1 00:00:05,880 --> 00:00:08,840 Како звучеше на телефон? -Нормално. 2 00:00:09,320 --> 00:00:11,080 Љубезно, дури. 3 00:00:13,080 --> 00:00:15,600 Сигурен си дека е паметно тоа? 4 00:00:16,280 --> 00:00:20,560 Не. Но веројатно е убаво да имаш баба. Мислам. 5 00:00:22,200 --> 00:00:24,560 Никогаш немав, па не знам. 6 00:00:24,680 --> 00:00:28,840 Кога затруднев, баба ми, мајката на мајка ми, 7 00:00:30,280 --> 00:00:33,280 само ме гушна, ништо не ми пререче. 8 00:00:34,520 --> 00:00:37,120 А мајка ми ми викаше два дена. 9 00:00:38,800 --> 00:00:41,200 Кул баба е чисто злато. 10 00:00:43,040 --> 00:00:45,200 Одиме? -Да. 11 00:00:49,200 --> 00:00:50,720 Број 12. 12 00:00:55,440 --> 00:00:59,520 Зборуваше ли со Павел? -Не. Не ми се јавува на повиците. 13 00:01:04,720 --> 00:01:08,320 Можеби треба... -А ти да разговараш со Адам? 14 00:01:27,160 --> 00:01:30,880 ГОРД 15 00:01:35,960 --> 00:01:38,160 Добар ден. -Добар ден. 16 00:01:40,240 --> 00:01:41,720 Филип Рачински. 17 00:01:43,160 --> 00:01:45,240 Знам. Влезете. 18 00:01:53,960 --> 00:01:57,560 Г. Рачински, фала што дојдовте. Мојот повик... 19 00:01:58,360 --> 00:02:03,480 Можеби ве изненадил. -Да. Викајте ме Филип. 20 00:02:04,320 --> 00:02:06,800 А вие, г-це? -Кики. 21 00:02:07,200 --> 00:02:10,639 Јас... Ѝ бев пријателка на Анка. 22 00:02:11,680 --> 00:02:12,960 Добар простор. 23 00:02:14,120 --> 00:02:16,960 Дојде со телохранител. Ми се плашиш? 24 00:02:17,520 --> 00:02:19,480 Треба ли? 25 00:02:25,800 --> 00:02:27,720 Внука ми. 26 00:02:28,400 --> 00:02:30,040 Многу е убава. 27 00:02:31,600 --> 00:02:34,560 Да. Заспа патем. 28 00:02:37,000 --> 00:02:39,160 Повелете. 29 00:02:39,280 --> 00:02:43,520 Не соблекувајте ги кондурите. Ова е елегантна куќа. 30 00:02:43,640 --> 00:02:45,160 Повелете. 31 00:02:55,560 --> 00:02:57,360 Ова е Филип. 32 00:02:57,920 --> 00:02:59,400 Ова е... 33 00:02:59,920 --> 00:03:01,360 Кики. 34 00:03:01,760 --> 00:03:04,920 А ова е внука ми Тоша. 35 00:03:06,640 --> 00:03:08,040 Ада. -Филип. 36 00:03:08,160 --> 00:03:10,040 Кики, здраво. -Мило ми е. 37 00:03:10,160 --> 00:03:12,280 Маж ми, Јереми. 38 00:03:12,400 --> 00:03:14,760 Јерек. Мило ми е. 39 00:03:14,880 --> 00:03:18,680 Нашиот син. Ќе се претставиш? -Како се викаш? 40 00:03:18,800 --> 00:03:20,560 Ксавери. -Здраво. 41 00:03:20,680 --> 00:03:23,040 И брат ми, Хуберт. 42 00:03:24,200 --> 00:03:26,200 Хуберт. -Кики, здраво. 43 00:03:26,600 --> 00:03:27,600 Хуберт. 44 00:03:27,760 --> 00:03:30,840 Убаво што дојдовте, мама зготви толку храна... 45 00:03:30,960 --> 00:03:33,000 Нема да се фрли. 46 00:03:33,120 --> 00:03:36,920 Слатка е. Ист Кришек. 47 00:03:38,920 --> 00:03:40,160 Да. 48 00:03:41,480 --> 00:03:44,840 Што ќе се напиете? -Хуберт! 49 00:03:44,960 --> 00:03:48,480 Тивко, ќе ја разбудиш. Одиме во работната соба. 50 00:03:50,720 --> 00:03:53,520 Чаша вода? -Ајде, има вино... 51 00:03:54,960 --> 00:03:56,440 Да ја затворам вратата? 52 00:03:56,560 --> 00:03:58,720 Возам, па подобро вода. 53 00:03:58,840 --> 00:04:02,720 Виното ќе ве опушти. -Престани. Со лимон? 54 00:04:02,840 --> 00:04:04,320 Супер. 55 00:04:04,880 --> 00:04:07,120 Вино? -Не, со Тоша сум. 56 00:04:07,240 --> 00:04:08,840 Фала. 57 00:04:12,400 --> 00:04:15,480 Тоа е сигурно Криштоф. Ќе му отвориш? 58 00:04:18,000 --> 00:04:21,480 Ѝ купив ситница на Тоша. 59 00:04:22,920 --> 00:04:27,320 Ќе проба кога ќе се разбуди, не ѝ го знам бројот. 60 00:04:28,000 --> 00:04:30,720 Сигурно ќе одговара, фала. 61 00:04:34,520 --> 00:04:36,600 Целото семејство е тука. 62 00:04:37,680 --> 00:04:40,800 Може ли да разговараме? -Разговараме. 63 00:04:42,200 --> 00:04:44,440 Подобро во кујната. 64 00:04:47,000 --> 00:04:48,560 Се извинувам. 65 00:04:53,360 --> 00:04:56,159 Криштоф, се чини, не го израдува нашата посета. 66 00:04:57,360 --> 00:05:01,240 Таков е, ретко е среќен. -Ти кажав дека ќе збесне. 67 00:05:01,360 --> 00:05:05,160 Само дрдориш. -Не почнувај... -Ајде. 68 00:05:05,280 --> 00:05:09,040 Да го прославиме роденденот на мама убаво и брзо. 69 00:05:10,440 --> 00:05:12,880 Убаво што дојдовте. 70 00:05:13,000 --> 00:05:15,880 Имаше ли метеж на патот? 71 00:05:17,680 --> 00:05:19,880 Знаете како е во Варшава. -Да. 72 00:05:19,960 --> 00:05:21,000 Криштоф! 73 00:05:27,080 --> 00:05:29,160 Сине, те молам, остани. 74 00:05:42,240 --> 00:05:46,800 Да знаевме дека ви е роденден, ќе донесевме подарок. 75 00:05:46,920 --> 00:05:51,600 Како да знаете кога не сте од семејството? 76 00:05:54,560 --> 00:05:58,159 Среќна сум што сите се собравме денеска. 77 00:05:58,280 --> 00:06:00,840 Се надевам дека почесто ќе го гледам ова. 78 00:06:00,960 --> 00:06:03,680 Зошто овој циркус? -Ајде. 79 00:06:07,080 --> 00:06:10,920 Сакам да му заблагодарам на Филип што е добар со Тоша. 80 00:06:12,520 --> 00:06:15,040 Можеби не е најдобар момент, но... 81 00:06:15,160 --> 00:06:19,720 Верувам дека треба да се соочиме со тешки ситуации, 82 00:06:19,840 --> 00:06:23,640 а не да ја ставаме главата в песок. Ксавери, не тропај. 83 00:06:25,080 --> 00:06:27,840 В песок. Затоа мислам 84 00:06:27,960 --> 00:06:31,040 дека Криштоф треба да ја посвои Тоша. 85 00:06:31,560 --> 00:06:35,080 Не кажувај ми што да правам. -Кришек. 86 00:06:38,120 --> 00:06:40,280 Кој ѓавол ѝ кажа? -Кришек... 87 00:06:40,400 --> 00:06:41,640 Смири се. 88 00:06:41,760 --> 00:06:46,120 Ксавери, земи го мојот телефон и гледај нешто во друга соба. 89 00:06:47,240 --> 00:06:49,400 На детето му треба семејство. 90 00:06:50,440 --> 00:06:52,120 Тоша има семејство. 91 00:06:56,520 --> 00:07:00,560 Бев јасен. Не го сакам тоа дете. -"Не го сакам тоа дете". 92 00:07:02,120 --> 00:07:04,600 Возрасен човек треба да биде одговорен. 93 00:07:04,720 --> 00:07:07,000 Можеби, едноставно, не сум. 94 00:07:07,120 --> 00:07:09,840 Кој е виновен за тоа? -Да погодувам? 95 00:07:10,320 --> 00:07:12,280 Јас? -Не знам. 96 00:07:13,120 --> 00:07:14,920 Но можно е. 97 00:07:15,040 --> 00:07:17,640 Брак е противотров за такви глупости. 98 00:07:17,760 --> 00:07:20,480 Луѓето се венчаваат и добиваат деца. 99 00:07:20,600 --> 00:07:24,320 Не како сега. Отворени врски, самохрани мајки, самоубиства. 100 00:07:24,440 --> 00:07:29,480 Во твојата глава се е поврзано. Сиромаштијата води до самоубиство. 101 00:07:29,920 --> 00:07:34,120 Или глобалното затоплување? -Се е само забава, нели? 102 00:07:34,240 --> 00:07:37,520 Прави што сакаш. -Можеби да престанеш да пиеш. 103 00:07:37,640 --> 00:07:40,080 Се грижиш за мене? -Да! 104 00:07:40,200 --> 00:07:43,120 Одамна не сум те видел трезна. 105 00:07:43,240 --> 00:07:44,560 Во ред. 106 00:07:46,520 --> 00:07:48,560 Среќен? -Супер, мамо. 107 00:07:49,840 --> 00:07:51,920 Одлично, како секогаш. Фала. 108 00:07:54,360 --> 00:07:56,240 Нема да остане дамка. 109 00:07:57,560 --> 00:08:00,120 Не би требала да имаш ни куче. 110 00:08:01,120 --> 00:08:03,080 Камоли деца. 111 00:08:08,040 --> 00:08:10,040 Стави ми. 112 00:08:11,960 --> 00:08:15,360 Дали ти фалеше нешто? -Да. 113 00:08:16,120 --> 00:08:17,160 Ти. 114 00:08:18,240 --> 00:08:21,600 Бев дете со клуч околу вратот. Секогаш беше на работа, 115 00:08:21,720 --> 00:08:26,040 а потоа беше бесна зашто мораше да не гледаш нас. Или куќата. 116 00:08:26,600 --> 00:08:29,200 Не си фер. -Не сум? 117 00:08:30,360 --> 00:08:32,559 Знаеше дека Ада се сечеше? 118 00:08:33,840 --> 00:08:36,039 Знаеше? Или не? 119 00:08:36,880 --> 00:08:38,720 Добро, Кики... 120 00:08:38,840 --> 00:08:41,840 Одиме. -Зошто? Седете. 121 00:08:42,360 --> 00:08:45,720 Зборуваме за семејни работи, како семејство. 122 00:08:47,000 --> 00:08:48,360 Седни. 123 00:08:50,560 --> 00:08:53,560 Не беше единственото дете со такви родители. 124 00:08:54,640 --> 00:08:57,160 Секое семејство има свои проблеми! 125 00:08:58,480 --> 00:09:01,320 Не сме дисфункционални... -Сме. 126 00:09:01,440 --> 00:09:04,480 Да ги кажуваме нештата по име. Дисфункционални сме! 127 00:09:05,160 --> 00:09:09,200 Мојот најубав спомен од детството е со дадилката од соседството. 128 00:09:09,560 --> 00:09:12,720 Најдобрите спомени од детството ми се со странец! 129 00:09:12,840 --> 00:09:14,120 Доста! 130 00:09:16,520 --> 00:09:18,880 Се сеќаваш како ни удираше шамари? 131 00:09:19,000 --> 00:09:21,160 Како беше? 132 00:09:21,560 --> 00:09:26,000 Кој ѓавол бара, стап добива. -Аман, престани! 133 00:09:28,040 --> 00:09:30,480 Ада, престани да плачеш. 134 00:09:30,880 --> 00:09:32,880 Не бевме среќни, мамо. 135 00:09:36,560 --> 00:09:39,960 Кришек... Глупав ли си? 136 00:09:40,080 --> 00:09:43,680 Кој денес е среќен? Дали некој тука е среќен? 137 00:09:45,240 --> 00:09:49,360 Тоа се вика живот. -Тоа не е живот. Не треба да биде. 138 00:09:49,480 --> 00:09:52,240 А брак не е волшебен лек. 139 00:09:52,360 --> 00:09:55,320 Е! Тоа е одговорност! 140 00:09:55,440 --> 00:09:57,960 Се жениш и имаш деца. 141 00:09:58,080 --> 00:10:00,960 Се запраша ли дали ќе бидеш добра мајка? 142 00:10:01,160 --> 00:10:03,920 Или дали сакаш да имаш деца? 143 00:10:04,960 --> 00:10:08,640 Не го сакаш ни внук ти! А јас сум ист како тебе, 144 00:10:08,760 --> 00:10:11,000 зашто никогаш во животот никого не сакав! 145 00:10:18,720 --> 00:10:24,440 Ги потрошив најубавите години на вас. Татко ти и јас... 146 00:10:24,560 --> 00:10:28,840 Уфрли го и тато во таа убава слика на совршено семејство! 147 00:10:29,200 --> 00:10:30,840 Таткото! 148 00:10:32,240 --> 00:10:34,000 Секогаш се каравте. 149 00:10:34,120 --> 00:10:37,040 Сите парови се караат, едноставно е така. 150 00:10:37,160 --> 00:10:39,680 А "тивок молк"? 151 00:10:40,880 --> 00:10:44,600 Кога се лутеше? И не сакаше да купуваш намирници? 152 00:10:44,720 --> 00:10:48,520 Немаше ништо за јадење и морав да барам пари од тато 153 00:10:48,640 --> 00:10:51,240 за да купам ебена храна за дома? 154 00:10:51,760 --> 00:10:55,440 Кога ќе се вратев, се плашевме дека пак ќе се карате 155 00:10:55,560 --> 00:10:58,480 и пак нема да ни зборувате две недели! 156 00:10:58,600 --> 00:11:02,880 Не игнориравте! -Не беше совршен, но се грижеше за вас! 157 00:11:03,000 --> 00:11:06,800 Се грижел? На негов мрднат начин! 158 00:11:06,920 --> 00:11:09,720 Игнорирајќи ја Ада а него го третираше како дебил 159 00:11:09,840 --> 00:11:12,520 зашто не добивал само петки. 160 00:11:12,920 --> 00:11:14,080 Рај на земјата! 161 00:11:14,200 --> 00:11:17,720 Сакаше да бидете одговорни возрасни! 162 00:11:17,840 --> 00:11:19,440 Одговорни? 163 00:11:19,560 --> 00:11:23,160 Толку мало дете? Бев толкав! 164 00:11:23,280 --> 00:11:26,040 Одговорен за вас двајца за да се сакате, 165 00:11:26,160 --> 00:11:27,760 а не да се расправате! 166 00:11:27,880 --> 00:11:31,520 Да зборувате меѓусебно како луѓе! 167 00:11:45,560 --> 00:11:47,440 Драг мој Филип, 168 00:11:47,560 --> 00:11:51,800 никој не очекува од тебе да носиш таква одговорност 169 00:11:51,920 --> 00:11:54,680 и затоа Криштоф ќе се грижи за ќерка си. 170 00:11:54,800 --> 00:11:58,320 Остави го виното. -Само сум загрижена за Тоша. 171 00:11:58,440 --> 00:12:01,760 Млад си, животот е пред тебе. 172 00:12:01,880 --> 00:12:04,080 Престани. -Не зборувам со тебе. 173 00:12:04,200 --> 00:12:05,800 На детето му е потребна љубов. 174 00:12:08,680 --> 00:12:12,360 За разлика од нас, тој ја сака. -Но тој е педер. 175 00:12:17,960 --> 00:12:20,080 Те жалам, мамо. 176 00:12:45,080 --> 00:12:47,800 Но месото беше добро, нели? 177 00:12:55,760 --> 00:12:57,960 Можеби е чудно, но... 178 00:12:58,920 --> 00:13:02,400 Жал ми е за Олга. -Мене не. 179 00:13:04,520 --> 00:13:07,000 Не требаше да одиме таму. 180 00:13:17,600 --> 00:13:19,720 Сакаш малку в рака? 181 00:13:20,400 --> 00:13:21,880 Не јади го тоа! 182 00:14:11,080 --> 00:14:13,360 Ги заборави подароците на Тоша. 183 00:14:17,200 --> 00:14:19,880 Нашата прва средба добро помина. 184 00:14:20,000 --> 00:14:21,880 Сакате да кажете дека ќе ги има уште? 185 00:14:24,320 --> 00:14:27,880 Сега сме семејство. -Семејство е само за на слики. 186 00:14:28,000 --> 00:14:32,440 Најдобро е кога си во средина или ќе те исечат. Може да влезам? 187 00:14:34,240 --> 00:14:35,680 Повелете. 188 00:14:48,320 --> 00:14:50,200 Еј, малечка! 189 00:14:51,880 --> 00:14:53,840 Здраво! -Ќе се напиете нешто? 190 00:14:53,960 --> 00:14:55,560 Да. -Што? 191 00:14:56,600 --> 00:14:58,640 Може вода. 192 00:14:58,840 --> 00:15:00,920 Оф! 193 00:15:01,040 --> 00:15:03,840 Што имаш тука? 194 00:15:04,840 --> 00:15:07,080 Тоша, гледај. 195 00:15:07,680 --> 00:15:11,480 Гледај што ти донесе баба. 196 00:15:12,320 --> 00:15:15,680 Гледај колку убав фустан. 197 00:15:16,400 --> 00:15:18,320 За принцеза. 198 00:15:18,440 --> 00:15:21,520 Минерална, од фрижидер. -Не е важно. 199 00:15:22,320 --> 00:15:25,840 Ќе го пробаш? Дојди... 200 00:15:26,000 --> 00:15:28,840 Со лимон? -Да, молам. 201 00:15:29,240 --> 00:15:34,320 Ќе го пробаш фустанчето од баба? 202 00:15:34,440 --> 00:15:38,960 Време е да оди на спиење. 203 00:15:39,880 --> 00:15:43,000 После ќе биде принцеза, сега треба да спие. 204 00:15:46,320 --> 00:15:49,840 Не можеме да направиме исклучок за баба? 205 00:15:49,960 --> 00:15:53,120 Кога се работи за спиење, нема исклучоци. 206 00:15:55,440 --> 00:15:56,720 Разбирам. 207 00:16:03,680 --> 00:16:06,000 Чао, малечка. До гледање. 208 00:16:09,960 --> 00:16:11,760 Што беше ова? 209 00:16:12,440 --> 00:16:15,840 Не поканивте дома, доаѓате тука, се нарекувате баба... 210 00:16:16,320 --> 00:16:19,760 Баба сум ѝ. -Не доаѓајте веќе. 211 00:16:22,040 --> 00:16:24,600 Поднесов барање да ја посвојам Тоша. 212 00:16:25,560 --> 00:16:27,680 Се надевам дека ме разбираш. 213 00:17:15,240 --> 00:17:16,800 Знаеше ли? 214 00:17:18,319 --> 00:17:19,480 Што? 215 00:17:19,599 --> 00:17:23,040 Мајка ти дојде кај мене и рече дека ќе ја посвои Тоша. 216 00:17:25,480 --> 00:17:27,440 Ќе кажеш нешто? -Влези. 217 00:17:27,880 --> 00:17:29,280 Знаеше ли? 218 00:17:30,960 --> 00:17:33,440 Не. -Не може така. 219 00:17:34,680 --> 00:17:39,120 Сфаќам... -Глупост. Зборувај со неа, забрани ѝ. 220 00:17:42,040 --> 00:17:43,920 Срање! 221 00:18:15,240 --> 00:18:18,560 Најблизок род си ѝ, цврсто сте врзани. 222 00:18:18,680 --> 00:18:22,240 На Тоша си ѝ како татко. Тоа ќе биде нашиот аргумент. 223 00:18:22,360 --> 00:18:25,640 Ако успееме да добиеме старателство, 224 00:18:25,760 --> 00:18:29,120 ќе имаме шанси за посвојување и родителско право. 225 00:18:29,240 --> 00:18:32,560 Вчера ја видов мајка му на Криштоф. Баба ѝ на Тоша. 226 00:18:33,760 --> 00:18:37,400 Зошто? -Сакаше да ја види внуката. 227 00:18:37,520 --> 00:18:42,320 Можеа да земат ДНК на Тоша. Ќе барав тест на татковство. 228 00:18:42,600 --> 00:18:46,200 Тој ѝ е биолошки татко. -Не знаеш за сигурно. 229 00:18:46,720 --> 00:18:49,880 Освен тоа, ќе добиеме на време. 230 00:18:50,480 --> 00:18:53,880 Колку подолго е Тоша со тебе, вашиот однос ќе стане подлабок. 231 00:18:53,960 --> 00:18:57,360 Се докажуваш како старател и потешко ќе ти ја земат. 232 00:18:57,480 --> 00:18:59,720 Не зедоа примерок. 233 00:19:00,440 --> 00:19:03,760 Судовите рутински пресудуваат во полза на биолошките родители. 234 00:19:03,880 --> 00:19:06,600 Никогаш не се обидел да стапи во контакт со неа. 235 00:19:06,720 --> 00:19:11,160 Ќе кажам дека Анка го држеше подалеку зашто таа сакаше бебе. 236 00:19:11,280 --> 00:19:15,640 А тој страдал зашто ја сакал ќерката. Тоа се само зборови. 237 00:19:15,760 --> 00:19:17,400 Но добро... 238 00:19:17,520 --> 00:19:22,400 Не е страшно, само следниот пат извести ме, добро? 239 00:19:25,160 --> 00:19:29,680 Дојде кај мене синоќа. Поднесува барање за посвојување. 240 00:19:33,920 --> 00:19:36,040 Тогаш го наебавме. 241 00:20:17,960 --> 00:20:21,640 Извини, морав да ја разбистрам главата. -Во ред е. 242 00:20:24,640 --> 00:20:28,000 Како е Тоша? -Добро, спие. 243 00:20:29,320 --> 00:20:33,320 Не ти се заблагодарив за она што го кажа на автобуската. 244 00:20:33,440 --> 00:20:36,240 Дека на Тоша ѝ треба татко, а не пијан вујко. 245 00:20:36,600 --> 00:20:38,560 Секогаш на услуга. 246 00:20:41,320 --> 00:20:43,600 Што кажа Тереза? 247 00:20:44,880 --> 00:20:48,040 Дека ќе ја уништиме вештерката во судот. 248 00:21:08,160 --> 00:21:10,760 Те сакам. Одиме. 249 00:21:11,960 --> 00:21:14,440 Па? Подготвени? 250 00:21:14,920 --> 00:21:17,640 Толку сум нервозен што ќе повратам. -Земи ја. 251 00:21:21,320 --> 00:21:24,160 Филип, морам да ти кажам нешто. 252 00:21:25,680 --> 00:21:27,600 Знам. -Не, чекај... 253 00:21:33,600 --> 00:21:35,800 Адам чека. 254 00:21:39,000 --> 00:21:41,480 Мило ми е. -Бидејќи... 255 00:21:42,240 --> 00:21:45,240 Адам не чека? Може да ја земам количката? 256 00:21:52,560 --> 00:21:55,760 Со среќа. -Фала. 257 00:21:56,920 --> 00:21:59,000 Дојди. -Зошто? 258 00:21:59,120 --> 00:22:00,360 Послушај, аман! 259 00:22:05,320 --> 00:22:08,920 Како комшија беше ужас. 260 00:22:18,680 --> 00:22:21,920 Почувствував нешто тврдо? -Боже... Тоа ми е мобилниот. 261 00:22:22,040 --> 00:22:25,000 Се надевам. -Луда си. 262 00:22:25,920 --> 00:22:27,880 Го изгуби облогот. 263 00:22:28,760 --> 00:22:31,640 Бев трезна? -Ми должиш стотка. 264 00:22:31,760 --> 00:22:34,000 Бев ли трезна? -Не. 265 00:22:34,760 --> 00:22:37,680 Искористуваш жена под влијание? 266 00:22:44,320 --> 00:22:46,280 За каква кладба се работи? 267 00:22:48,040 --> 00:22:51,480 На бдеењето. Дека Филип ќе се откаже. 268 00:22:53,600 --> 00:22:57,160 И со најголем степен на доверба во тестовите, 269 00:22:57,280 --> 00:23:00,520 мислењето ќе се темели на разговорот. 270 00:23:00,640 --> 00:23:02,800 Тестовите можат различно да се толкуваат. 271 00:23:02,920 --> 00:23:06,760 Тестот според разговорот е најмеродавен. 272 00:23:07,920 --> 00:23:11,680 Г. Филип има високо ниво на емпатија, 273 00:23:11,800 --> 00:23:17,480 искрен е, отворен, свесен за предизвиците и одговорноста. 274 00:23:17,600 --> 00:23:21,480 Детето е безбедно со него и нејзините потреби се задоволени. 275 00:23:22,360 --> 00:23:25,840 По деталната обиколка и прегледот на просториите, 276 00:23:25,960 --> 00:23:30,040 заклучив дека станот е чист и уреден, 277 00:23:30,160 --> 00:23:33,840 а детето има своја соба соодветна за нејзина возраст. 278 00:23:34,480 --> 00:23:39,240 Со оглед на возраста на г. Филип и немање искуство и брак, 279 00:23:39,360 --> 00:23:41,560 покрај позитивното мислење, 280 00:23:41,680 --> 00:23:45,240 сметам дека детето треба да се даде кај вдомувачи. 281 00:23:48,440 --> 00:23:49,920 Чесен судија. 282 00:23:51,720 --> 00:23:54,880 Вдомувачките домови се често 283 00:23:55,160 --> 00:23:58,400 подарок од небо за напуштени и несакани деца. 284 00:23:58,520 --> 00:24:02,200 Но како и да ги викаме, тоа се сиропиталишта. 285 00:24:03,040 --> 00:24:06,040 Што е поважно? Искрена љубов и врска 286 00:24:06,160 --> 00:24:08,920 или празно клише за куќите на вдомувачи 287 00:24:09,040 --> 00:24:12,320 кои ги нарекуваме "домови" за да ја смириме совеста, 288 00:24:12,440 --> 00:24:15,440 бидејќи никогаш не би ги дале таму своите деца? 289 00:24:15,760 --> 00:24:18,120 Може ли некој кој немаше никаква контрола, 290 00:24:19,040 --> 00:24:21,320 кој сакаше да пие и да се забавува, 291 00:24:21,440 --> 00:24:25,120 преку ноќ да стане пример на мало дете? 292 00:24:25,240 --> 00:24:28,680 Мислиме ли дека таков човек може да биде добар старател? 293 00:24:28,800 --> 00:24:31,680 Може ли некој кој сака алкохол и кој знае што уште, 294 00:24:31,800 --> 00:24:34,480 да се грижи за ранливо суштество? 295 00:24:34,760 --> 00:24:38,200 Да ѝ пружи сигурност, збир на вредности? 296 00:24:38,520 --> 00:24:42,840 Чесен судија, овој опис важи за многу семејства во земјава. 297 00:24:42,960 --> 00:24:47,280 Пиво после работа, вино за вечера, без интерес за детето, 298 00:24:47,400 --> 00:24:51,040 поминувајќи време гледајќи во телефон или ТВ? 299 00:24:51,160 --> 00:24:53,280 Основното семејство не е совршено! 300 00:24:53,400 --> 00:24:57,480 Барем тука не треба да дозволиме да надвладеат стереотипи. 301 00:24:57,600 --> 00:25:00,280 Да се погледнеме во огледало и да се запрашаме: 302 00:25:00,400 --> 00:25:04,120 дали и самите ги занемаруваме сопствените деца? 303 00:25:04,600 --> 00:25:07,120 Тој е геј. -Чесен судија. 304 00:25:07,240 --> 00:25:09,120 Адвокату, 305 00:25:09,520 --> 00:25:11,600 ве молам подучете го својот клиент 306 00:25:12,120 --> 00:25:16,560 за правилата во судот. -Секако, се извинувам. 307 00:25:16,680 --> 00:25:19,520 Дали сте хомосексуалец? -Тоа го кажав. 308 00:25:19,640 --> 00:25:23,320 Тоа не е предмет на овој случај. Адвокату! 309 00:25:23,440 --> 00:25:26,200 Можете ли да го контролирате својот клиент? 310 00:25:26,600 --> 00:25:29,080 Ќе се обидам. -Фала. 311 00:25:29,200 --> 00:25:33,320 Подобро ви е. Моето трпение е огромно, 312 00:25:33,440 --> 00:25:35,520 но има граници. Ве молам. 313 00:25:35,640 --> 00:25:39,800 Клиентот е само загрижен за иднината на саканата внука. 314 00:25:39,920 --> 00:25:45,440 Откако ја изгуби сестрата, Филип храбро се трудеше да биде татко, 315 00:25:45,560 --> 00:25:49,400 но сите знаеме дека младоста си го бара своето. 316 00:25:49,800 --> 00:25:52,880 Нели староста треба да одмора? -Адвокату. 317 00:25:54,120 --> 00:25:58,200 Самохран татко не е целосен дом. -Но дом е полн со љубов. 318 00:25:58,680 --> 00:26:02,680 Олга, мајката на таткото на Тоша, подготвена е да создаде 319 00:26:02,800 --> 00:26:07,120 стабилен, сигурен, богат дом полн со љубов за својата внука. 320 00:26:07,240 --> 00:26:11,800 Ќе се сложите дека љубовта не се мери со богатство? 321 00:26:11,960 --> 00:26:15,160 Тоа е демагогија. -Се согласувам. 322 00:26:15,280 --> 00:26:16,720 Извинете. 323 00:26:17,360 --> 00:26:19,080 Може ли да кажам нешто? 324 00:26:20,520 --> 00:26:22,240 Која сте вие? 325 00:26:24,240 --> 00:26:26,600 Јас... Бев... 326 00:26:28,040 --> 00:26:30,040 Најдобра пријателка на Анка. 327 00:26:30,520 --> 00:26:32,280 Сестрата на Филип. 328 00:26:33,400 --> 00:26:36,560 Го познавам Филип откако дојдоа во Варшава. 329 00:26:37,000 --> 00:26:39,320 Но не се работи за тоа. 330 00:26:40,600 --> 00:26:42,680 Сакав да кажам... 331 00:26:42,920 --> 00:26:45,400 Останав трудна на 16 г. 332 00:26:47,720 --> 00:26:51,600 Никому не му беше гајле дали ќе му пружам на детето се 333 00:26:51,720 --> 00:26:54,000 или дали ќе бидам добра мајка. 334 00:26:55,040 --> 00:26:56,600 Не беше лесно. 335 00:26:58,600 --> 00:27:01,840 Но успеав. И едно нешто знам. 336 00:27:03,840 --> 00:27:05,960 Се се сведува на љубов. 337 00:27:07,680 --> 00:27:09,280 Едноставно е. 338 00:27:09,800 --> 00:27:12,680 Љубовта е најважна. -Не е релевантно. 339 00:27:12,800 --> 00:27:16,760 Е! Сите зборувате за доброто на детето, 340 00:27:16,880 --> 00:27:19,680 а не гледате дека тој би сторил се за неа? 341 00:27:19,880 --> 00:27:22,760 Ѝ беше татко од првиот ден. 342 00:27:22,880 --> 00:27:25,960 Во кое точно својство сведочи госпоѓата? 343 00:27:35,680 --> 00:27:37,280 Може ли да продолжам? 344 00:27:39,000 --> 00:27:43,040 Како што реков, баба ѝ на Тоша ќе ѝ пружи стабилен дом. 345 00:27:43,320 --> 00:27:47,000 Нејзината стабилна семејна и материјална ситуација 346 00:27:47,120 --> 00:27:51,040 ќе овозможи сигурен простор за развојот на Тоша. 347 00:27:54,000 --> 00:27:56,840 Имате ли проблеми со алкохолот? -Што? 348 00:27:56,960 --> 00:28:00,840 Прашав дали има проблеми со алкохолот. 349 00:28:00,960 --> 00:28:02,400 Не е релевантно. 350 00:28:03,000 --> 00:28:06,040 Интересно. Сепак... -Адвокату. 351 00:28:06,880 --> 00:28:09,040 Поминете на главното. -Секако. 352 00:28:09,160 --> 00:28:13,440 Сликата што ја прикажа адвокатот е далеку од реалноста. 353 00:28:13,560 --> 00:28:18,560 Имам новински напис: "Пијана мајка изгуби син на плажа." 354 00:28:18,680 --> 00:28:23,160 Зар ќе веруваме на таблоиди? -Син ѝ е тука. 355 00:28:23,480 --> 00:28:26,200 Го оставила на плажа кога имал 5 г. 356 00:28:26,520 --> 00:28:29,360 Бидејќи бевте мајка алкохоличар, нели? 357 00:28:51,680 --> 00:28:54,280 Па? -Ќе видиме што ќе каже психологот 358 00:28:54,400 --> 00:28:57,120 по разговорот со Кришек и мајка му. 359 00:28:57,240 --> 00:28:59,280 Да останеме оптимисти. 360 00:29:50,320 --> 00:29:51,760 Јас... 361 00:29:52,040 --> 00:29:54,760 Запишав се... 362 00:30:09,840 --> 00:30:12,480 Точно, децата комплицираат. -Слушај... 363 00:30:12,600 --> 00:30:14,800 Не, чекај. 364 00:30:15,440 --> 00:30:16,680 Извини. 365 00:30:18,600 --> 00:30:20,200 Слушај ме. 366 00:30:20,320 --> 00:30:21,600 Јас... 367 00:30:23,240 --> 00:30:25,000 Се работи за... 368 00:30:28,240 --> 00:30:30,560 Те сакам. 369 00:30:31,200 --> 00:30:32,960 Сакам да го знаеш тоа. 370 00:30:33,080 --> 00:30:37,240 И дека луѓето можат да бидат заедно со деца, да се среќни. 371 00:30:40,720 --> 00:30:43,800 Сфаќам, Тоша не е твоја... 372 00:30:45,680 --> 00:30:48,520 Немам искуство со врски, 373 00:30:49,400 --> 00:30:52,000 но мислам дека ако постои нешто големо... 374 00:30:53,640 --> 00:30:56,840 Ако нешто силно се случува меѓу луѓе... 375 00:30:57,840 --> 00:30:59,800 Нешто скапоцено, љубов... 376 00:30:59,920 --> 00:31:03,920 Ако има љубов, тогаш вреди да се бориш. Така мислам. 377 00:31:10,360 --> 00:31:11,720 Добро. 378 00:31:16,560 --> 00:31:18,000 Филип. 379 00:31:19,480 --> 00:31:21,800 Носиш моја маица? 380 00:31:21,920 --> 00:31:24,200 Зашто мириса на тебе. 381 00:31:27,400 --> 00:31:29,400 Ќе бидам слободен во 23 ч. 382 00:31:32,080 --> 00:31:33,760 Може ли да наминам? 383 00:31:35,160 --> 00:31:37,000 Можеби ќе спијам. 384 00:31:37,920 --> 00:31:40,000 Можеби ќе биде доцна. 385 00:31:51,800 --> 00:31:54,280 Ништо не сфаќаш, нели? 386 00:31:54,840 --> 00:31:57,040 Ништо не те нервира. 387 00:31:59,000 --> 00:32:01,280 Мое безгрижно шатче. 388 00:32:03,520 --> 00:32:05,280 Така е. 389 00:32:06,640 --> 00:32:09,040 Со тебе разговарам. 390 00:32:20,920 --> 00:32:22,960 Ти се допаѓа јајце? 391 00:32:25,760 --> 00:32:27,040 Во ред е. 392 00:32:43,680 --> 00:32:46,640 Минута подоцна, мајка ти скрши рака. 393 00:32:47,760 --> 00:32:51,600 Алкохол и качување на дрва никогаш не се паметна идеја. 394 00:32:55,080 --> 00:32:57,480 Гледај, ние тројца. 395 00:33:01,280 --> 00:33:02,960 Добро ни оди. 396 00:33:04,320 --> 00:33:08,160 Алиштата не се стоени, фрламе ѓубре. 397 00:33:08,720 --> 00:33:10,040 Нели? 398 00:33:12,360 --> 00:33:14,280 Тоша не е гладна. 399 00:33:15,160 --> 00:33:16,920 Јаде зеленчук. 400 00:33:22,400 --> 00:33:24,640 Се трудиме колку можеме. 401 00:33:27,520 --> 00:33:29,200 Тука. 402 00:34:30,360 --> 00:34:32,080 Влезете, молам. 403 00:34:45,600 --> 00:34:47,840 Ќе дознаеме наскоро. 404 00:35:26,560 --> 00:35:29,200 МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС