00:04:02,242 што обично го правиме доколку имате многу вода. 71 00:04:02,367 --> 00:04:04,994 Но, се снајдовме, Специјалните ефекти завршија одлична работа 72 00:04:05,120 --> 00:04:07,914 собирајќи ја водата на сетот кога истураше. 73 00:04:08,039 --> 00:04:12,711 Беше предоцна за ретроспективно да се поправи, па ја минимизиравме штетата. 74 00:04:12,836 --> 00:04:16,131 Направивме поединечни цистерни и така ја задржавме водата. 75 00:04:16,256 --> 00:04:18,299 Добро излезе, и изгледаше реално. 76 00:04:20,719 --> 00:04:22,512 Си помислив: “Мет ќе збесне“. 77 00:04:22,637 --> 00:04:26,224 Цел ден шеташе во оклоп, на дожд, но изгледаше многу добро. 78 00:04:26,349 --> 00:04:27,642 И му се допадна. 79 00:04:27,767 --> 00:04:30,854 Бевме накиснати од 8 наутро до 8 навечер, 80 00:04:30,979 --> 00:04:32,731 што беше доста забавно. 81 00:04:32,856 --> 00:04:36,067 Ми се допадна што накиснавме до кожа 82 00:04:36,192 --> 00:04:39,529 и мразам да ми е жешко, но многу ми се допадна што бев накиснат. 83 00:04:39,654 --> 00:04:42,323 Заради континуитет, мораше да биде накиснат цело време. 84 00:04:42,449 --> 00:04:46,244 А за тоа најдобро беше да се пушти водата и да се каже: "Мет, ќе застанеш под тоа?" 85 00:04:46,369 --> 00:04:51,124 Според мојата досегашна работа со Мет, тој прифаќа предизвици. Добро излезе. 86 00:04:51,249 --> 00:04:54,961 Сценариото опишува лик што не може да го види. Што значи тоа за публиката? 87 00:04:55,086 --> 00:05:00,050 Така, таа секвенца беше неверојатно забавна за осветлување и снимање, 88 00:05:00,175 --> 00:05:02,052 затоа што врне и има секавици, 89 00:05:02,177 --> 00:05:05,680 и многу си играме со сенки и силуети и филм ноар. 90 00:05:05,805 --> 00:05:09,934 Но, начинот на кој изгледа кога е целосно накиснат и се цеди вода, 91 00:05:10,060 --> 00:05:12,854 а тој стои таму, навистина е јако. 92 00:05:14,731 --> 00:05:15,940 Баш е забавно. 93 00:05:17,150 --> 00:05:21,029 ОДЕРИ ГО ЛИЦЕТО 94 00:05:21,154 --> 00:05:25,408 Бракенови и Блеквуди се Хетфилдите и Мекоевите од овој период. 95 00:05:25,533 --> 00:05:27,452 Навистина не знаеме зошто се мразат, 96 00:05:27,577 --> 00:05:30,163 едноставно се мразат и секогаш се спремни да се борат. 97 00:05:30,288 --> 00:05:33,375 Оној ќе ти го одере лицето. Важи? - Важи. 98 00:05:34,501 --> 00:05:37,462 За режирањето на почетокот на епизодата 203, 99 00:05:37,587 --> 00:05:43,885 каде што гледате мртви тела по битка, беше потребна голема подготовка. 100 00:05:44,010 --> 00:05:48,598 Ерон Бракен е човек една минута, а следната протетска кукла, 101 00:05:48,723 --> 00:05:52,394 но не се разликува. - Прво му ја скениравме главата. 102 00:05:52,519 --> 00:05:54,562 Па ќе те легнеме на подот... - Кул. 103 00:05:54,688 --> 00:05:58,608 ...а потоа ќе направиме неколку опции со отворена уста, затворени очи... 104 00:05:59,275 --> 00:06:01,152 Очите отворени, можеби главата назад. 105 00:06:01,277 --> 00:06:03,822 Потоа ќе го дадеме на Гита, таа ќе ни каже што сака. 106 00:06:03,947 --> 00:06:06,366 Ќе ја обработиме онаа верзија што ќе ѝ се допадне. 107 00:06:06,491 --> 00:06:09,035 Неверојатно. Кул. - Кул. Почнуваме. 108 00:06:10,286 --> 00:06:13,248 Само што завршивме со печатење на неговата глава, 109 00:06:13,373 --> 00:06:15,417 подготвени за преработка и чистење. 110 00:06:15,542 --> 00:06:18,503 Рамената на две половини, на друг печатач. 111 00:06:18,628 --> 00:06:21,798 На крај само ќе ги склопиме како прекрасна сложувалка. 112 00:06:23,216 --> 00:06:25,176 Многу е реалистично, вистинито. 113 00:06:26,094 --> 00:06:30,223 Неверојатно е. Тоа што правиме екстремно крупен кадар на протетска кукла 114 00:06:30,348 --> 00:06:33,893 на актер кој претходно бил во сцената, и тоа да е успешно, 115 00:06:34,019 --> 00:06:36,312 само го покажува квалитетот на работата на Валдо. 116 00:06:37,313 --> 00:06:40,358 Инаку, лежиш на вреќа за тело. - Одлично. 117 00:06:40,483 --> 00:06:41,651 Изненадување! 118 00:06:43,945 --> 00:06:46,531 Гита ја замислуваше како една едноставна, елегантна снимка 119 00:06:46,656 --> 00:06:48,491 каде сме на лицето на Ерон Бракен, 120 00:06:48,616 --> 00:06:53,288 а потоа одиш нагоре и има мртви тела во недоглед. 121 00:06:53,413 --> 00:06:56,041 А утрото кога снимавме многу врнеше, 122 00:06:56,166 --> 00:06:59,502 и затоа беше неверојатно магливо и некако морничаво. 123 00:06:59,627 --> 00:07:02,964 На крајот излезе дека е совршено време за таква сцена. 124 00:07:03,715 --> 00:07:06,885 Тоа беше момент за кој не знаевме како ќе изгледа. 125 00:07:07,010 --> 00:07:08,553 Знаевме дека ќе биде во вода, 126 00:07:08,678 --> 00:07:12,640 тој е некако полупотопен, а мечот му поминува низ вратот, 127 00:07:12,766 --> 00:07:16,186 што значеше дека мора да се влезе во потокот, да се намести. 128 00:07:16,311 --> 00:07:19,814 За среќа, тука беа неколку супер момци од Реквизити што ни помагаа. 129 00:07:20,440 --> 00:07:24,736 Мечот на Ерон Бракен е снимен во екстремно крупен кадар. 130 00:07:24,861 --> 00:07:28,656 И за нас, всушност, е еден од најважните кадри, 131 00:07:28,782 --> 00:07:31,951 затоа што сме најблиску до еден меч. 132 00:07:32,494 --> 00:07:35,205 Многу дискутиравме за тоа како ќе направиме мечот да стои. 133 00:07:35,330 --> 00:07:37,707 На крајот го збрцавме толку длабоко во вратот, 134 00:07:37,832 --> 00:07:41,461 што остана исправен и беше фантастично. 135 00:07:41,586 --> 00:07:47,425 Многу добро изгледа онаму. Нечиј гол грб. Изгледа одлично. 136 00:07:48,301 --> 00:07:51,805 Во визуелните ефекти, правило е да правите што е можно попрактично. 137 00:07:51,930 --> 00:07:53,765 На Валдо границата е доста висока, 138 00:07:53,890 --> 00:07:57,185 прави неверојатни работи, а оттаму ние продолжуваме. 139 00:07:57,310 --> 00:07:58,436 Има доста да се направи. 140 00:07:58,561 --> 00:08:01,439 Онаму нема ветерница и треба да ја ставиме, 141 00:08:01,564 --> 00:08:04,192 да ја запалиме воденицата, а и гранични камења. 142 00:08:04,317 --> 00:08:07,487 И тогаш стигнуваме до крајниот кадар, што е последицата од битката. 143 00:08:07,612 --> 00:08:11,574 Но тоа енормно го прошируваме. Да, тоа беше доста големо за нас. 144 00:08:13,827 --> 00:08:18,123 Кога камерата ќе се подигне и ќе ги видиме последиците со тој прекрасен меч, 145 00:08:18,248 --> 00:08:23,378 приказната се раскажува без всушност да се покаже никакво физичко насилство. 146 00:08:24,379 --> 00:08:26,381 Тоа ми беше еден од омилените денови на снимање 147 00:08:26,506 --> 00:08:31,052 затоа што сите оддели се собраа толку брзо тоа утро 148 00:08:31,177 --> 00:08:35,724 за да го создадат тонот на тој епски момент во книгите на Џорџ. 149 00:08:35,849 --> 00:08:37,100 Добро е. Цврсто е. 150 00:08:38,643 --> 00:08:42,522 ВЕЖБАМ ЈАВАЊЕ 151 00:08:42,647 --> 00:08:47,027 Тоа ми беше најдоброто снимање досега. Беше многу забавно. 152 00:08:49,779 --> 00:08:51,531 Мундансер е сосема нов змеј, 153 00:08:51,656 --> 00:08:54,743 па описот што им го дадов на дизајнерите беше едноставно “Дејвид Боуви“. 154 00:08:54,868 --> 00:08:59,748 И добивме зелен панк-рокер со тигарска шара и со мохавк, 155 00:08:59,873 --> 00:09:01,833 и се воодушевив од исходот. 156 00:09:01,958 --> 00:09:05,754 Таа е најкул од сите. Пристрасна сум. 157 00:09:05,879 --> 00:09:10,759 Навистина е витка, бледо зелена е и многу брза. 158 00:09:11,760 --> 00:09:16,306 Секвенцата Краунланд каде Бејла ги брка Кол и Гвејн... 159 00:09:17,724 --> 00:09:21,478 е многу забавна, класична сцена на гонење. 160 00:09:21,603 --> 00:09:24,356 Секој треба да си ја искористи имагинацијата во тие моменти, 161 00:09:24,481 --> 00:09:28,610 но на крајот сѐ зависи од тимот за визуелни ефекти да го направи реално. 162 00:09:28,735 --> 00:09:30,779 Од суштинско значење е тие да се веднаш до вас, 163 00:09:30,904 --> 00:09:33,239 и тоа што го снимате да можат да го искористат. 164 00:09:33,865 --> 00:09:35,533 Ова се случува зад сцената. 165 00:09:35,658 --> 00:09:38,745 Сега ќе вежбам јавање. 166 00:09:39,454 --> 00:09:41,498 Кејти, директорката на фотографија, нејзиниот тим 167 00:09:41,623 --> 00:09:43,583 и сите техничари за осветлување, 168 00:09:43,708 --> 00:09:45,960 со мануматската опрема и сета технологија, 169 00:09:46,086 --> 00:09:47,879 работат сѐ заедно, 170 00:09:48,004 --> 00:09:50,757 за да се добие она што му треба на Одделот за визуелни ефекти. 171 00:09:51,383 --> 00:09:54,135 Целиот процес со змејот беше неверојатно комплициран, 172 00:09:54,260 --> 00:09:56,346 зашто тие се ликови кои играат во една сцена, 173 00:09:56,471 --> 00:09:59,933 и мора да им ги разработиме перформансите пред да стигнеме до вистинската локација. 174 00:10:00,058 --> 00:10:03,770 Многу подвижни делови во однос на обемот, големината, брзината... 175 00:10:03,895 --> 00:10:06,898 Бараше многу логистика за тоа како ова ќе се склопи 176 00:10:07,023 --> 00:10:09,484 од практична гледна точка, што можеме да снимиме 177 00:10:09,609 --> 00:10:12,696 и како тоа треба да изгледа на крајот. 178 00:10:12,821 --> 00:10:14,864 Многу наука беше вклучена во тоа, 179 00:10:14,989 --> 00:10:18,118 во однос на брзината и растојанието на змејот, во однос на тоа гонење. 180 00:10:18,243 --> 00:10:20,578 Развивме систем 181 00:10:20,704 --> 00:10:23,039 за да можеме да ја снимиме сцената со камера 182 00:10:23,164 --> 00:10:27,293 и да го примениме тоа во компјутерска графика со помош на Анриал Енџин. 183 00:10:27,419 --> 00:10:32,716 Тоа ни овозможи да видиме како движењето на монтираната камера 184 00:10:32,841 --> 00:10:37,303 се прекомпонира на компјутерскиот змеј, за еден вид “слап комп“. 185 00:10:37,429 --> 00:10:40,640 Само за да можат во видео селото да видат дека движењето се совпаѓа. 186 00:10:41,266 --> 00:10:43,852 Напорна работа е да јаваш змеј. Да. - Да. 187 00:10:45,061 --> 00:10:47,605 Бидејќи ја снимавме секвенцата со механичкиот змеј 188 00:10:47,731 --> 00:10:51,609 пред да снимаме на локацијата, главниот предизвик во поглед на осветлувањето 189 00:10:51,735 --> 00:10:55,572 беше тоа што не знаевме дали на локацијата ќе биде сончево или облачно, 190 00:10:55,697 --> 00:10:58,742 па моравме да снимаме еднаш со сонце и еднаш без. 191 00:10:58,867 --> 00:11:00,660 Баш е забавно да се снима со змејот. 192 00:11:00,785 --> 00:11:06,041 Неверојатно стратешка работа е зашто треба да ја имате предвид разликата 193 00:11:06,166 --> 00:11:09,419 помеѓу фантазијата и натурализмот. 194 00:11:09,544 --> 00:11:12,922 Размислувате за тоа колку ветер дува на лицето 195 00:11:13,048 --> 00:11:15,592 кога одите со максимална брзина, 196 00:11:15,717 --> 00:11:18,053 како некој се движи на животно... 197 00:11:18,178 --> 00:11:21,181 Сите овие работи се навистина важни. 198 00:11:21,848 --> 00:11:25,352 Мислам дека нема што многу да направиш со снимка од профил. Сериозно. 199 00:11:26,478 --> 00:11:29,481 Освен ако не се свртиш кон камерата и не речеш: “Ова е неверојатно!“ 200 00:11:31,941 --> 00:11:35,945 Ви покажуваат како изгледате на змејот, 201 00:11:36,071 --> 00:11:40,116 како полухибридна цртана верзија на која ја правиш целата секвенца. 202 00:11:40,241 --> 00:11:44,412 И одеднаш удирате со петите како да е коњ. Невидено! 203 00:11:44,913 --> 00:11:48,500 Прекрасно е кога работите со актер како Бетани која го сака тоа искуство 204 00:11:48,625 --> 00:11:50,210 и целосно се внесува, 205 00:11:50,335 --> 00:11:54,214 затоа што голем дел од тоа што го правите е имагинарно, 206 00:11:54,339 --> 00:11:56,591 па сите мора да бидат усогласени. 207 00:11:57,092 --> 00:12:00,679 Ништо не може да ве подготви за тоа каков ќе биде првиот ден на змејот. 208 00:12:00,804 --> 00:12:05,183 Тоа е најлудото нешто што сум го правела во мојата кариера досега. 209 00:12:05,308 --> 00:12:10,647 И тоа што бев толку високо и можев да видам колкумина работат на емисијата, 210 00:12:10,772 --> 00:12:16,903 а јас сум сама на тој змеј, си помислив: “Баш е кул ова што го правиме“. 211 00:12:17,529 --> 00:12:20,365 Супер си помина. Одвај чекаше да се качи на змејот, 212 00:12:20,490 --> 00:12:22,992 а тоа им ја олеснуваше работата на сите. 213 00:12:23,118 --> 00:12:26,663 Исто како да одите во Дизниленд со максимална брзина, 214 00:12:26,788 --> 00:12:30,041 само сте вака облечени. 215 00:12:30,166 --> 00:12:32,168 Најдобриот ден од работата. 216 00:12:33,670 --> 00:12:37,590 СООДВЕТЕН ЗА КРАЛ 217 00:12:38,216 --> 00:12:39,551 Си добив златца. 218 00:12:40,010 --> 00:12:41,261 Многу добро. 219 00:12:42,137 --> 00:12:43,722 Фенси златца. - Е, да. 220 00:12:44,222 --> 00:12:47,350 Егон е опседнат со имињата и симболите на легитимност. 221 00:12:47,475 --> 00:12:49,185 Го има валиријанскиот бодеж на татко му, 222 00:12:49,310 --> 00:12:51,938 но не го сфаќа целосното значење на тоа. 223 00:12:52,063 --> 00:12:54,190 Ја има круната на Егон Освојувачот, го има името, 224 00:12:54,315 --> 00:12:57,902 и сега се обидува да се легитимира во отсуство на Ото, 225 00:12:58,028 --> 00:12:59,529 велејќи: “Сега јас владеам“. 226 00:12:59,654 --> 00:13:02,365 И сака да се прикаже како крал воин и освојувач. 227 00:13:02,490 --> 00:13:04,492 Го гледаме со овој древен оклоп, 228 00:13:04,617 --> 00:13:08,747 веројатно извлечен од некој правлив ќош во оружарницата, скроен за него. 229 00:13:08,872 --> 00:13:10,623 Официјалното име... - Како се вика? 230 00:13:10,749 --> 00:13:12,125 Горже. - Горже. 231 00:13:12,250 --> 00:13:13,960 ГОРЖЕ - ДЕЛ ОД ОКЛОП ШТО ГО ШТИТИ ГРЛОТО 232 00:13:14,085 --> 00:13:16,254 Како жоржет. - Тоа е многу подобро. 233 00:13:17,881 --> 00:13:19,841 Слушаме многу за оружје од валиријански челик, 234 00:13:19,966 --> 00:13:22,093 не слушаме многу за оклоп од валиријански челик. 235 00:13:22,218 --> 00:13:24,679 Но се чинеше дека Егон Освојувачот би го имал тоа 236 00:13:24,804 --> 00:13:26,806 од времето кога бил во Стара Валирија, 237 00:13:26,931 --> 00:13:28,892 како наследство од семејството Таргеријан. 238 00:13:29,017 --> 00:13:33,104 Оклоп што би бил многу лесен и многу силен. 239 00:13:33,229 --> 00:13:35,815 Па, задачата што им ја дадов на Керолајн и Сајмон Бриндл 240 00:13:35,940 --> 00:13:39,986 беше дека сакав древен оклоп од валиријански челик 241 00:13:40,111 --> 00:13:44,657 што изгледа како да е од Стара Валирија. И мислам дека совршено го изведоа. 242 00:13:45,533 --> 00:13:46,993 Здраво. - Здраво. 243 00:13:47,869 --> 00:13:49,412 Убав оклоп. - Да. 244 00:13:49,954 --> 00:13:53,917 Оклопот на Егон беше огромен предизвик за нас. За дизајнот и за изработката 245 00:13:54,042 --> 00:13:57,962 никогаш во животот не сум имала толку многу состаноци за оклоп. 246 00:13:58,088 --> 00:14:00,340 Тоа беше значаен потфат, 247 00:14:00,465 --> 00:14:04,969 бидејќи Егон Освојувачот е навистина главен лик 248 00:14:05,095 --> 00:14:07,555 во целиот универзум на Вестерос. 249 00:14:07,681 --> 00:14:11,059 Затоа сакавме да создадеме нешто што е иконично. 250 00:14:11,184 --> 00:14:15,438 Керолајн потроши многу време на дизајнот, а потоа ние го развивме. 251 00:14:17,941 --> 00:14:19,150 Гледај да не мрдаш. 252 00:14:19,859 --> 00:14:22,404 Добро, одлично. - Викај кога ќе треба да станеш. 253 00:14:22,529 --> 00:14:23,530 Јас сум желка. 254 00:14:24,614 --> 00:14:29,035 Обично изработката би траела меѓу 16 и 20 недели. 255 00:14:29,160 --> 00:14:32,539 Може и за пократко, но ако правите нешто по нарачка, 256 00:14:32,664 --> 00:14:34,874 со секој елемент според големината на актерот, 257 00:14:35,000 --> 00:14:38,044 во суштина треба да го направите секое парче од нула. 258 00:14:38,169 --> 00:14:40,380 Значи, беа потребни 20 недели работа. 259 00:14:40,505 --> 00:14:44,801 Има доста архитектонски облици во формите и контурите. 260 00:14:44,926 --> 00:14:47,262 А потоа уште добри четири недели, 261 00:14:47,387 --> 00:14:49,723 само ставање на деталите од валиријански челик. 262 00:14:49,848 --> 00:14:52,058 Многу работа, но одлично се направи. 263 00:14:52,851 --> 00:14:57,272 Првото нешто беше практичноста. Затоа треба да биде што е можно пофлексибилно. 264 00:14:57,397 --> 00:15:01,067 Ги гледав сите видови оклоп што можете да ги замислите. 265 00:15:01,192 --> 00:15:07,073 Требаше да се има чувство на древна култура. Има грчко-римски влијанија. 266 00:15:07,949 --> 00:15:11,411 Сакав змејот да се рефлектира во неговиот дизајн, 267 00:15:11,536 --> 00:15:14,330 така што има квалитет на крлушки. 268 00:15:14,456 --> 00:15:17,625 Тоа е Егон Првиот, па сѐ уште е древно парче, 269 00:15:17,751 --> 00:15:20,920 но бидејќи е валиријански челик, тој е беспрекорно изработен. 270 00:15:21,046 --> 00:15:25,216 Сакавме да создадеме нешто древно и неземно. 271 00:15:25,342 --> 00:15:28,136 Има елемент на речиси бруталистичка архитектура. 272 00:15:28,261 --> 00:15:33,016 Многу црпи од архитектурата на династијата Таргеријан. 273 00:15:33,141 --> 00:15:35,143 Се одвиваше низ три процеси. 274 00:15:35,268 --> 00:15:38,188 Прво почнавме со изградба на оклопот, 275 00:15:38,313 --> 00:15:41,900 индивидуално монтиран и изработен и извајан во обликот на Том. 276 00:15:42,025 --> 00:15:45,362 Потоа воведовме аголност и острина, 277 00:15:45,487 --> 00:15:48,365 многу се повикува на форми на змеј, со тоа што е Егон. 278 00:15:48,490 --> 00:15:51,284 Има многу форми на канџи и крлушки 279 00:15:51,409 --> 00:15:53,661 кои се провлекуваат низ штитниците и здолништето, 280 00:15:53,787 --> 00:15:56,331 преку многу ситни детали. 281 00:15:56,456 --> 00:15:58,833 И тогаш влеговме во валиријанскиот челик, 282 00:15:58,958 --> 00:16:03,088 што беше како додавање дополнителна градба врз сѐ. 283 00:16:03,213 --> 00:16:06,591 Потоа се вративме на оригиналните форми и облици, 284 00:16:06,716 --> 00:16:09,844 шарите на површината на секое парче, 285 00:16:09,969 --> 00:16:14,182 со уметнички приказ на валиријанскиот челик, и ги нанесовме на секоја површина. 286 00:16:14,307 --> 00:16:16,267 Беше доста напорно. 287 00:16:17,060 --> 00:16:19,312 Протреси малку. 288 00:16:20,271 --> 00:16:22,607 Вака? - Така. Браво. 289 00:16:24,651 --> 00:16:31,032 Работеа неверојатно напорно на создавањето на оклопот и шлемот, 290 00:16:31,157 --> 00:16:34,411 и сѐ друго. Вниманието на деталите воодушевува. 291 00:16:35,245 --> 00:16:38,748 Задоволство е кога ќе видите како уживаат во костимот, 292 00:16:38,873 --> 00:16:41,459 и тоа им помага да го развијат својот лик. 293 00:16:41,584 --> 00:16:43,628 А тој изгледа неверојатно во неговиот оклоп. 294 00:16:43,753 --> 00:16:45,797 Тежок. Оклопот на Освојувачот е многу тежок. 295 00:16:45,922 --> 00:16:48,341 Но, изгледа неверојатно. Валиријански челик. 296 00:16:48,466 --> 00:16:50,969 Во него е вградена круната, што е неверојатно. 297 00:16:51,094 --> 00:16:54,389 Ми требаше време да се навикнам, но никогаш не сум се чувствувал похеројски. 298 00:16:55,306 --> 00:16:57,183 Страшен сум како и секој од нив. 299 00:17:00,395 --> 00:17:04,274 ПОПЛАВА НА ПРИСТАНИШТЕТО 300 00:17:04,399 --> 00:17:05,734 Добро, одиме. 301 00:17:06,693 --> 00:17:10,405 Браво, успеавте. - Ама е дождливо и влажно. 302 00:17:11,656 --> 00:17:13,867 Пристаништето Дрифтмарк е суво пристаниште. 303 00:17:13,992 --> 00:17:17,912 Бродот на Морската Змија се враќа од војна и се поправа. 304 00:17:18,038 --> 00:17:21,291 Самото пристаниште е доста високо, околу пет метри, 305 00:17:21,416 --> 00:17:25,295 и се спушта во калта и тињата на пристаништето кога морето се повлекува. 306 00:17:25,420 --> 00:17:29,049 Тогаш мора да биде опкружено, за да можете да снимате 360 степени. 307 00:17:29,174 --> 00:17:32,927 Од почеток до крај беа потребни веројатно 16 или 18 недели. 308 00:17:33,762 --> 00:17:35,930 Џим е мајстор за огромни сценографии. 309 00:17:36,056 --> 00:17:39,434 Уште од сам почеток беше голем проект. 310 00:17:39,559 --> 00:17:42,520 Има многу конструкција, бидејќи го изградивме 311 00:17:42,645 --> 00:17:44,314 веројатно високо пет метри. 312 00:17:44,439 --> 00:17:47,609 Многу работа со гипс на таков сет. 313 00:17:47,734 --> 00:17:50,528 И тогаш дојдоа од Одделот за реквизити со прекрасни детали 314 00:17:50,653 --> 00:17:52,822 за да се чувствувате како да сте на бродоградилиште, 315 00:17:52,947 --> 00:17:55,116 бидејќи ова беше брод на поправка. 316 00:17:55,241 --> 00:17:59,496 Затоа требаше да се има чувство дека луѓето напорно работат. 317 00:17:59,621 --> 00:18:02,207 Тоа е најголемиот сет што Џим некогаш го изградил. 318 00:18:02,332 --> 00:18:03,500 Масовно е и експанзивно. 319 00:18:03,625 --> 00:18:06,294 Сѐ што гледате е во камера, вклучувајќи го и бродот. 320 00:18:06,419 --> 00:18:11,675 Само погледот кон морето, и понатаму, е виртуелен. 321 00:18:11,800 --> 00:18:14,886 Се запрепастив првиот пат кога отидов. 322 00:18:15,845 --> 00:18:19,099 Целосно заборавив што треба да кажам зашто има многу дожд на тебе. 323 00:18:19,224 --> 00:18:20,350 На моето лице, да. 324 00:18:21,184 --> 00:18:23,853 Со месеци се подготвувавме за сцената, 325 00:18:23,978 --> 00:18:25,980 а потоа дознавме дека дента кога ќе снимаме, 326 00:18:26,106 --> 00:18:28,024 ќе има пороен дожд. 327 00:18:28,149 --> 00:18:31,736 Затоа ја преместивме сцената и додадовме машини за дожд. 328 00:18:31,861 --> 00:18:35,407 По осум часа дожд, ќе почне да протекува. 329 00:18:35,532 --> 00:18:39,619 Почна да се собира вода на сетот и моравме да го откопуваме. 330 00:18:39,744 --> 00:18:43,289 Толку едноставна сцена, а всушност снимањето стана доста комплицирано. 331 00:18:43,415 --> 00:18:45,959 Лажниот дожд беше како монсун. 332 00:18:46,084 --> 00:18:47,961 Ако ја прашате Гита: “Колку дожд сакаш?“ 333 00:18:48,086 --> 00:18:51,631 “Сакам Боливуд 10“. На почетокот помислив: “Немам поим што сакаш да кажеш“. 334 00:18:51,756 --> 00:18:55,135 Но истражив малку и тоа е пороен, обилен, голем дожд. 335 00:18:55,260 --> 00:18:59,014 И ја сакам поради тоа. И го направивме тоа. 336 00:18:59,639 --> 00:19:04,227 Таа сцена на дождот беше толку мачен ден. 337 00:19:05,061 --> 00:19:08,106 И во еден момент реков: “Надвор има вистински дожд. 338 00:19:08,231 --> 00:19:12,652 Дали сте сигурни дека ни треба овој дополнителен монсун?" 339 00:19:12,777 --> 00:19:16,364 И сите бевме како во Ноевата арка, а водата се креваше. 340 00:19:16,489 --> 00:19:20,035 Кога ќе излезете таму, со поројниот дожд, а тие велат: “Вклучи ги машините“, 341 00:19:20,160 --> 00:19:21,828 целосно накиснувате. 342 00:19:21,953 --> 00:19:26,041 И додека влегов во засолништето за да разговарам со неа, 343 00:19:26,166 --> 00:19:29,419 бе целиот накиснат. Се потпирав на греда, 344 00:19:29,544 --> 00:19:31,755 а по неа се истураше вода. 345 00:19:31,880 --> 00:19:33,757 Секојпат кога ќе се свртев од камерата, 346 00:19:33,882 --> 00:19:37,886 бев целиот воден. Беше забавно, но и не беше. 347 00:19:38,011 --> 00:19:40,764 Многу дожд. 348 00:19:42,891 --> 00:19:47,604 Сцената која беше замислена како многу романтична, сепак заврши романтична, 349 00:19:47,729 --> 00:19:50,523 затоа што сега беа под мост на дожд. 350 00:19:50,648 --> 00:19:53,234 Затоа мислам дека така сѐ се заокружи. 351 00:19:58,031 --> 00:20:00,033 Превод: Sandra Avrosievska