1 00:03:03,183 --> 00:03:10,190 КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА 2 00:04:06,246 --> 00:04:09,249 „Блажени се мртвите кои умираат во Бога. 3 00:04:10,000 --> 00:04:13,503 Јас, Иван, чув глас од небото, 4 00:04:14,379 --> 00:04:19,009 блажени се мртвите кои умираат во Бога. 5 00:04:19,509 --> 00:04:24,639 Нека починат од своите болки, зашто ги следат делата нивни! 6 00:04:25,640 --> 00:04:29,394 Те молиме, во име на нашиот Господ Исус Христос. 7 00:04:29,478 --> 00:04:30,520 И велиме... 8 00:04:30,604 --> 00:04:31,813 Амин! -Амин!" 9 00:04:59,257 --> 00:05:03,637 „Тита не плачеше поради смртта на својата доминантна мајка, 10 00:05:04,304 --> 00:05:07,182 туку поради жената на која, исто како и нејзе, 11 00:05:07,599 --> 00:05:09,267 ѝ беше забрането да љуби. 12 00:05:11,144 --> 00:05:14,898 Во тој момент, конечно сфати 13 00:05:15,357 --> 00:05:17,943 дека сепак постои нешто што ги поврзува. 14 00:05:26,368 --> 00:05:30,997 Тоа попладне, силен ветар ја подигна прашината од светата земја. 15 00:05:31,957 --> 00:05:35,627 Како Мама Елена да не сакаше да биде закопана." 16 00:05:58,149 --> 00:05:59,401 Тита. 17 00:06:02,487 --> 00:06:04,614 Знам дека бев дистанциран. 18 00:06:13,582 --> 00:06:14,624 Прости ми. 19 00:06:16,251 --> 00:06:18,295 Не бев подготвен да те видам. 20 00:06:20,964 --> 00:06:24,134 Затоа дозволи и понатаму да мислам дека си мртов? 21 00:06:25,802 --> 00:06:28,013 Многу е покомплицирано од тоа. 22 00:06:30,640 --> 00:06:32,433 Го изгубив Робертито... 23 00:06:34,269 --> 00:06:35,812 Потоа татко ми... 24 00:06:37,981 --> 00:06:39,399 Сите ги повредив. 25 00:06:42,277 --> 00:06:43,403 Бев себичен. 26 00:06:47,282 --> 00:06:49,534 Овој пат сакам да постапам правилно. 27 00:06:52,662 --> 00:06:54,497 Така е најдобро за сите. 28 00:07:40,418 --> 00:07:42,253 Знаеш дека можеш да ми кажеш сè. 29 00:07:52,889 --> 00:07:55,183 Многу нешта ти се собраа, Тита. 30 00:07:56,601 --> 00:07:59,562 Сакам да знаеш дека сфаќам што преживуваш. 31 00:08:01,898 --> 00:08:03,191 Ќе бидам добро. 32 00:08:09,948 --> 00:08:12,117 Знам колку ти е важен Педро. 33 00:08:14,160 --> 00:08:18,248 И знам дека чувствата кон некого не исчезнуваат преку ноќ. 34 00:08:22,544 --> 00:08:25,213 Сакам да кажам, ако ти треба уште време, 35 00:08:26,381 --> 00:08:28,383 или ако си се премислила, 36 00:08:29,217 --> 00:08:30,385 ќе те сфатам. 37 00:08:37,851 --> 00:08:39,894 Сакам да се омажам за тебе, Џон. 38 00:08:40,979 --> 00:08:42,938 Тоа не се сменило. 39 00:08:44,232 --> 00:08:46,860 Само ова место не ми годи. 40 00:08:50,071 --> 00:08:51,239 Па, да си одиме. 41 00:08:52,866 --> 00:08:57,037 Ќе се вратиме на Игл Пас кога ќе поминат девет дена. 42 00:09:15,597 --> 00:09:16,681 Фала, Фина. 43 00:09:17,098 --> 00:09:19,517 Фала, Фина. -Многу ти благодарам, Фина. 44 00:09:20,810 --> 00:09:21,853 Добар апетит. 45 00:09:22,687 --> 00:09:24,439 Добар апетит! -Добар апетит. 46 00:09:29,069 --> 00:09:30,195 Сакаш... 47 00:09:30,278 --> 00:09:31,946 Не, фала. -Во ред. 48 00:09:34,157 --> 00:09:36,076 Сакам да се извинам. 49 00:09:36,618 --> 00:09:42,373 Поради смртта на мајка ми не стигнав да ви честитам за свршувачката. 50 00:09:44,042 --> 00:09:45,543 Ќе наздравам за вас. 51 00:09:45,627 --> 00:09:47,462 Ви посакувам многу среќа. 52 00:09:48,463 --> 00:09:52,175 Среќен човек сте, докторе. -Благодарам, Росаура. 53 00:09:52,258 --> 00:09:56,346 И многу сум среќен што сум дел од оваа фамилија. 54 00:09:59,224 --> 00:10:03,812 Мило ми е што конечно најде некој со кој ќе го делиш животот, Тита. 55 00:10:03,937 --> 00:10:05,688 Маж ми и јас... 56 00:10:06,856 --> 00:10:10,443 Ви стоиме на располагање за сè што треба. -Фала. 57 00:10:10,527 --> 00:10:14,447 Знаете каде ќе биде свадбата? Не сакам да се мешам, 58 00:10:14,531 --> 00:10:17,742 но сметам дека е подобро тоа да се заврши што побрзо. 59 00:10:19,410 --> 00:10:22,455 Уште не сме разговарале за датумот. 60 00:10:23,790 --> 00:10:25,542 А што се однесува до местото... 61 00:10:26,876 --> 00:10:27,919 Игл Пас. 62 00:10:29,212 --> 00:10:32,090 Ќе се венчаме во Игл Пас. -Да. 63 00:10:33,758 --> 00:10:34,884 Наздравувам за вас! 64 00:10:35,927 --> 00:10:37,387 На здравје! -На здравје! 65 00:10:37,679 --> 00:10:38,721 На здравје! 66 00:10:39,097 --> 00:10:40,765 Војската! 67 00:10:40,849 --> 00:10:42,767 Што е? -Војската дојде! 68 00:10:42,851 --> 00:10:44,769 Брзо, Хертрудис, скриј се! 69 00:10:45,645 --> 00:10:47,397 Наваму! Вратата. 70 00:10:48,690 --> 00:10:53,987 Што правите? Како влеговте? Што сакате? -Имам налог за апсење на Педро Мускис. 71 00:10:54,445 --> 00:10:58,366 Обвинет е за побуна и предавство на татковината. 72 00:10:58,449 --> 00:11:00,243 Одиме! -Господине. 73 00:11:00,368 --> 00:11:01,828 Грешите. -Чекајте! 74 00:11:01,911 --> 00:11:04,247 Пуштете ме! Помилуван сум! -Педро! 75 00:11:04,330 --> 00:11:05,498 Пушти ме! Тргни се... 76 00:11:05,540 --> 00:11:07,458 Одиме! -Пуштете ме! 77 00:11:07,542 --> 00:11:10,503 Пуштете го, ве молам! -Пушти! -Не мрдај! 78 00:11:11,796 --> 00:11:15,133 Немојте да го повредите! -Пушти ме... -Не удирајте го! 79 00:11:16,384 --> 00:11:18,720 Росаура, документите! 80 00:11:20,555 --> 00:11:22,140 Не поместувај се! 81 00:11:22,223 --> 00:11:26,978 Смирете се, ве молам. Овој човек има документи. Оди со Росаура. 82 00:11:27,812 --> 00:11:29,272 Ајде, побрзо! 83 00:11:35,778 --> 00:11:37,155 Росаура, што ти е? 84 00:11:37,572 --> 00:11:38,573 Диши! 85 00:11:40,783 --> 00:11:43,161 Што е? Добро сте? 86 00:11:44,287 --> 00:11:47,123 Каде е Педро? -Го одведоа војниците. 87 00:11:47,415 --> 00:11:49,042 Ќе одам по помилувањето. 88 00:11:52,921 --> 00:11:54,672 Ве молам, седнете. 89 00:11:56,549 --> 00:11:57,717 Внимателно. 90 00:11:59,385 --> 00:12:00,970 Мислам дека ќе се породи. 91 00:12:01,512 --> 00:12:03,973 Јас ќе ги однесам. -Не! -Што е? 92 00:12:04,265 --> 00:12:08,144 Хертрудис, спаси го! -Не! Ако ја видат, ќе ја уапсат. 93 00:12:11,397 --> 00:12:12,482 Одиме до креветот. 94 00:12:30,875 --> 00:12:34,170 Сакаш да го играш Воскреснатиот Христос? 95 00:12:36,047 --> 00:12:40,426 Но, да се вратиш во Пиедрас Неграс, Педрито? Што ти паѓаше на ум? 96 00:12:40,510 --> 00:12:43,846 Подобро да останеше таму со грингосите. 97 00:12:43,930 --> 00:12:47,642 Грешиш, стрико! Не сум веќе бунтовник. -Бестрага! 98 00:12:47,934 --> 00:12:51,437 Само така престана да бидеш? -Претседателот ме помилува. 99 00:12:51,521 --> 00:12:52,897 Каде е? -На имотот. 100 00:12:53,189 --> 00:12:55,942 Претседателот нема да помилува предавник! 101 00:12:57,652 --> 00:12:59,904 На колена! -Да, генерале! 102 00:13:04,617 --> 00:13:07,620 Овој пат ќе се погрижам да останеш мртов. 103 00:13:17,463 --> 00:13:18,798 Чекајте! 104 00:13:22,677 --> 00:13:26,764 Имам писмо потпишано од претседателот! Не смеете да го допрете! 105 00:13:37,400 --> 00:13:38,443 Вода! 106 00:13:38,901 --> 00:13:42,071 Во мојата соба имам инструменти. Наскоро ќе се породи. 107 00:13:47,660 --> 00:13:48,703 Фала. 108 00:13:50,496 --> 00:13:52,081 Не си веќе бунтовник. 109 00:13:53,665 --> 00:13:55,335 Сега ја поддржуваш владата? 110 00:14:03,217 --> 00:14:04,510 Детето ти се раѓа. 111 00:14:21,361 --> 00:14:23,363 Како се чувствувате, Росаура? 112 00:14:24,405 --> 00:14:26,449 Преубава е. 113 00:14:28,743 --> 00:14:30,828 Хертрудис, кажи им да влезат. 114 00:14:38,920 --> 00:14:40,213 Тита, добро си? 115 00:14:43,424 --> 00:14:44,467 Како е детето? 116 00:14:46,219 --> 00:14:48,179 Добро си? -Да. 117 00:14:50,473 --> 00:14:51,516 Девојче е. 118 00:14:54,018 --> 00:14:55,061 Здраво. 119 00:14:58,022 --> 00:14:59,399 Што ти направија? 120 00:15:00,483 --> 00:15:01,901 Ќе ти кажам подоцна. 121 00:15:02,443 --> 00:15:04,362 Смисливте име? 122 00:15:05,279 --> 00:15:07,990 Мислам дека треба да се вика Есперанса. 123 00:15:09,951 --> 00:15:11,244 Ми се допаѓа. 124 00:15:14,372 --> 00:15:17,250 Не знам дали тоа би ѝ се допаднало на мама. 125 00:15:18,126 --> 00:15:19,460 Росаура... 126 00:15:19,544 --> 00:15:21,170 Г-ѓа Елена веќе ја нема. 127 00:15:25,883 --> 00:15:27,552 Ќе ја викаме Есперанса. 128 00:15:32,723 --> 00:15:33,933 Есперанса. 129 00:15:39,147 --> 00:15:40,606 Здраво, Есперанса. 130 00:15:46,320 --> 00:15:47,822 Да ги оставиме. 131 00:16:14,474 --> 00:16:17,477 Сега сите сме заедно, па сакам да ви кажам 132 00:16:17,560 --> 00:16:20,563 дека чекавме да поминат девет дена 133 00:16:20,646 --> 00:16:22,231 и се враќаме во Игл Пас. 134 00:16:25,067 --> 00:16:26,319 Не можеш да заминеш. 135 00:16:30,656 --> 00:16:32,033 Зошто не? 136 00:16:35,286 --> 00:16:37,538 Околните имоти сè уште ги напаѓаат. 137 00:16:37,872 --> 00:16:41,542 Патиштата не се безбедни. Почекајте да се смири ситуацијата. 138 00:16:41,626 --> 00:16:45,421 Не треба да ризикувате. -Се сложувам дека не е најдобар момент. 139 00:16:45,755 --> 00:16:48,508 Но, сигурен сум дека преку ден сè е во ред. 140 00:16:49,050 --> 00:16:50,092 Фала за грижата. 141 00:16:51,469 --> 00:16:53,304 Зошто не се венчате овде? 142 00:16:53,596 --> 00:16:57,975 Вратете се во Игла Пас како брачен пар кога ќе се смират работите. -Не. 143 00:16:58,768 --> 00:17:00,478 Не сакам да се омажам овде. 144 00:17:01,062 --> 00:17:02,104 Ќе почекаме. 145 00:17:03,147 --> 00:17:06,692 Ќе организираме еден собир да покажеме дека имотот е во ред. 146 00:17:06,776 --> 00:17:09,028 И ќе ја најавиме вашата свршувачка. 147 00:17:09,111 --> 00:17:13,406 Не е добар момент за тоа. -Се сложувам. Не е време за прослава. -Тита... 148 00:17:13,491 --> 00:17:18,162 Дозволи да направам нешто за вас и нашата фамилија. -Мама сега почина. 149 00:17:19,038 --> 00:17:22,583 Не мора да биде веднаш. Треба време да го подигнеме имотот. 150 00:17:22,916 --> 00:17:27,755 Но, треба да покажеме во Пиедрас Неграс дека фамилијата во Лас Паломас опстана. 151 00:17:29,006 --> 00:17:32,385 Вратете се во Игл Пас додека да организираме сè на мир. 152 00:17:49,569 --> 00:17:51,654 Не е вистински момент за прослава. 153 00:17:51,821 --> 00:17:53,114 Не е прослава. 154 00:17:53,698 --> 00:17:55,866 Се работи за собир со гости. 155 00:17:57,410 --> 00:18:00,663 Мала вечера да покажеме дека сме заедно и среќни. 156 00:18:01,205 --> 00:18:02,832 Дека имаме прекрасна ќерка. 157 00:18:03,416 --> 00:18:05,084 А и свршувачката на Тита. 158 00:18:06,127 --> 00:18:09,714 Мора да го направиме тоа како нови сопственици на Лас Паломас. 159 00:18:15,219 --> 00:18:16,637 Што те мачи тебе? 160 00:18:18,764 --> 00:18:19,932 Нели ти е јасно? 161 00:18:21,892 --> 00:18:23,352 Војната не е завршена. 162 00:18:25,479 --> 00:18:27,607 Има сè повеќе напади на имотите. 163 00:18:27,815 --> 00:18:31,402 И немаме пари за тој мал собир. 164 00:18:38,993 --> 00:18:41,162 Ти пречи што Тита ќе се омажи? 165 00:18:43,164 --> 00:18:44,915 Не биди смешна, Росаура. 166 00:18:46,250 --> 00:18:47,835 Штотуку добивме ќерка. 167 00:18:50,379 --> 00:18:51,797 Не те прашав тоа. 168 00:18:55,635 --> 00:18:57,219 Уште ја љубиш? 169 00:19:03,100 --> 00:19:04,143 Не. 170 00:19:08,522 --> 00:19:10,107 Не сме веќе како што бевме. 171 00:19:12,318 --> 00:19:15,237 Сега ми е важно само ова семејство. 172 00:19:17,698 --> 00:19:20,785 Ветувам дека ќе почекам да се смири ситуацијата 173 00:19:20,993 --> 00:19:25,373 и нештата меѓу нас да се подобрат. Тогаш ќе ја организираме средбата. 174 00:19:32,338 --> 00:19:35,716 Одвај чекам сите да видат каква убава фамилија имаме. 175 00:19:45,601 --> 00:19:51,148 ИМОТОТ МУСКИС 176 00:19:57,154 --> 00:19:58,197 Марија! 177 00:20:01,575 --> 00:20:02,618 Марија! 178 00:20:05,871 --> 00:20:07,081 Кажете, госпоѓо. 179 00:20:07,206 --> 00:20:10,167 Одведи го Хулио да се пресоблече за час по клавир. 180 00:20:16,048 --> 00:20:17,091 Фала, тато. 181 00:20:17,550 --> 00:20:20,136 Конечно, сине, како вистински маж. 182 00:20:20,803 --> 00:20:21,846 Ајде! 183 00:20:31,188 --> 00:20:33,315 Едно е да го учиш да пука, 184 00:20:34,066 --> 00:20:38,320 но да купиш пушка за 11-годишник... -Хулио мора да научи да се брани. 185 00:20:38,696 --> 00:20:39,905 Да го брани своето. 186 00:20:40,740 --> 00:20:43,117 Освен тоа, пушката не е ни полна. 187 00:20:43,743 --> 00:20:45,202 Можеби имаш право. 188 00:20:45,745 --> 00:20:50,708 Кога ќе порасне, нема да дозволи да му избега непријателот, како на татко му. 189 00:20:53,419 --> 00:20:59,550 Најмногу ме мачи како успеал да добие помилување од претседателот, бестрага! 190 00:21:00,301 --> 00:21:03,763 Ако смеам да кажам, многу внимание му посветуваш на внук ти. 191 00:21:04,388 --> 00:21:06,182 Не може да ни го земе ова. 192 00:21:06,724 --> 00:21:11,645 Помилуван или не, бунтовник е без документ да докаже дека имотов е негов. 193 00:21:11,687 --> 00:21:15,316 Освен тоа, бунтовниците во областа ги држам под контрола. 194 00:21:18,486 --> 00:21:19,820 Немаат муниција. 195 00:21:20,488 --> 00:21:21,614 Немаат храна. 196 00:21:25,367 --> 00:21:27,286 Па, зошто се врати? 197 00:21:28,454 --> 00:21:33,459 Премногу си опседнат со тоа да го убиеш, па не го гледаш она што е важно. 198 00:21:37,046 --> 00:21:44,011 Треба да се грижиш само за работата на имотот и договорот со грингосите. 199 00:21:45,471 --> 00:21:48,390 Во оваа земја ситуацијата се менува секој ден. 200 00:21:48,766 --> 00:21:50,434 Мора да го искористиме тоа. 201 00:21:51,685 --> 00:21:53,562 Нема секогаш да бидеш генерал. 202 00:22:03,113 --> 00:22:04,990 Имотот мора да изгледа како нов. 203 00:22:05,449 --> 00:22:09,036 Луѓето не смеат да мислат дека не ни е најдобро време. 204 00:22:09,203 --> 00:22:10,538 Што ќе готвите? 205 00:22:10,704 --> 00:22:14,959 Уште има време, нели? Не е одреден датумот. -Пред тоа, 206 00:22:15,042 --> 00:22:18,546 сакам да го вратам нашето место во Пиедрас Неграс. 207 00:22:19,004 --> 00:22:20,965 Или сакаш забава без гости? 208 00:22:21,048 --> 00:22:25,344 Вечера! Малку луѓе. Таков е договорот. -Да. 209 00:22:25,761 --> 00:22:26,804 Вечера. 210 00:22:27,805 --> 00:22:31,433 Но, ќе има најмалку 10-15 гости. 211 00:22:33,853 --> 00:22:37,147 Мислам дека немаме храна за толку луѓе, Росаура. 212 00:22:37,815 --> 00:22:38,899 Ќе видиме. 213 00:22:40,860 --> 00:22:44,989 Да направиме „Чампандонго". Евтино е и многу се добива. 214 00:22:46,866 --> 00:22:48,200 Ќе биде вкусно. 215 00:22:55,541 --> 00:22:57,835 Каде одиш? -Морам да се вратам. 216 00:22:58,961 --> 00:23:00,421 Така е најдобро. 217 00:23:01,255 --> 00:23:02,715 Ова е и нејзина куќа. 218 00:23:03,215 --> 00:23:07,052 Не сфаќајте ме погрешно. -Долго нема да ме видиш. 219 00:23:07,636 --> 00:23:10,973 Патот кој го избра сите нè изложува на опасност. 220 00:23:11,140 --> 00:23:13,142 Мора да си го вратиме угледот 221 00:23:13,225 --> 00:23:17,146 и нема да ни помогне меѓу нас да има бунтовничка што ја бараат... 222 00:23:26,989 --> 00:23:28,032 Чекај! 223 00:23:28,532 --> 00:23:29,575 Немој да си одиш! 224 00:23:34,622 --> 00:23:36,290 Чекам дете од Хуан. 225 00:23:39,543 --> 00:23:42,171 Зошто не ми кажа? -Не сакав. 226 00:23:42,838 --> 00:23:46,842 Не смееш да си заминеш така. Планините не се место за трудна жена. 227 00:23:46,926 --> 00:23:51,263 Тоа ми е дом. Ќе бидам добро. -Ова е твоја куќа. Ќе бидете безбедни. 228 00:23:51,347 --> 00:23:54,683 Откако заминав, не сум сигурна. Росаура има право. 229 00:23:54,767 --> 00:23:59,104 Ги доведувам сите во опасност. -Не е важно што вели. -Се чини дека е! 230 00:23:59,188 --> 00:24:02,232 Во последно време нејзиниот збор мора да е последен. 231 00:24:02,733 --> 00:24:06,654 Погледни се, Тита. Ќе се омажиш за човек кој не го сакаш. 232 00:24:07,112 --> 00:24:08,155 Зошто? 233 00:24:09,239 --> 00:24:13,035 Да му одржиш лекција на Педро, а тој уште да прави глупости? 234 00:24:13,285 --> 00:24:14,703 Мама веќе ја нема. 235 00:24:15,996 --> 00:24:17,331 Слободна си. 236 00:24:19,333 --> 00:24:22,127 Не сакам животот да ти се претвори во лага. 237 00:24:22,586 --> 00:24:23,796 Како на Росаура. 238 00:24:25,631 --> 00:24:27,633 Сфаќам како гледаш на тоа. 239 00:24:28,258 --> 00:24:29,301 Но, не е така. 240 00:24:30,803 --> 00:24:32,304 Се сакаме со Џон. 241 00:24:34,765 --> 00:24:35,808 Верувај ми. 242 00:24:37,351 --> 00:24:38,769 Си веруваш ли ти самата? 243 00:24:44,066 --> 00:24:46,068 Чувај се, сестро. Те молам. 244 00:24:50,531 --> 00:24:51,657 И ти чувај се. 245 00:25:29,236 --> 00:25:33,198 „Тита и д-р Браун се вратија на Игл Пас најбрзо што можеа. 246 00:25:33,949 --> 00:25:38,037 Тита беше сигурна дека, без оглед на плановите на Росаура, 247 00:25:38,120 --> 00:25:40,873 никогаш нема да се врати на Лас Паломас. 248 00:25:41,415 --> 00:25:47,379 Близината до Педро, Росаура и Есперанса беше измачување за неа." 249 00:25:50,257 --> 00:25:52,342 Добар ден. -Добар ден. Името? 250 00:25:52,426 --> 00:25:53,719 „Со време, 251 00:25:53,802 --> 00:25:56,889 Педро ги смени работните услови за работниците. 252 00:25:57,639 --> 00:26:02,102 Почесните дневници и месечни плати повторно ги привлекоа луѓето. 253 00:26:07,024 --> 00:26:10,110 Малку по малку, нештата се враќаа во нормала." 254 00:26:12,696 --> 00:26:13,781 Фала, газда. 255 00:26:32,633 --> 00:26:35,135 Уште ги напаѓаат имотите. 256 00:26:35,219 --> 00:26:37,679 Велат дека се следбениците на Вилја. 257 00:26:37,763 --> 00:26:41,725 Да, ситуацијата е сложена, но јас ви благодарам што... 258 00:26:41,809 --> 00:26:44,061 „Но, мораа да поминат неколку месеци 259 00:26:44,144 --> 00:26:48,982 за заедницата на Пиедрас Неграс пак да ја прифати Росаура." 260 00:26:49,066 --> 00:26:54,154 Сакав да ве поканам да ја запознаете најновата принова во фамилијата. 261 00:27:03,622 --> 00:27:08,752 „На упорно инсистирање на Росаура, Тита сепак се врати на Лас Паломас. 262 00:27:09,670 --> 00:27:13,674 Во дневникот запиша дека тоа било важно за иднината на имотот." 263 00:27:13,757 --> 00:27:15,342 Фала. -Нема проблем. 264 00:27:16,093 --> 00:27:21,431 „Но, мислам дека се врати зашто повторно сакаше да го види Педро." 265 00:27:21,515 --> 00:27:22,599 Фала. 266 00:27:28,939 --> 00:27:31,024 „Но, тогаш сè уште не знаеше 267 00:27:31,108 --> 00:27:35,195 дека ова нема да биде кратка посета, како што планираше. 268 00:27:41,285 --> 00:27:42,828 Тита беше нервозна. 269 00:27:43,495 --> 00:27:46,665 Вечерта требаше да ја објави свршувачката со д-р Браун 270 00:27:46,748 --> 00:27:51,545 и да ја прекине глупавата традиција според која не смееше да се мажи. 271 00:27:52,921 --> 00:27:55,007 Требаше да се чувствува среќно. 272 00:27:56,258 --> 00:27:57,801 Но. не беше среќна." 273 00:28:21,909 --> 00:28:26,914 „Тита, важно е да најдеме вистински елементи за да се разгори огнот во нас 274 00:28:27,456 --> 00:28:29,791 и така да можеме да имаме исполнет живот. 275 00:28:30,250 --> 00:28:34,755 Инаку таа кутија ќе се намокри и кибритчињата нема веќе да се палат." 276 00:28:42,179 --> 00:28:46,266 „Еден од омилените рецепти на Нача беше 'Чампандонго', 277 00:28:46,350 --> 00:28:49,269 познат меѓу народот како 'Колач на сиромашните', 278 00:28:49,353 --> 00:28:51,396 зашто се подготвуваше со остатоци. 279 00:28:52,147 --> 00:28:57,569 Едноставно јадење со слоеви од тортилији. 280 00:29:02,115 --> 00:29:07,162 За подготовка треба мешано говедско и свинско мелено месо. 281 00:29:07,955 --> 00:29:11,166 Кромидот се пржи со кандиран цитрон и ким. 282 00:29:11,625 --> 00:29:14,002 Во друг сад се подготвува кремот 283 00:29:14,086 --> 00:29:16,964 и издробеното тврдо сирење за декорација. 284 00:29:17,047 --> 00:29:21,426 Но, тајната на ова вкусно јадење беше во сосот 'моле'." 285 00:29:25,097 --> 00:29:26,265 Како оди вечерата? 286 00:29:28,100 --> 00:29:30,811 Здраво. -Тита, рацете ти се валкани. 287 00:29:30,978 --> 00:29:35,565 Не сакам да се навикне на тебе. Сепак, ќе се вратиш на Игл Пас. 288 00:29:37,651 --> 00:29:40,445 Ги имаме сите состојки за „Чампандонго". 289 00:29:41,071 --> 00:29:44,741 Ова „моле" треба само да се згрее за да добие вистински вкус. 290 00:29:47,536 --> 00:29:48,954 Да, нема вкус. 291 00:29:50,080 --> 00:29:52,249 Во меѓувреме, оди да се пресоблечеш. 292 00:29:54,793 --> 00:29:58,380 Оди и среди се, ќе внимавам на „молето". -Фала, Фина. 293 00:29:59,298 --> 00:30:02,092 Ќе одам во градината по ловор, па ќе се облечам. 294 00:30:25,949 --> 00:30:26,992 Те љубам. 295 00:30:35,584 --> 00:30:38,712 Ме правиш најсреќен човек на светот, Тита. 296 00:30:52,726 --> 00:30:54,269 Донеси уште чинии! 297 00:30:55,729 --> 00:31:02,736 Цвеќето, молам. 298 00:32:37,956 --> 00:32:39,332 Што е сега? 299 00:32:43,628 --> 00:32:45,714 Тоа е премногу чили, нели, Тита? 300 00:32:46,673 --> 00:32:47,716 Не. 301 00:32:51,344 --> 00:32:52,471 „Додека готвеше, 302 00:32:53,013 --> 00:32:55,682 Тита не можеше да ја заборави таа слика. 303 00:32:56,850 --> 00:32:59,853 Прстите на Педро го закопчуваа фустанот на Росаура. 304 00:33:00,812 --> 00:33:02,939 Двајцата ја гледаат својата ќерка. 305 00:33:03,565 --> 00:33:04,608 И повторно... 306 00:33:05,358 --> 00:33:07,652 Семејството кое од секогаш го сакаше. 307 00:33:08,612 --> 00:33:11,948 Велат дека „молето" тогаш излегло црно. 308 00:33:12,449 --> 00:33:14,618 Поцрно од дното на бунарот. 309 00:33:15,660 --> 00:33:19,873 Поцрно од љубомората која ја заслепуваше Тита додека готвеше." 310 00:33:37,140 --> 00:33:38,642 Добро е, Тита. 311 00:33:40,894 --> 00:33:42,312 Ќе одам по малку вода. 312 00:33:52,447 --> 00:33:59,454 ЧАМПАНДОНГО 313 00:34:04,459 --> 00:34:06,336 Добровечер. -Добровечер. 314 00:34:07,337 --> 00:34:11,925 Џон, провери дали се гостите послужени. Ќе одам во кујната да видам што има. 315 00:34:12,926 --> 00:34:18,348 Вечера со неколку блиски пријатели? -Добровечер. -Добровечер. Повелете. 316 00:34:19,474 --> 00:34:22,561 Си ги поканила сите од Пиедрас Неграс. -Претеруваш. 317 00:34:22,726 --> 00:34:24,187 Добровечер, Педрито. 318 00:34:25,813 --> 00:34:29,484 Мило ми е што пак те гледам. -Генерале, Валентина, 319 00:34:29,818 --> 00:34:32,529 чест ни е да ве угостиме. Добре дојдовте. 320 00:34:32,612 --> 00:34:36,283 Фала за поканата, Росаура. -Добровечер. -Добровечер. 321 00:34:36,408 --> 00:34:39,369 Мило ми е што ситуацијата ви се подобрила. 322 00:34:40,120 --> 00:34:41,871 Се извинуваме. 323 00:34:42,621 --> 00:34:43,665 Повелете. 324 00:34:45,750 --> 00:34:49,170 Не ми се верува. Сакаше да ме убие, а сега е мој гостин? 325 00:34:49,254 --> 00:34:51,464 Смири се. Добровечер. 326 00:34:52,340 --> 00:34:53,757 Смири се, Педро. 327 00:34:53,842 --> 00:34:57,304 Важно е да види дека немаме што да криеме и да се плашиме. 328 00:34:57,387 --> 00:35:00,765 И нека види дека имотот напредува. -Добровечер. 329 00:35:00,849 --> 00:35:01,891 Како сте? 330 00:35:01,975 --> 00:35:04,185 Како патувавте? -Добро. 331 00:35:04,269 --> 00:35:07,272 Мило ми е што ве гледам. -Добре дојдовте. -Фала. 332 00:35:24,789 --> 00:35:26,374 Така, така, туркај! 333 00:35:38,386 --> 00:35:39,429 Туркај! 334 00:35:44,643 --> 00:35:47,270 Млад сте. Би било штета. -Да. 335 00:35:47,354 --> 00:35:49,939 Г-ѓо Беренис, како е вашиот сопруг? 336 00:35:50,023 --> 00:35:51,107 Подобро. 337 00:35:51,983 --> 00:35:54,736 Мило ми е што пак сте се обиделе. 338 00:35:55,195 --> 00:35:56,488 Децата се благослов. 339 00:35:56,571 --> 00:35:58,573 Вистина е. Фала. 340 00:35:58,657 --> 00:36:02,702 Знаете кога ќе ја послужат вечерата? -Ќе проверам како оди. 341 00:36:02,869 --> 00:36:05,038 Патем, душо, честитам. 342 00:36:05,121 --> 00:36:06,665 Сè изгледа прекрасно. 343 00:36:07,207 --> 00:36:08,458 Многу ви благодарам. 344 00:36:10,669 --> 00:36:12,379 Како ќе платиме за сево ова? 345 00:36:12,587 --> 00:36:14,798 Сè е средено. Верувај ми. 346 00:36:14,964 --> 00:36:16,841 Росаура... -Имај доверба во мене. 347 00:36:16,925 --> 00:36:18,510 Мил внуку... 348 00:36:22,055 --> 00:36:23,640 Имате јајца штом сте дошле. 349 00:36:24,516 --> 00:36:25,809 Јас имам јајца? 350 00:36:26,476 --> 00:36:30,146 А ти? Се врати во Пиедрас Неграс, Педрито. 351 00:36:32,315 --> 00:36:35,068 Ќе се погрижам да дознаам зошто. 352 00:36:35,193 --> 00:36:37,278 Па... -Добровечер на сите! 353 00:36:37,362 --> 00:36:41,408 Благодариме што дојдовте. Слободно седнете. Вечерата е готова. 354 00:37:00,218 --> 00:37:05,181 Мили пријатели, пред сè, сакам да ви заблагодарам што дојдовте. 355 00:37:05,640 --> 00:37:09,644 Денеска, освен што со љубов се сеќаваме на г-ѓа Елена де ла Гарса, 356 00:37:09,728 --> 00:37:13,440 беспрекорната жена која го даде животот за овој имот 357 00:37:13,523 --> 00:37:16,276 и го одржуваше продуктивен долги години, 358 00:37:16,359 --> 00:37:19,070 славиме и нова ера во Лас Паломас. 359 00:37:19,487 --> 00:37:22,365 Како јас, така и мојот сопруг, Педро Мускис, 360 00:37:22,449 --> 00:37:24,993 ќе му го вратиме целиот сјај на овој имот. 361 00:37:25,160 --> 00:37:29,456 Сакам да наздравам и да ѝ посакам здравје на нашата убава наследничка, 362 00:37:29,539 --> 00:37:31,708 Есперанса Мускис де ла Гарса. 363 00:37:32,584 --> 00:37:33,668 И на крајот, 364 00:37:34,502 --> 00:37:37,338 сакам да наздравам за мојата мила помлада сестра 365 00:37:37,589 --> 00:37:39,507 и нејзината вечна љубов, 366 00:37:40,049 --> 00:37:41,301 доктор Џон Браун, 367 00:37:42,010 --> 00:37:45,597 кои вечерва и пред сите нас ја објавуваат својата свршувачка. 368 00:37:46,473 --> 00:37:47,891 Наздравувам за нив! 369 00:37:48,016 --> 00:37:50,268 Нека бидат среќни како и ние. 370 00:37:50,852 --> 00:37:52,061 На здравје! 371 00:37:53,146 --> 00:37:54,814 Браво. -Браво! 372 00:37:54,898 --> 00:37:56,524 Да живеат младенците! 373 00:38:03,782 --> 00:38:05,283 Добар апетит! -Фала. 374 00:38:41,820 --> 00:38:45,782 „Чувствата на Тита заробени во тортилјите на 'Чампандонго', 375 00:38:46,032 --> 00:38:48,660 влијаеја на сите што го пробаа. 376 00:38:49,118 --> 00:38:53,498 Како што поминуваше времето, 'енчиладата' веќе не беше толку лута, 377 00:38:53,581 --> 00:38:57,210 но отвори пат кон изливи на љубомора кои тешко се контролираа." 378 00:38:57,293 --> 00:38:58,628 Глупав си. -Те гледам. 379 00:38:58,711 --> 00:39:00,004 Многу е вкусно. 380 00:39:00,421 --> 00:39:02,507 Превкусно. -Но, малку луто, нели? 381 00:39:02,590 --> 00:39:03,967 Малку, да. 382 00:39:30,326 --> 00:39:31,411 Педро! 383 00:39:32,036 --> 00:39:34,372 Господине! -Се извинувам. 384 00:39:34,455 --> 00:39:35,540 Што се случи? 385 00:39:37,584 --> 00:39:38,793 Веднаш ќе се вратам. 386 00:39:46,759 --> 00:39:49,053 Дозволете да ве прегледам. -Добро сум. 387 00:39:51,556 --> 00:39:54,392 Стаклото ви е покрај тетивата. Внимавајте. 388 00:39:55,268 --> 00:39:58,271 Можеби ги измамивте другите, но мене не. 389 00:39:59,731 --> 00:40:04,110 Не знам за што зборувате. -Ја искористивте и заведовте Тита. -Не! 390 00:40:04,652 --> 00:40:09,532 Се грижев за неа кога сите ја оставија. -Знаете дека ние се сакаме. 391 00:40:12,660 --> 00:40:16,497 Зошто тогаш се оженивте со Росаура? -Сериозно е, докторе? 392 00:40:17,540 --> 00:40:18,917 Не. 393 00:40:19,000 --> 00:40:20,919 Само гребнатина. -Добро си? 394 00:40:21,169 --> 00:40:22,211 Да. 395 00:40:48,613 --> 00:40:50,740 Не мислиш дека беше малку брзо? 396 00:40:52,075 --> 00:40:54,911 Дозна дека сум мртов и веднаш се сврши со докторот. 397 00:40:55,286 --> 00:40:59,207 Да не си се осмелил да зборуваш за она што не знаеш! Освен тоа... 398 00:40:59,290 --> 00:41:03,753 Сакаше да тагувам додека не се појавиш со третото дете со Росаура?! 399 00:41:03,878 --> 00:41:05,463 Таа барем ме чекаше. 400 00:41:17,767 --> 00:41:19,143 Доста ми е! 401 00:41:19,227 --> 00:41:21,437 Не, види, ова е виистински имот! 402 00:41:23,189 --> 00:41:25,108 Малку внимание, молам! 403 00:41:25,900 --> 00:41:28,027 Се надевам дека убаво се забавувате. 404 00:41:30,363 --> 00:41:33,449 Со Џон сакаме да ве поканиме на една прослава. 405 00:41:34,450 --> 00:41:39,247 Сакаме да дојдете на нашата свадба, ќе биде наскоро, овде на Пиедрас Неграс. 406 00:41:45,586 --> 00:41:46,629 Фала. 407 00:42:30,840 --> 00:42:32,675 Со поглед ја голташ. 408 00:42:32,759 --> 00:42:34,218 Те гледам. 409 00:42:44,020 --> 00:42:46,105 Не штеделе баш, нели? 410 00:42:46,230 --> 00:42:50,068 Но туѓи пари. -Да. Ние им позајмивме пари. 411 00:42:50,151 --> 00:42:52,945 Само се надевам дека ќе можат да ги вратат. 412 00:42:55,990 --> 00:42:58,743 Така и велам, бестрага! Не бидете тврдоглав! 413 00:43:03,539 --> 00:43:06,459 Не е народот! Владејачката класа не дозволува раст. 414 00:43:06,542 --> 00:43:09,962 Внимавајте што зборувате, г. Хосе! Може да имате проблеми. 415 00:43:10,171 --> 00:43:12,048 Тита брзо се сврши. 416 00:43:12,924 --> 00:43:14,926 Да не е трудна? 417 00:43:16,677 --> 00:43:17,929 Напротив. 418 00:43:18,763 --> 00:43:23,309 Тита од секогаш беше вљубена во докторот, но добро го криеше тоа. 419 00:43:53,881 --> 00:43:55,716 Да, ајде, туркај! 420 00:43:56,008 --> 00:43:57,718 Туркај, туркај! Да! 421 00:43:58,261 --> 00:44:00,471 Продолжи. Туркај! 422 00:44:06,894 --> 00:44:08,104 Така. 423 00:44:16,028 --> 00:44:18,364 Така. 424 00:45:00,072 --> 00:45:01,365 Што ти е, Фина? 425 00:45:02,950 --> 00:45:03,993 Ништо. 426 00:45:05,703 --> 00:45:06,871 Се растажив. 427 00:45:08,539 --> 00:45:10,833 Кога ќе почнам да чистам, ќе ми размине. 428 00:45:11,292 --> 00:45:13,169 Поради Хесус, твоето момче? 429 00:45:17,173 --> 00:45:19,884 Бев на пазарот и разговаравме. 430 00:45:20,593 --> 00:45:24,847 Му реков да ме побара ако смета дека може да ме сака по... 431 00:45:26,849 --> 00:45:28,142 И не те побара. 432 00:45:33,481 --> 00:45:35,274 Оди и одмори се. 433 00:45:35,691 --> 00:45:37,568 Не, има многу за чистење. 434 00:45:37,610 --> 00:45:38,694 Јас ќе средам. 435 00:45:38,945 --> 00:45:39,987 Ти оди на спиење. 436 00:45:44,158 --> 00:45:45,409 Фала, Тита. 437 00:45:48,788 --> 00:45:51,332 Добра ноќ. -Добра ноќ. 438 00:46:09,558 --> 00:46:10,601 Татко сум. 439 00:46:12,103 --> 00:46:13,229 Да. 440 00:46:39,922 --> 00:46:40,965 Хуан? 441 00:47:26,177 --> 00:47:27,219 Здраво. 442 00:47:33,642 --> 00:47:35,519 Тита и јас ќе се венчаме. 443 00:47:35,895 --> 00:47:41,317 Барам да ја почитувате свршувачката и да се држите настрана од неа! 444 00:47:41,400 --> 00:47:44,612 Должност ми е да ја штитам од опортунист како вас! 445 00:47:44,695 --> 00:47:47,948 Единствен сте вие што искористувате две жени во куќава! 446 00:47:48,532 --> 00:47:52,036 Не ја лекував јас пациентката со свршенички прстен! 447 00:47:52,119 --> 00:47:54,914 Педро! -И првата жена така ја измамивте? 448 00:47:55,164 --> 00:47:57,625 Смири се, Џон! Џон! 449 00:47:57,708 --> 00:47:59,043 Престанете! 450 00:47:59,126 --> 00:48:02,797 Доста! Смирете се, ве молам! Што ви е? Сте полуделе? 451 00:48:02,880 --> 00:48:06,133 Каде бевте вие кога Тита за малку ќе умреше во лудница? 452 00:48:06,217 --> 00:48:10,513 Излегував од масовна гробница откако сите мислеа дека сум мртов. 453 00:48:11,013 --> 00:48:14,266 Веднаш штом можев да одам, дојдов во Игл Пас. 454 00:48:17,436 --> 00:48:18,854 И таму беше таа... 455 00:48:20,606 --> 00:48:21,732 Среќна. 456 00:48:24,777 --> 00:48:26,278 Но, не беше сама. 457 00:48:33,244 --> 00:48:37,331 Зошто беше со него? -Чистев! -Заколни се! -Ти не си таков, Џон! 458 00:48:37,415 --> 00:48:42,420 Мислев дека ќе можам, но не толерирам како го гледаш. Затоа сакаше да дојдеш? 459 00:48:42,503 --> 00:48:46,006 Да го видиш?! Тита, тебе ти зборувам! 460 00:48:55,349 --> 00:48:57,184 Хуан, смири се, те молам. 461 00:48:57,977 --> 00:49:00,604 Како да се смирам? Мислиш дека сум будала? 462 00:49:03,315 --> 00:49:05,234 Јас не сум татко на тоа дете. 463 00:49:17,329 --> 00:49:21,167 Сакаш да кажеш дека сум останала трудна од некој друг? 464 00:49:22,293 --> 00:49:24,503 Не знам, ти кажи ми. 465 00:49:30,426 --> 00:49:32,595 Ако мислиш така, подобро да си одиме. 466 00:49:33,262 --> 00:49:34,430 Не грижи се. 467 00:50:16,597 --> 00:50:18,974 Зошто не ми кажа дека си ме побарал? 468 00:50:26,023 --> 00:50:28,359 Видов дека си среќна со Џон. 469 00:55:01,215 --> 00:55:05,677 По романите на Лаура Ескивел: „Како вода за чоколада" и „Дневникот на Тита" 470 00:55:43,507 --> 00:55:44,925 Прекрасна жена си, Тита. 471 00:55:45,425 --> 00:55:47,594 ВО СЛЕДНАТА ЕПИЗОДА... 472 00:55:48,053 --> 00:55:51,765 Не глуми дека нема ништо. Тоа што се случи беше вистинско. 473 00:55:51,849 --> 00:55:53,225 Тоа беше грешка. 474 00:55:53,350 --> 00:55:55,310 Направив нешто многу лошо. 475 00:55:55,727 --> 00:55:58,021 Те барав. -Може ли да разговараме? 476 00:55:58,105 --> 00:56:00,899 Го замолив отецот да организира венчавка. 477 00:56:00,983 --> 00:56:05,028 Ако некој смета дека оваа венчавка не би требало да се одржи, 478 00:56:05,112 --> 00:56:06,697 нека забележи овде. 479 00:56:06,780 --> 00:56:08,866 КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА 480 00:56:09,575 --> 00:56:11,577 МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС